Косовски Албанци
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Косовските Албанци се најголемата етничка група во Косово и според уставот на Србија една од етничките групи во Србија. Според српското гледиште тие се дел од Српските Албанци, а според косовското гледиште тие се мнозинска етничкта група во независна Република Косово. Според југословенскиот попис од 1991 година, бојкотиран од Албанците, на Косово имало 1,596,072 етнички Албанци или 81.6% од населението. По пресметките во 2000, на Косово имало меѓу 1,584,000 и 1,733,000 Албанци или 89% од населението, но денеска нивната процентуална застапеност е над 92%. Албанците на Косово зборуваат гегскиот албански, или поспецифично северната и североисточната варијанта.
Формирана е голема Косовска дијаспора од почетокот на Косовската војна, главно во Германија и Швајцарија. Вкупно 500,000 Косовски Албанци живеат во Швајцарија и Германија (околу 300,000 во Германија и 200,000 во Швајцарија), што е една петтина од вкупниот број на Косовски Албанци. Според пописот од 1991, Албанците биле мнозинство во 23 од денешните 29 општини на Косово (во останатите 6, мнозинството беа Срби или Горанци).