Максимилијан Робеспјер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Максимилијан Франсоа Мари Исидор ед Робеспјер
Robespierre.jpg
Робеспјер 1790 година

Во служба
27 Јули1793 – 27 Јули 1794
Гласачка единица Париз

Во служба
4 јуни 1794 – 17 јуни 1794
Во служба
22 август 1793 – 5 септември 1793

Член на државната конвенција
Во служба
20 септември 1792 – 27 јули 1794
Лични податоци
Роден(а) 6 мај 1758(1758-05-06)
Арас, Франција
Починал(а) 28 јули 1794(1794-07-28) (на 36 год.)
Paris, France
Националност Французин
Партија Јакобинска партија
Образование Школа Луј Велики
Струка Адвокат и Политичар
Вероисповед Деист
Потпис

Максимилијан Франсоа Мари Исидор де Робеспјер (француски: Maximilien François Marie Isidore de Robespierre; 6 мај 175828 јули 1794) е една од најпознатите и највлијателните личности од Француската револуција. Тој во голема мера доминираше со Комитетот за јавна безбедност и бил од големо значење во времето на Револуцијата, општо позната како Владеење на теророт, кој завршил со негово апсење и погубување во 1794 година. Робеспјер бил под влијание на просветителски филозофи од XVIII век како Жан-Жак Русо и Монтескје и бил способен гласноговорник на верувањата на буржоазијата од левото крило. Тој бил опишуван како физички ненанметлив и беспрекорен во начинот на облекување и личните манири. Неговите поддржувачи (истомисленици) го нарекувале “човек кој не може да се корумпира”, додека пак неговите противници го нарекувале “диктаторот дивјак ”.

Ран живот[уреди]

Максимилијан де Робеспјер е роден во Арас Франција. Неговото семејно дрво датира уште од 12от век од Пикардија; некои од неговите предци по машка линија биле нотари во селото Карвин во близина на Арас уште од почетокот на 17от век. Понекогаш бил задеван дека бил Ирски потомок, и било кажано дека неговото презиме произлегува од Роберт Спеирс. Оваа теорија била цитирана од Луис, Хамел, Мишеле, Ламартин и Белок иако се чини дека нема доволни докази. Неговиот дедо од таткова страна, Максимилијан де Робеспјер, работел во Арас како адвокат. Неговиот татко, Максимилијан Бартелеми Франсоа де Робеспјер, исто така адвокат во Conseil d'Artois, се оженил со Жаклин Маргарет Каро во 1758 година, ќерка на човек кој произведувал пиво. Максимилијан бил најстаро дете од четири деца и не бил зачнат во брачна заедница – негови браќа и сестри биле Шарлот, Хенриета и Августин. За да го сокријат фактот дека Максимилијан не бил зачнат во брачна заедница, неговите родители имале венчавка во што поскоро време (на која не присуствувал дедото од мајчина страна). Госпоѓата де Робеспјер починала во 1764 година при пораѓање. Нејзиниот сопруг го напуштил Арас и патувал низ Европа се до својата смрт во Минхен 1777 година, оставајќи децата да бидат израснати од нивниот дедо и тетки од мајчина страна. Максимилијан почнал да оди во основно школово Арас на осумгодишна возраст и веќе знаел да чита и пишува. Во октомври 1769 година, по препорака од бискуп, добил стипендија во ''Lycée Louis-le-Grand '' во Париз. Тука, тој научил да и се восхитува на совршената Римска Република и реториката на Цицерон (Кикерон), Като и други личности од класиката. Негови соученици биле Camille Desmoulins и Stanislas Fréron. Исто така тој го проучувал Русо во овој период и усвоил голем дел од неговите принципи. Робеспјер бил многу заинтригиран од идејата за сопствената самосвест, за човек кој сам е придружуван само од својата свесност. Набрзо по неговото крунисување, Луј 16 го посетил училиштето Големиот Луј. Робеспјер кој тогаш имал 17 години бил избран помеѓу петстотини деца да одржи говор за добредојде за кралот; и неговиот избор бил логичен затоа што тој бил наградуван студент. На денот на говорот, Робеспјер и толпата ги чекале кралот и кралицата неколку часа на дождот. По пристигнувањето, кралската двојка останала во својата кочија за време на церемонијата и си заминале веднаш по нејзиното завршување. Робеспјер ќе стане еден од оние кои евентуално ќе ја бараат смртта на кралот.

Рана политика[уреди]

