Хинденбургова катастрофа
Од Википедија, слободната енциклопедија
Хинденбурговата катастрофа е експлозија на цепелинот Хинденбург, најголемиот крут авион што воопшто бил конструиран. Во пловидба бил пуштен во 1936 година во Германија, одбележувајќи го почетокот на првите комерцијални летови преку Северниот Атлантик; имал 10 успешни рути. На 6 мај 1937 година, додека се спуштал во Лејк-хурст, Њујорк, САД, се запалил водородниот гас, уништувајќи го авионот и убивајќи 36 од вкупно 97 патници. Од катастрофата има филмска снимка и фонографски дискови. Поради инцидентот престана употребата на крути авиони за комерцијален транспорт.[1]
Наводи [уреди]
- ↑ Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2006, Книга 10, стр. 121.