Ијасент Риго

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ијасент Риго, Автопортрет (1698). Ригоов музеј, Перпињан
Портрет на Луј XIV од Ијасент Риго, 1701

Ијасент Риго (фр. Hyacinthe Rigaud или Hiacint Riagau) (20 јули 165927 декември 1743, Париз) бил француски барокен сликар од каталонско потекло.

Роден е како Жасинт Риго и Рос [1] во Перпињан, кој набргу по неговото раѓање потпаднал под француска власт со Пиринејскиот мировен договор.

Во 1682 Риго ја освоил Римската награда за сликарство.

Риго бил најважниот сликар на портрети за време на владеењето на кралот Луј XIV. Неговиот инстинкт за импресивни пози и величенствени претставувања точно се совпаѓал со вкусовите на неговите клиенти - кралски семејства, амбасадори, свештеници, дворјани и финансиери.

Во неговите слики со голема прецизност ги доловувал ликовите, облеката и позадинските детали, па затоа неговите слики се сметаат за точни сведоштва за тогашната мода и стил на облекување. Риго бил мајстор на барокниот стил. Неговото најпознато дело е портретот на кралот Луј XIV (1701) кој денес е сместен во Лувр, Париз, како и втор примерок од истиот портрет, исто така порачан од кралот, кој денес краси еден од ѕидовите во Версај.[2]

Во 1709 тој бил прогласен за благородник од страна на неговиот роден град Перпињан. Во 1727 бил прогласен за витез со орден на Редот на Свети Михаил.

Наводи[уреди]