Како возрасен, а можеби уште во младоста, најголемо влијание врз политичките идеи на Робеспјер бил Жан Жак Русо. Сфаќањето на Робеспјер на револуционерната доблест како и неговата програма за градење политичка доминација без директна демокраја потекнува од Русо, и во потрага по овие идеали за време на Јакобинската Република тој станал познат како “некорумптивниот”. Робеспјер верувал дека францускиот народ во основа е добар и оттаму луѓето треба само да го кажат својот глас за да придонесат за благосостојбата на нацијата. По завршувањето на правните студии, Робеспјер бише одобрен од Арас Бар. Бискупот од Арас ,Луј Франсоа Марк Хилер де Конзи, го назначил за криминален судија во Diocese of Arras во март 1782. Ова работно место, од кое набрзо се откажал за да избегне прогласување на смртна казна, не го спречило да стажира (работи) во адвокатската комора. Набрзо станал успешен адвокат и вообичаено ги застапувал сиромашните. Судските сослушувања бил познат по тоа што често гкористел идеалите на Просветлувањето и се борел за правата на човекот, т.е. своите клиенти. Во неговата подоцнежна кариера, читал многу книги и се заинтерсирал за општеството. Тој бил сметан за еден од најдобрите писатели и најпопуларен млад човек од Арас. Во декември 1783 бил избран за член на академијата од Арас, на чии средби редовно присуствувал. Во 1784, добил медал од академијата во Мец за неговиот есеј За прашањето дали роднините на осуден криминалец треба да го делат неговиот срам. Тој ја поделил наградата со Пјер Луи де Лакрател, адвокат и новинар во Париз. Многу од неговите следни есеи не биле толку успешни, но Робеспјер надоместил за овие неуспеси со неговата популарност во литературното и музичкото опшество на Арас, познато како Росатиа, чиј член бил и Лазар Карнот кој бил негов колега во Комитетот за јавна безбедност.

Податотека:Robespierre03.jpg
Портрет на Робеспјер после неговото изгласување за Генерал на недвижности во 1789г.

Во 1788 година, тој учествувал во дискусија за тоа како Француската провинциска влада треба да биде избранам и јасно покажал во своето Addresse à la nation artésienne дека ако биде избран поранешниот начин на гласање од страна на членовите на провинциските имоти, тогашм новиот Естатес Генерал нема да го претставува народот на Франција. Можно е Робеспјер да го започнал ова прашање со цел да има шанса да учествува во процедурите и со тоа да ги промени полисите на монархијата. Кралот Луј 16 подоцна објави нови избори за сите провинции, и со тоа му дозволил на Робеспјер да се кандидира за место на пратеник за Третиот имот.

Иако биле избрани водечките членови од корпорацијата, Робеспјер како нивен главен противник, успеал во тоа да биде избран заедно со нив. …. Но Робеспјер започнал да остава своја трага во политиката со Авис. Со ова тој ја обезбедил поддршката од руралните гласачи (Арас,1789) кога Робеспјер пристигнал во Версај, бил релативно непознат но наскоро станал дел од НАционалното собрание кое тогаш се трансформирало во Конструктивно сообрание.

Додека главна преокупација на Уставното собрание Била да состави Устав, Робеспјер престанал да работи за собранието на провинциски адвокати и богатита буржоазија и почнал да работи за луѓето од Париз. Тој бил редовен говорител во Уставното Собрание, и дал многу идеи за Декларацијата на Човековите Права и Уставните провизии , кои најчесто биле успешни. Со текот на времето тој станал познат како човек кој е втор, по Pétion de Villeneuve –ако бил втор-, и како водач на малата организација на екстремната левица, или како што Мирабу омаловажувачкиги нарекувал “триесетте гласови”.

Наскоро, Робеспјер се вклучил во новото Општество на Пријателите на Уставот, кое подоцна станало познато под името Јакобински клуб. Најчесто, негови членови биле пратеници само од Бретања. Откако Собранието се преселило во Париз, Клубот започнал да додава повеќе водачи од Париската буржоазија во своите членови. Како што одминувало времто, многу од поинтелигентните занаетчии и сопствениците на мали продавници станувале членови на овој клуб. Робеспјер гледал интересна публика во овие луѓе. Како што побогатите буржоази од Париз и пратениците од десното крило се повлекле од клубот од 1789 година, влијанието на старите лидери на Јакобинците како, Барнав, Дупорт, Александар де Ламет се намалило. Кога тие, вознемирени од напредокот на Револуцијата го основале клубот Feuillants во 1791 година, левицата, Робеспјер и неговите пријатели доминирале во Јакобинскиот клуб.

На 15ти мај 1791, Робеспјер ја предложил измената ниеден претеник кој бил член на Уставното Собрание да не може да биде член во наредното Собрание, и ова бил неговиот единствен успешен предлог во ова собрание.

Бегството на 20 јуни кое било придружено со апсењето на Луј 16ти и неговото семејство во Варен, ресултирало со тоа што Робеспјер се претставил во Јакобинскиот Клуб како "ni monarchiste ni républicain" (ниту монархист ниту републиканец). Ова не било невообичаено со оглед на тоа што во овој момент малкумина биле републиканци отворено (јавно).

По масакрот на Камп де марс на 17ти јули 1791, со цел да биде поблиску до Собранието и Јакобинците, се преселил да живее во куќата на Maurice Duplay, столар кој живеел на улицата Saint-Honoré и кој силно му се воодушевувал на Робеспјер. Робеспјер живеел таму (со два кратки очекувани интервали (прекини)) се до својата смрт. Всушност, според истите извори, вклучувајќи го и неговиот доктор, Souberbielle, Vilate, поротник во Судот на Револуцијата и најмладате ќерка на неговиот домаќин (која подоцна ќе се омажи за Philippe Le Bas од Комитетот за Општа Безбедност), тој се верил со најстарате ќерка на неговиот домаќин, Éléonore Duplay.

Нa 30ти септември, на распаѓањето на Уставното Собрание, народот на Париз ги крунисал Петион и Робеспјер како два некоруптивни патриоти, со цел да ја покаже почитта кон чистотата на нивните приципи, нивниот скромен начин на живот како и одбивањето на мито. Со распаѓањето на Собранието Робеспјер накратко се вратил во Арас, каде што бил триумфално пречекан. Во ноември се вратил во Париз за да ја завземе позицијата на Јавен Обвинител на Париз.

