Бастилја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бастилја
Париз, Франција
Bastille Exterior 1790 or 1791.jpg
преглед на Бастилја
Тип Средновековна тврдина, затвор
Изграден 1370–1383
Изградил Чарлс V од Франција
Урнат 1789
Настани Француската Револуција
Оваа статија е за самиот објект. За падот на Бастилја во Француската револуција, видете Заземањето на Бастиља.

Бастилја ( француски: Bastille), бил затвор-тврдина во Париз, познат како Bastille Saint-Antoine — Number 232, Rue Saint-Antoine—денес најпознат по нападот на Бастилја на 14 јули 1789 година што, заедно со Tennis Court Oath, се сметаат за почеток на Француската револуција. Овој настан бил одбележан една година подоцна, од страна на Fête de la Fédération. Fête Nationale е националниот празник на Франција, кој се слави еднаш годишно, на 14 јули, официјално славејќи ја Федерацијата, што во англискиот јазик е познато како Денот на Бастилја. Бастилја е француски збор кој значи “замок” или “тврдина” или “бастион”, кој, кога станува збор за затворот, се користи со одреден член (на француски la Batille и the Bastille на англиски јазик).[1]

Раната историја на Бастилја[уреди]

За време на Стогодишната војна, Бастилја бил изграден како Бастион на Сент-Антоан. Бастилја најпрво била порта на Сент-Антоан, која од 1370-1383, била проширена за да се изгради тврдина за одбрана на источниот крај на Париз и на Кралската палата “Hôtel Saint-Pol”. По завршувањето на војната, таа била пренаменета во затвор, по наредба на Луј XIII, кој бил првиот кој испратил затвореници таму. Бастилја бил изграден во форма на неправилен правоаголник, со осум кули. Градбата е долга 70 метри, широка 30 метри, со височина на ѕидови и кули од 25 метри и опкружена со широки ѕидини. Првенствено, постоеле два двора внатре и станбени објекти наспроти ѕидовите. Две од кулите во источниот и западниот дел служеле како порти низ кои поминувала улицата Сент-Антоан. Во 15 век, тие биле блокирани и била изградена нова градска порта на север, на денешна Rue de la Bastille. Подоцна бил изграден бастион на источните приоди. Многу важна воена карактеристика на градбата, била тоа што ѕидовите и кулите биле еднакво високи и широки, поврзани со пространа тераса. Ова им овозможувало на војниците брзо да се движат кон загрозениот дел на тврдината, без притоа да треба да влезат во внатрешноста на истата и овозможувало место за сместување на артилерии. Слична карактеристика може да се забележи на “Château de Tarascon”.

Планот на Бастилја.

Напад[уреди]

Главна статија: Нападот на Бастилја

Бастилја, од Jean-Pierre-Louis-Laurent Houel.

Според архивите на Бастилја, во затворот биле носени обични криминалци (фалстификатори, измамници, крадци и сл.), како и луѓе затворени од религиозни причини (богохулење) и оние одговорни за печатење или пишување на забранети памфлети. Понекогаш, биле носени и луѓе од висок ранг, поради што затворот (кој собирал нешто повеќе од 50 луѓе) бил најчист од сите други париски затвори. Сепак, тајноста која се одржувала во цела Бастилја и меѓу нејзините затвореници, и давала злокобна репутација. Конфронтацијата која била причина за заземањето на Бастилја од страна на жителите на Париз на 14 јули, 1789 година, била резултат на фактот дека барутот и оружјето биле чувани таму и луѓето (чии стравови биле предизвикани од многуте шпекулации) барале пристап до нив. Подоцнежната идеја за ослободување на затворениците (од кои само 7 останале) била отфрлена. Официјалниот гарнизон бил составен од 82 инвалиди ( воени ветерани кои повеќе не се способни за служба на терен) под водство на гувернерот Рамлов де ла Фресанж. Сепак, кратко пред 14 јули, тие биле зајакнати со самостојна 142-члена пешадија , дел од швајцарскиот платенички пешадиски полк, повикан во Париз од страна на кралот. Во утринските часови, толпа од околку 8800 мажи и жени се собрала барајќи од затворот да се предаде, да се тргне оружјето и да се ослободи оружјето и барутот. Двајца луѓе, избрани да ја претставуваат толпата, биле повикани во тврдината со што почнале преговорите.

