Жак-Луј Давид

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
'Жак-Луј Давид'
David Self Portrait.jpg
Автопортретот на Жак-Луј Давид (1794), Лувр, Париз
Родено име Жак-Луј Давид
Роден 30 август 1748
Париз, Франција
Умрел 29 декември 1825
Брисел, Белгија
Националност Французин
Поле сликарство, цртање
Движење неокласицизам
Познати дела Заклетвата на Хорациите (1784), Смртта на Мара (1793)
Награди Римска награда

Жак-Луј Давид (фр. Jacques-Louis David) (30 август 1748-29 декември 1825) бил француски сликар којшто бил претставник на неокласицизмот. Тој бил активен за време на Француската револуција и бил голем пријател со Максимилијан Робеспјер. Тој имал главна улога во сликањето на сликите во Франција во тој период. По убиството на Робеспјер,Жак-Луј Давид се уште бил активен како преијател на Наполеон Бонапарт.Познато е за него дека за времето на Наполеон и неговото прогласување за крал,тој ги развил т.н.„Венецијански бои“. Жак-Луј Давид имал големо влијание во сликарството на Франција и во првата половина на XIX век,се до неговата смрт во 1825 година.

Содржина

[уреди] Рани години

Жак-Луј Давид е роден во Париз.Неговото семејство било во подем и пред него се појавила голема перспектива.Кога неговиот татко загинал во двобој,Жак имал само 9 години,а неговата мајка го земала и отичла да живее кај неговите чичковци коишто биле видни архитекти. Го испратиле во престижно учолиште,но тој никогаш не бил добар ученик.Впрочем,тој уште од мал се заинтересирал за цртање и сите негови тетратки и бележници биле чкртани и обоени.Наскоро,тој посакал да стане сликар.На тоа не биле задоволни неговата мајка и чичковците коишто сакале тој да биде архитект.Сепак бил испратен и најпрвин негов учител бил Франсоа Бушер којшто во тоа време бил во врвот на ликовната уметност,а бил и подалечен роднина на семејството Давид.Франсоа Бушер го открил талентот на младото дете и го испратил кај својот пријател Жозеф-Мари Виен.

Уште како млад Жак-Луј Давид конкурирал за ликовната награда во француската академија во Рим од 1770 до 1774 и по неколку неуспешни обиди ја добил во 1774 година.По Рим,тој бил под Виенско влијание и заминал во Виена.Веќе наредната 1775,тој се вратил во Рим каде што бил повикан од директорот на француската академија.Во Италија а тој ги видел речиси сите ремек-дела на најпознатите италијански сликари и бил импресиониран од нив,а особено се воодушевувал од делата на Рафаело.Во 1779 година тој ги видел урнатините од Помпеја што му дало дополнителни импресии.Во овој период тој големо значење му дал на класицистичкиот стил што подоцна ќе влијае многу на неговите насликани дела.

Во Италија Жак-Луј Давид останал до 1780 година кога ја наликал сликата Велизариј.

[уреди] Понатамошниот живо и неговите дела

Во 1783 година е избран за доживотен член во француската академија.Во периодопт на 80-тите години на XVIII век тој активно работел и е творец на првите негови поголеми дела во духот на новиот правец сличен на класицизмот (неокласицизам).Во овој период тој ги насликал сликите Заклетвата на Хорациите (1784),Смртта на Сократ (1787) и Љубовта на Парис и Елена (1788).

За време на Големата француска револуција Жак-Луј Давид бил мошне активен.Тој бил во движењето против кралот и се залагал за воспоставување на република.Во 1792 бил избран за член на Конвентот,а бил близок пријател со Жан Пол Мара и Максимилијан Робеспјер.По смртта на Жан Пол Мара,Давид ја насликал сликата Смртта на Мара (1793).

По смртта на Робеспјер во 1794 година тој не се повлекол од државните работи и го подржал доаѓањето на власт на Наполеон Бонапарт.Во чест на Наполеон и неговото пренминување на Алпите кај Сен-Бернар,Жак-Луј Давид ја насликал својата најпозната слика Наполеон на преминот Сен-Бернар (1801).

Кога на 2 декември 1804 Наполеон Бонапарт се крунисал за крал,Жак-Луј Давид планирал и го насликал крунисувањето .Па,така неговата слика Крунисувањето на Наполеон била готова во 1806 година.

За Наполеон Бонапарт значајно е и неговото дело Наполеон во својот кабинет од 1812.

[уреди] Портретите на Жак-Луј Давид

Жак-Луј Давид сликал и портрети.Неговата желба за сликање портрети не исчезнувала и покрај неговите политички работи и останатите ремек-дела.

Во 1790 тој го насликал портретот на Ана-Мари Луиз Телусон,Комтесе де Сорси.Во 1794 година тој насликал и автопортрет.Во 1800 тој го нласликал можеби својот најдобар портрет,портретот на мадам Рекамер.Пет години подоцна,тој се заинтересирал да црта портрети и на влијателните личности,па во 1805 го нацртал портретот на папата Пиј VII.По овој портрет во 1813 година тој нацртал и портрет на Маргарита-Шарлота Давид,а во 1816 и на Етјен-Морис Жерард.

Денес сликите на Жак-Луј Давид се наоѓаат во најголемите светски музеи и претставуваат творби на развојот на сликарскиот неокласицизам.

[уреди] Прогонство и смрт

По доаѓањето на власт на бурбонбците и враќањето на монархијата на чело со кралот ЛујXVIII,кралот барал надарен сликар којшто ќе работи на неговиот двор.Откако дознал за оваа вест Жак-Луј Давид избегал во Брисел каде што живеел до крајот на животот. Таму тој живеел со својата жена и се дружел со француските емигранти коишто се исселиле по државните промени во Франција.

Таму во 1822 година,тој го започнал своето последно дело Марс разоружан од Венера и трите грации коешто го завршил една година пред смртта.Во декември 1823,Жак-Луј Давид запишал:„Ова е последната слика којашто сакам да ја насликам,но во неа сакам да се изненадам.На неа ќе ја ставам датата на мојот 75-ти роденде и повеќе нема да ставам четка во рака. Сликата премиерно била прикажана во Брисел,а потоа била однесена и во Париз,а ја виделе околу 13.000 Французи.

Жак Луј-Давид умрел на 29 декември 1825 година во Брисел.

[уреди] Галерија