Спротивставување на војната со Австрија[уреди]

Глинената биста на Робеспјер од Клод Андре Десен направена во 1792 г.

Во февруари 1792, Jacques Pierre Brissot, еден од водачите на партијата на жерондијците во Legislative Assembly, изјавил дека Франција треба да и објави војна на Австрија.Марат и Робеспјер им се спротивставиле, бидејќи се плашеле од можноста за воено освојување, кое тогаш би можело да биде во корист на силите од претходните владеачи. Исто така, Робеспјер бил убеден дека стабилноста во самата земја е поважна, тој се сомневал дека помеѓу народот има и скриени предавници и револуционери за поинакви права. Ова спротивставување од одредени сојузници им пречело на Жерондијците и помеѓу нив се издигнало политичко ривалство. Во Април 1792, Робеспјер се откажал од местото јавен обвинител на Версај, кое го имал официјално, но никогаш не го вршел, од февруари и потоа создал весник Le Défenseur de la Constitution, (Бранител на Уставот) со цел да се одбрани од обвинувањата од Жерондијските водачи. Заради својата популарност, неговата доблесна репутација и неговото влијание врз Јакобинскиот Клуб, на диктаторите од Париската влада им било мило што ја имаат помошта на Робеспјер во пресрет на бунтовите за храна и партиските состојби. На 16 август, Робеспјер ја претставил својата петиција од владата на Легислативното собрание, барајќи создавање на Суд на Револуцијата (револуционерите), како и свикување на Конвенција. Често,Робеспјер бил прекоруван за тоа што не успеал да ги сопре Септемвриските масакри. Во септември, тој бил избран за прв пратеник на Париз на Националната Конвенција. Робеспјер и неговите сојузници ги кренале клупите високо во задниот дел на холот, нарекувајќи ги 'the Montagnards', под нив биле 'Manège' на Жерондијците и на крај 'the Plain' од независните. На Конвенцијата, Робеспјер веднаш бил нападнат од Жерондијците. На 26 септември, жерондиецот Марк-Давид Ласурс го обвинил Робеспјер за намера да формира диктаторство. Се прошириле гласини дека Робеспјер, Марат и Дантон кроеле заговор да создадат политички режим воден од нив тројца. На 29 октомври, Louvet de Couvrai го нападнал Робеспјер во својот говор, кој веројатно бил напишан од Madame Roland. На 5ти ноември, Робеспјер се бранел себеси и јавно ги критикувал федералистичките планови на Жерондијците. Тој бил еден од најпопуларните оратори на Конвенцијата и многу често неговите внимателно подготвувани говори предизвикувале длабоки впечатоци.

Погубувањето на Луј XVI[уреди]

Во декември 1792, личните расправи биле засенети од прашањето за судењето на кралот. Во овој момент, Робеспјер стоел цврсто на ставот дека кралот мора да биде погубен, иако претходно бил силен противник на смртната казна. Неговиот став бил дека ако треба да се жртвува животот на еден човек за да се спаси Револуцијата, тогаш немало друг избор: тоа морало да биде животот на кралот Луј XVI. Во својот говор на 3ти декември 1792 Робеспјер велел дека Кралот, со тоа што го предал народот кога се обидел да ја напушти земјата, и со самото тоа што бил крал, претставувал закана за Државата.

Уништување на Жерондијците[уреди]

По погубувањето на кралот се зголемило влијанието на Робеспјер, Дантон и прагматичните политичари по цена на Жерондијците. Тие одбиле да бидат во било каква врска со Дантон и поради тоа владата се поделила уште повеќе. Во мај, 1793, Desmoulins, под наредба на Робеспјер и Дантон, ја објавил својата Histoire des Brissotins, еден вид продлабочување на претходниот натпис Jean-Pierre Brissot, немаскиран, што била остра критика врз Брисо и Жерондијците. Maximin Isnard, изјавил дека Париз мора да биде уништен ако се изјасни против провинциските пратеници. Робеспјер дал изјава за морална “отворен револт против корумпираните пратеници” во Јакобинскиот клуб. На 2ри јуни, голема маса вооружени луѓе од париската влада дошле на собирот и уапсиле триесет и двајца пратеници под обвинение за активности спротивни на револуцијата.

Владеење на теророт[уреди]

  • “Да се казнат потиснувачите (уништувачите) на човештвото е милосливо (љубезно); да им се прости е варваризам.”-
                                                                  Максимилијан Робеспјер 1794