Знамето на полкот кое се веело за време на Француската револуција.

Во попладневните часови, толпата навлегла во надворешниот незаштитен двор и ги пресекле синџирите на подвижниот мост кој водел до внатрешниот двор. Започнала повремена размена на непријателски оган. Некое време подоцна, толпата била засилена од страна на бунтовничките француски гарди на Кралската армија и два топа, чија примарна задача била да му помогнат на Гувернерот да го штити затворот. Де Кос наредил прекин на огнот; и покрај тоа што ги одбил барањата да се предаде, тој капитулирал, а победниците, во околу 17:30 часот, навлегле за да ја превземат контролата врз тврдината.Штом влегле во Бастилја, бунтовниците почнале да собираат куршуми и барут за нивното оружје, а потоа ги ослободиле 7-мина затвореници. Подоцна, Гувернерот заедно со некои од стражарите на Бастилја биле убиени под хаотични услови, и иако се предале со знаме за примирје, нивните глави парадирале обесени на копја. Како симболичен гест, клучот од западниот влез на Бастилја бил презентиран на 17 март, 1790 година од страна на Маркиз де Лафајет на Џорџ Вашингтон и се прикажува во неговиот дом во Маунт Вернон.

Уривање[уреди]

Макета од Бастилја направена од еден од камењата од тврдината во музејот (Carnavalet).
Остатоците од камењата од Бастилја уште се видливи на булеварот Хенри IX

Пропагандната вредност на Бастилја била брзо искористувана, особено од страна на сјајниот претприемач, Пјер Франсоа Палоу. Судбината на Бастилја била неизвесна, нo Палоу за брзо време поднел барање за уривање, организирајќи работна сила за тоа. Во текот на следните неколку денови, многу угледни граѓани ја посетиле Бастилја, и се чинело дека ќе се претвори во споменик. Но Палоу успеал да обезбеди дозвола за уривање од Постојаниот комитет, со што за брзо време ја превзел целата контрола над Бастилја. Пјер Франсоа Палоу обезбедил пристоен буџет и бројот на неговиот персонал почнал да расте. Тој имал контрола врз сите аспекти на работата, до тој степен што наредил бесење на двајца работници, поради убиство. Палоу вложил голем напор за да го одржи местото како атракција за привлекување пари, со произвоство на голем број сувенири, користејќи ги остатоците од урнатините. Уривањето продолжило со брзо темпо; до ноември 1789 година, структурата во колема мера била срушена. Камењата од тврдината биле исористени за изградба на Pont de la Concorde.

Областа денес[уреди]

Плоштадот Бастилја

Поранешната локација на тврдината, во моментов се нарекува Place de la Bastille. Таа е сега дом на операта Бастилја. Големиот ров (fossé) позади тврдината бил претворен во пристаниште за јахти, на југ во Bassin de l'Arsenal (склад за оружје) и каналот Saint Martin кој се протега, северно од пристаништето , под коловозниот обиколен пат, кој се граничи со локацијата на тврдината. Некои сочувани остатоци од една од кулите на тврдината, биле пронајдени во 1899 година, при ископувањето на пат за метро ( железнички транзитен систем), кои биле пренесени во еден парк (плоштадот Henri-Galli), каде што можат да се видат денес. Оригиналниот план на тврдината е, исто така, одбележан на плочникот на улиците и на тротоарите кои поминуваат преку нејзината претходна локација, во форма на посебни поплочени камења. Поголемиот дел од локацијата на тврдината е покриен со кафулиња и други бизниси, а улицата Сент Антоан минува директно врз неа, со што се отвара излез до кружниот тек на Бастилја.

Наводи[уреди]

  1. Војна енциклопедија, Београд, 1970., књига прва, страна 502.

Имагинарни затвореници на Бастилја[уреди]

Комте де Рошфор (Тројцата мускетари, Дваесет години подоцна)

Доктор Александар Манет (Приказна за два града)

М. Тенардиер (Les Miserables)

Филип (Човекот со железна маска)