По падот на монархијата, Франција се соочила со уште бунтови за храна, масовни револти и обвинувања и нелојални дела од оние кои претходно биле сметани за патриоти. Била потребна стабилна влада за да се смири хаосот. На 11 март 1793 во Париз, бил основан Суд на Револуцијата. На 6ти април, деветочлениот Комитет за Јавна Безбедност го заменил поголемиот Комитет за Општа Одбрана. На 27 јули 1793, Конвенцијата го избрала Робеспјер за претседател на Комитетот иако тој не ја барал таа позиција. Комитетот за Општа Одбрана започнал да се справува со внатрешната полиција на земјата. Иако на почетокот сите членови на комитетот биле еднакви, често Робеспјер бил гледан како доминантна сила и како таков де факто диктатор на земјата. Тој е исто така сметан за главната сила зад Владеењето на Теророт - Louis-Sébastien Mercier го нарекол “Sanguinocrat” – иако, по 1794 година, другите членови можеби претерале со објаснувањето за неговата улога за да го намалат нивниот сопствен придонес. Како оратор, тој ја одобрувал револуционерната влада и велел дека Теророт е неопходен, вреден и неизбежен. Негово било верувањето дека Републиката и доблеста биле неделиви. Објаснувал дека Републиката може да биде спасена само од доблеста на своите граѓани и дека Теророт бил виртуозен бидејќи се обидел да ја одржува Републиката и Револуцијата. На пример, во својот Извештај за принципите на Политичката Моралност, даден на 5 февруари 1794, тој изјавил: “ако доблеста е извор на владата во време на мир, изворот на таа влада за време на револуција е доблест комбинирана со терор: доблест, без која теророт е деструктивен; терор без кој доблеста е импотентна. Теророт е само навремена правда, строга и нефлексибилна; тогаш тоа е емитување на доблеста; помалку е одреден принцип отколку последица од општиот принцио на демократија, применет на итните потреби на земјата. ... Владата во револуција е деспотизмот на слободата против тиранијата. ” Популарноста на Робеспјер и изгледот во заедницата се должела најмногу на начинот на кој што тој зборувал. Неговите говори биле исклучителни и тој имал моќ да ги смени мислењата речиси на било која публика. (Ова е една од причините зошто тој станал толку моќна сила во Теророт). Неговите техники на говорење вклучувале говор за доблест и морал и многу често имал неколку реторички прашања во своите говори со цел да се поистовети со публиката. Исто така, тој гестикулирал и користел идеи и лични искуства од животот за да го задржи вниманието на слушателите. Неговиот конечен метод бил да изјави дека секогаш е подготвен да умре со цел да се спаси Револуцијата. (Иронично, неговата смрт ќе биде крај на Револуцијата). Робеспјер верувал дека Теророт бил време на барање и откривање на непријателот во Париз, во Франција, непријателот кој се криел во безбедноста на очигледен патриотизам. Затоа што верувал дека Револуцијата сеуште напредува, и во опасност да биде саботиран, тој ги правел сите обиди да ја внесе во јавноста и во Конвенцијата итноста од спроведување на Теророт. Во неговиот Извештај тој внел приказни и стравови од предавници, монархисти и саботери за време на Републиката и во самата Конвенција. Робеспјер ја проширил традиционалната листа од непријателите на Револуцијата за да ги вклучи просечните и “лажните револуционери”. Според Робеспјер, овие не само што не знаеле за опасностите со кои се соочувала Републиката, но исто така, во многу случаи се маскирале како активни придонесувачи за Револуцијата, и само ја повторувале работата на другите, дури и го попречувале напредокот на патриотите. За секој кој не бил во тек со законите на комитетот на Робеспјер се велело дека евентуално бил отсранет од Конвенцијата и бил темелно баран во општата популација. Иако се дебатира околу тоа дали Робеспјер ги означувал просечните за да ја забрза сопствената агенда, или надвор од неговата легитимна загриженост за Франција, познато е дека неговата политика довела до погубување на многумина од првичните поборници на Револуцијата. Робеспјер не видел простор за милост во неговиот Терор, изјавувајќи дека “бавноста на пресуда е еднакво на неказнетост” и “несигурноста за казната ги охрабрува сите виновни”. Во неговиот Извештај за Принципите на Политичката Моралност Робеспјер вербално го напаѓал секое одложување на акцијата во одбрана на Републиката. Според неговото мислење немало можност да се направи нешто доволно брзо за одбрана од домашните и надворешните непријатели. Тој бил човек кој силно верувал во учењето на Русо, и верувал дека е негова должност како слуга на јавноста да ја турка Револуцијата нанапред и дека единствениот разумен начин бил да ја брани на сите фронтови. Извештајот не само што “барал крв” туку и детално објаснил многу од оригиналните идеи од Револуцијата во 1789 година, како политичка еднаквост, гласање и поништувањето на привилегии. И покрај погубувањето на голем број од неговите другари ревелуционери, Робеспјер сеуште бил еден од нив во теорија иако неговата практика била доведена до прашање. “На 4ти февруари 1794 под водство на Максимилијан Робеспјер, Француската Конвенција гласала за поништувањето на ропството. Јакобинците ја основале идејата за слобода, но тоа било сфаќање кое било во корист на растечката буржоазија и токму оваа идеја за слобода која значела слобода да се тргува била поприоритетна од идеите за еднаквост и братсво. Робеспјер се борел многу фанатично токму против оваа корупција на Француската Револуција и агресивната група луѓе кои кроеле заговор. Всушност, за време на владеењето на теророт Робеспјер имал огромна поддршка од сиромашните парижани и до ден денес има голема репутација помеѓу сиромашните од Хаити.”

                                                                                                                                                                   — Центар за глобално истражување

Зимата 1793-1794, мнозинството од комитетот одлучиле дека Hébertist party ќе мора да биде уништена, во спротивно опозицијата во Комитетот ќе ги засени другите фракции заради нејзиното влијание во Париската општина. Исто така Робеспјер имал лични причини за тоа што не ги сакал Хебертистите за нивниот “атеизам” и “гладта за крв”, затоа што ги поврзувал со старата аристократија. Во раната 1794година, тој се скарал со Дантон кој имал поумерени гледишта за Теророт и го убедил Camille Desmoulins да се изјасни против во второто издание на Le Vieux Cordelier. Робеспјер го сметал крајот на Теророт како за загуба на политичката моќ која се надевал да ја искористи за да ја создаде Republic of Virtue. Во продолжение тој се придружил во нападите против Дантонистите и Хебртистите, Робеспјер ги обвинувал неговите противници за соработување со надворешни сили. Од 13ти февруари до 13ти март 1794, Робеспјер се повлекол од активното работење во Комитетот поради болест. На 15ти март, тој се појавил на Конвенцијата. Хеберт и деветнаесет негови следбеници биле уапсени на 19 март и однесени на гилотина на 24 март. На 30ти март биле уапсени Дантон, Демулин и нивните пријатели и однесени на гилотина на 5ти април. По погубувањето на Дантон, Робеспјер работел на тоа да развие негови политики и се надевал дека Конвенцијата нема да има ништо против мерките кои би можел да ги превземе. Тој го користел своето влијание врз Јакобинскиот клуб за да доминира во Париската општина преку неговите следбеници. Двајца од нив, Jean-Baptiste Fleuriot-Lescot и Claude-François de Payan биле избрани за градоначалник и обвинител на општината. Робеспјер се обидел да влијае и врз армијата преку својот следбеник Louis de Saint-Just, кого го пратил на мисија на границата. Во Париз, Робеспјер ја засилил активноста на Теророт. За да ги осигури своите цели, еден друг сојузник, Georges Couthon, на 10ти јуни го претставил драстичниот закон Law of 22 Prairial. Со овој закон, Судот станал едноставен суд на осудување во кој немало потреба од сведоци. Како резултат на овој закон до смртта на Робеспјер, 1285 жртви биле погубени на гилотина во Париз.

Култ на првенственото живеење[уреди]

Желбата на Робеспјер за револуционерни промени не била ограничена само на политичко поле. Тој сакал да имплементира духовно оживување во француската нација базирано врз неговите Деистички верувања. Во таа насока на 7 мај 1794, Робеспјер поминал еден степен од Конвенцијата преку која основал Семоќниот (Culte de la Raison et de l'Être suprême). Поимот за Семоќниот се базирал врз идеите кои што биле нагласени од Жан Жак Русо во Социјалниот Договор. Во чест на Семоќниот била одржана прослава на 8ми јуни, кој исто така бил и “Големиот Свет ден на Пентескот”. Прославата била одржана во Champ de Mars, и во шест на Фестивалот биле преименувана во Поле на Собирот (обединувањето). Ова преименување најверојатно се случило за да се оддаде почест на Champ de Mars Massacre каде што Републиканците се собрале прв пат за да се борат против моќта на Круната. Зар не е тоа Неговата рака, која пишувајќи го кодот на правдата и еднаквоста на човековото срце, ја напишала таму смртната казна за тираните? Зарем не е Тој, оној кој од почетокот на времето ја одредил за сите возрасти и за сите нероди слободата, добрата верба и правдата? Тој не ги создал кралевите за да ја уништат човековата раса. Тој не ги создал свештениците за да не врзуваат како (непријатни) животни за кочиите на кралевите и да му дадат пример на светот за безвредност, гордост, предавство, лакомост, разврат и измама. Тој го создал светот за да ја покаже (најави) Неговата моќ. Тој ги создал луѓето за да си помагаат меѓусебно, да се сакаат и да достигнат до среќата по патот на доблеста (скромноста). За време на “Фестивалот на Семоќниот”, Робеспјер бликал од радост, дури ни негативноста на неговите колеги не можела да го расипе неговото задоволство. Исто така тој бил во можност да зборува за нешта за кои бил искрено страстен, вклучувајќи ги Virtue and Nature, типични Деистички верувања и се разбира за неговите несогласувања со атеизмот. Се било подготвено според точните спецификации кои биле поставени пред церемонијата, симболичната гилотина била преместена на нејзиното првобитно место на Бастилја, сите луѓе биле сместени во област која била пригодна и назначена за нив и сите биле облечени во согласнот со церемонијата. Не само што се одело како подмачкано, туку овој фестивал бил и првото појавување на Робеспјер во јавноста како сегашен водач на народот и како претседател на Конвенцијата иако неговиот избор се случил само четири дена порано. Додека за некои било вистинска возбуда што го гледаат во најдобро издание, многу други водачи кои учествувале на Фестивалот се согласиле дека Робеспјер малку претерал. Повеќе извори велат дека Робеспјер се симнал од планината на начин на кој тоа го направил Мојсеј, како водач на народот, а еден од неговите колеги Jacques-Alexis Thuriot бил слушнат како изјавува “Види го безвредников, не му е доволно тоа што е господар, мора да биде и Бог”. Иако овие зборови можат да бидат едноставно резултат на огорчување, во исто време оваа идеа повторно ќе се јави во обид да се отстрани Робеспјер од неговата висока позиција во блиска иднина. Марк Гиљом Алексис Вaдиер не бил еден од следбениците (поклониците) на Робеспјер и всушност се обидувал да пронајде нешто лошо што го направил тој. Вадиер имал за мисија да го нападне Робеспјер и неговата верба и исто така се обидувал да ја намали неговата политичка моќност. Во овој перод тоја ја нашол Катерина Теот која имала дваесет и осум години и била самопрогласен пророк и која во еден пероид била затворена во Бастилја. Според изјавата на Теот дека Робеспјер бил “гласник на последните денови, пророк на Новата ера” Катерина Теот(ова се должело на фактот што неговиот Фестивал бил на денот на Pentecost, за кој таа изјавила дека ќе се случи “божествена манифестација”).

направила да изгледа дека Робеспјер ги дал овие изјави пред неа. Многумина од нејзините следбеници биле исто така поддржувачи и пријатели наРобеспјер, што направило да изгледа дека тој се обидувал да создаде нов религија на која тој би бил Бог. Иако Робеспјер немал ништо со Катерина Теот или нејзините следбеници, многумина претпоставувале дека тој бил на пат кон диктаторство и токму тоа предизвикувало страв низ Конвенцијата, што евентуално довело до падот (распад, пропаѓање) следниот јули.

Падот[уреди]

Погубувањето на Робеспјер.

На 25ти мај, само два дена по обидот за убиство на Колот од Хербоис, и животот на Робеспјер бил во опасност со оглед на тоа што млада девојка која се викала Сесил Рено му се доближила со два мали ножеви во обид да го убие. Во овој период тој бил претставен пред јавноста без консултација (советување) од Комитетот за Општа Безбедност кој за возврат го удвоил бројот на погубувања со дозвола на Комитетот за јавна безбедност. Овој закон дал дозвола да се извршуваат смртни казни без продолжени судења дури и само според имањето сомнеж за граѓаните дека се борат против револуцијата. Со давањето дозвола овој закон да биде донесен, францускиот народ започнал да се сомнева во Робеспјер и Комитетот затоа што ги погубиле луѓето за причини кои им се чинеле потполно безначајни, и исто така бидејќи го спровеле законот без помошта на Комитетот за Општа Безбедност. Ова бил само од дел од почетокот на падот на Робеспјер. Доаѓале извештаи во Париз за екцесите извршени од пратениците на мисии особено од Жан Ламберт Талиен во Бордо и Жозеф Фуше во Лион. Робесјпер ги повикал во Париз за дадат извештај за своите акции и ги избркал од Јакобинскиот Клуб. Како и да е, тие избегнале апсење. Fouché ги поминувал своите вечери движејќи се од куќа во куќа за тајно (нелигитимно) ширење кампања помеѓу членовите на Конвенцијата предупредувајќи ги дека Робеспјер ги гони и се подготвува да организира државен удар. Робеспјер се појавил на конвенцијата на 26ти јули ) и одржал двочасовен говор. Тој се бранел од обвинувањата за диктаторство и тиранија и продолжил со предупредување за кроење на заговор против Републиката. Робеспјер додал дека членови од Конвенцијата се дел од овој заговор, иако кога му вршеле притисок да открие имиња тој не го направил тоа. Како и да е, говорот ги вознемирил членовите особено со оглед на предупредувањата на Fouché. Оние членови кои почувствувале дека Робеспјер мислел на нив се обиделе да спречат говорот да биде испечатен, и потоа следела горчлива дебата се додека Bertrand Barère не и ставил крај. Подоцна истата вечер, Робеспјер повторно го одржал истиот говор во Јакобинскиот Клуб, каде што бил многу добро прифатен. Наредниот ден, Saint-Just започнал да држи говор за поддршка на Робеспјер. Сепак, оние кои го виделе претходната ноќ каок работи на говорот очекувале од него да слушнат обвинувања. Тој имал време да каже само мал дел од говорот пред да биде прекинат од Jean-Lambert Tallien. Кога обвинувањата започнале да се зголемуваат, Saint-Just бил некарактеристично тивок. Тогаш Робесјпер се обидел да зборува на трибината но бил замолкнат. Наскоро тој изгубил зборови кога еден пратеник побарал негово апсење а друг Marc-Guillaume Alexis Vadier, направил потсмевлив израз од него. Кога еден пратеник сфатил дека Робеспјер е спречен да зборува, извикал, “The blood of Danton chokes him!” “Дантоновата крв го гуши!” Конвенцијата побарала апсење на Робеспјер, неговиот брат Августин, Кутон, Сан Жуст, Франсоа Ханриот and Ле Бас. Пристигнале трупи водени од General Coffinhal за да ги ослободат затворениците и тогаш марширале против самата Конвенција. Конвенцијата одговорила со повикување на сопствени трупи под водство на Barras за да ги отповикаат. Кога трупите на Комуната ја чуле оваа вест, редот започнал да се нарушува и Ханриот им наредил на неговите преостанати трупи да се повлечат во Hôtel de Ville, каде што се собрале Робеспјер и неговите поддржувачи. Конвенцијата ги прогласила за злосторници, што значело дека бегалците можат да бидат погубени во период од дваесет и четири часа без судење. Како што се одвивала ноќта, силите на Комуната навлеге во Hôtel de Ville и околу два часот наутро, оние на Конвенцијата под водство на Барас пристигнале таму. За да избегне заробеништво, Августин Робеспјер се фрлил од прозорец, Кутон бил пронајден како лежи на дно на скали, Ле Бас извршил самоубиство, друг радикалец скокнал од прозорец, но само ги скршил двете нозе, друг се застрелал во глава. Робеспјер се обидел да се убие со пиштол но успел само да си ја разнесе вилицата, иако некои сведоци изјавиле дека Робеспјер бил застрелан од Charles-André Merda. Во остатокот од ноќта, Робесјпер бил пренесен на табла во соба од Комитетот за јана безбедност каде што го чекал погубувањето. Тој лежел на масата обилно крварејќи се додека не бил донесен доктор да му ја поправи вилицата. Иако Робеспјер бил познат по своите говори, последните зборови кои биле кажани од него се: “Благодарам, Господине” на човек кој љубезно му дал шамивче да собере дел од крвта од своето лице и својата облека. Подоцна, Робеспјер бил држен во истата притворна ќелија каде што била држена и Марија Антоанета, жената на крал Луј 16ти. Наредниот ден, 28 јули 1794 година, Робеспјер бил однесен на гилотина без судење на Плоштадот на Револуцијата. Неговиот брат Августин, Кутон, Сан Жустt-, Ханриот и дванаесет други следбеници, помеѓу нив и столарот Симон биле погубени. Само Робеспјер бил погубен држејќи го лицето нагоре. Кога џелатот го чистел вратот на Робеспјер, го скинал завојот кој му ја држел вилицата на место, и се слушнал вресок полн со агонија се додека сечилото не го замолкнало. Заедно со другите кои биле погубени, тој бил закопан во заеднички гроб во новоотворените гробишта Еранцис. Помеѓу 1844 и 1859 (најверојатно 1848) остатоците на сите закопани таму биле пренесени во Катакомбите во Париз.

Наследство[уреди]

Максимилијан Робеспјер до ден денес остана контраверзна фигура. Неговите бранители, како што е марксистичкиот историчар Алберт Собол, го разгледа поголемиот дел од мерките на Комитетот за јавна безбедност неопходни за уништувањето на Хебертис и други гневови. Главен идеал на Робеспјер беше да се обезбеди основа и суверенитет кај луѓето. Не беше одобрено од многу акти кои би можеле да ја изложат нацијата на контра-револуционери и предавници, и кои стравуваат од пораз на револуцијата. Тој го поттикна тероризмот и смртта на неговите врсници, како мерка за осигурување на доблеста на Републиката, но неговите идеали отидоа надвор од потребите и желбите на францускиот народ. Тој стана закана за она што сакаше да се осигура и резултатот на тоа беше неговата пропаст. Во 1911 Енциклопедијата Британика го сумира Робеспјер како млад теоретичар, но надвор од неговата длабочина во однос на искуството. Добро образуван и млад адвокат, кој стекнал добра провинциска пракса и живеел среќен провинциски живот кој што не го живеел за време на француската револуција. Како и илјадници други млади французи, ги прочитал делата на Русо. Само во голем дел од животот кога оваа илузија не беже уништена од реалностите на животот и без искуство кое би можело да ја изучува суетата на неактивните соништа и теории, тој беше избран за главните земји. Во Париз тој не беше разбран но тој се соочи со својата публика, со своите колеги и ученици од екстремистичкиот клуб на Русо. Неговиот фанатизам ги освои приврзаниците, неговиот единствен и сладок глас ги доби слушателите и неговиот исправен живот привлече восхит кај сите. Како што работите се приближуваа до страшна криза, тој не успеа, освен во два случаи на прашањето за војната и судењето на царот, да се покаже државник, за што не се однесуваа либералните ставови и практични инстинкти кои ги направија Миребо и Дантон големи мажи. Неговиот прием од Комитетот за јавна безбедност му дал моќ, која тој се надева да ја користи за воспоставување на своите омилени теории,па дури и за ужасите на владеењето на Теророт. Фатална грешка е што му се дозволи на еден теоретичар да има мок па се појави: Бијо Варен кој го систематизира Теророт затоа што тој верува дека е неопходно за безбедноста на земјата; Робеспјер се интензивира со цел да ги заштити своите сопствени идеи и теории. Приватниот живот на Робеспјер секогаш беше склпочитуван, тој секогаш беше еден господин и човек на културата, па дури и малку скрупулозно искрен, верен и добротворен. Во неговите навики, неговиот начин на живот бил едноставен и макотрпен, тој не бил човек надарен со искри од генијот, но оној е тој кој мораше да размилсува многу пред тој да може да дојде до одлука и тој напорно работеше целиот свој живот.

Галерија[уреди]

Културни претстави[уреди]

Мешан медијски скулптурен портрет на Робеспјер од уметникот Џорџ Стјуард од Оџаи, Калифорнија.
  • Самуел Тејлор Колиџ, заедно со Роберт Сатнеј напишаа стих драма, падот на Робеспјер во 1794 година, Колриџ пишување акт 1 и Сатнеј делата 2 и 3, иако делото е објавенот под името на Колриџ. Веднаш по извршувањето на Робеспјер, тоа може да се смета како прв книжевен портрет на човек. Навистина, дел од матреријалот кој беше составен од современиот весник за одржување на настаните во Париз.
  • Во Романот на Виктор Иго, Клетници, Робеспјер и Русо споменуваат дека длбоко го почитуваат ликот Енјолрас, лидерот на студентите револуционери.
  • Во еден друг роман на Иго, Дваесет и три, Робеспјер има пишувано во сцената ‘’Три богови’’ заедно со Дантон и Марат.
  • Робеспјер е значителен лик во серијата на ‘’Роџер Брук’’на историски романи напишамни од Денис Ветли.
  • Спорот Робеспјер против Јозеф Фуше, и државниот удар против Робеспјер се опишани во 1929 биографија за Стефан Цвајг Фуше, портрет на еден политичар. Тој се појавува често во светлоцрвено Пимпернел од бароницата Емушка Орсци.
  • Робеспјер во 1835 ја игра ‘’Дантоновата смрт’’ напишана од германскиот драмски автор Георг Бихнер.
  • Високо идеализираниот Робеспјер е игра во серијата ‘’Версајска роза’’ со вујко Икеда. Тој првично себе се прикажува како помлад и повеќе идеалистички, и тој станува по огорчен лидер како што се пишуваше во медиумите. Кажано од Катсуји Мори.
  • А посуров и безмилосен приказ на Робеспјер е опремен во романот Тов Убуката, од Чевалиер де Он. Тој се појавува како негативец на приказната и местериозната листа. Сепак, Робеспјер познат во историјата, е главниот лик со име Робин, кој го презеде името по смртта на првиот Робеспјер. Тој игра главна улога во расказот ‘’Термидор’’ од Нил Геман “ Тажниот човек’’, каде служи како антагонист на протагонистот Дама Јохана Константин, со неговата гилотина прикажана во доработката.
  • Тој, заедно со Луј де Сен-Семо, го дава своето име и улогата во Роб С. Пиер во Хонорверс.
  • Една од двете основни парцели од Катрин Невилс, новела од 1988 ‘’Осмата карактеристика на Робеспјер’’ заедно со други познати личности од француската револуција.
  • Во 1927 немиот филм за Наполеон, се одвива со Едмонд Ван Даел. Иако овој шестчасовен долг еп е за подемот на Наполеон, тој не вклучува некои аспекти за присуството на Робеспјер.
  • Во 1949 година филмот Владеењето на теророт ( исто така познат како Црната книга), Робеспиер е крвожеден титанин од страна на Ричард басхарт, заедно со Роберт Кумингс и Арлен Дал, како противници.

Робеспјер е централен лик во романот на Хилари Мантел, Место со поголема сигурност, заедно со Камил Десмулинс и Жорж Дантон-Жак. Во романот се зборува за животот на тројца луѓе од нивните детства до крајот на нивните кариери.

  • Тој игра споредна улога во ‘’Far better rest 2000’’ за повторно да си ги замислува на Приказната за двата града, од страна на американскиот автор Сузан Алејн.
  • 1964 Во Doctor Who сериското владеење на теророт се однесува на вклучувањето во овој период на историјата од тоа време – патуваат Докторот и неговите пријатели. Тоа го отсликува Робеспејт како заколнат тиранин опседнат со зголемување на темпото на погубувања, и покрај обидите на Докторските напори за да му влијаат добро. Времеските патници играат мал дел во неговата пропаст, со неговото апсење и затвот, па дури и фамозниот истрел во уста, се вклучени малиот сериски климакс (макар и со насилство се случува надвор од камерата).
  • Во 1983 година францускиот и полскиот Дантон, Робеспјер се игра од страна на Војциецх Псзониак. Филмот ги отсликува последните денови на Дантон и се базира ‘’Danton Case’’ од Станислава Присбизевска. Додека Присбизевска е херојски лик, филмот на Вајда радикално отскапува од играта и го отсликува негативното светло
  • Во 1989 филмот ‘’Француска револуција’’ се одвива со Анџеј Северин, овој филм трае шест часа и е опфатена цела револуција од 1789 до 1794.

‘’Местото Версај’’ песна за Француската револуција од 1978-та година од албумот на Ал Стјујард ‘’Временски патници’’вклучувајќи го текстот ‘’Ке ги запалиме сите нивни куќи со името од Робеспјер’’

  • Во мјузиклот од Фран Вилдхорн од 1977 година, ‘’The Scharlet Pimpernel’’ Робеспјер, игран од Дејвид Крунел во орифиналната Бродвеј улога, прави едно кратко појавување.
  • Во француската револуција, ‘’2005 документарецот за историјата на Шанел’’ тој е игран од Џорџ Иваску.
  • Во песната на Џони Мичел ‘’Sex Kills’’ таа пее ‘’ докторските таблети ви даваат сосема ниову зла и сметките ке се закопаат како лавина, а непопуларните адвокати ке останат такви бидејќи Робеспјер ја закла половина Франција’’.
  • Во една епизона од Бакадер третиот, Едмунд Блакадер тврди дека скршен во спалната соба г-дин Робеспејр му оставил кутија чоколади и бечешка со навреди.
  • Во 1996 година, романот на Марџ Пјерси, ‘’Градот на темнината, Градот на влетлината’’ Робеспејр е еден од шесте главни карактери

Областа Бруклин е именувана според него. Тоа вообичаено е за практиканти и се однесува на еден Интуитивно повлечен тип кој се споредува со личноста на Робеспјер, кој е признат како претставник од овој вид. Познатата Британска серија за деца ‘’Chuckle Vision’’ го прикажа Робеспјер како негативец кој се обидува да ги украде Грофицата и Purple Pimpe (која всушност е Сер Перси). Граѓанинот Робеспјер самиот себеси се нарекува „најдобар мечувалец во Франција“. Тој игра во сериите 17 и 18 (2005/2006), каде Бери и Пол се враќаат назад за време на Француската Револуција.