Пиво

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пиво во кригла

Пивото е алкохолен пијалок кој настанува со ферментација на скробеста супстанца (житни растенија: јачмен, хмељ), кој не е дестилиран после ферментацијата. Производството на пиво и некои други алкохолни пијалоци често се нарекува превривање (англиски: brewing). Историски, пивото е познато од Античките Египќани и Месопотанци, и датира од пред 4000 год. п.н.е., но овие пива биле апсолутно поинакви од денешните Скопско, Даб, Горско или Хајнекен. Поради тоа што состојките што се користат за производство на пивото се различни од место во место, особините на пивото (типот, вкусот и бојата) многу се разликуваат.

Историја[уреди]

Први пишани остатоци за правење пиво се зачувани на глинени плочи и датираат од пред 6000 години пред наша ера, а потекнуваат од Сумерците. Пиварите во времето на Сумерците биле угледни граѓани.

Во 1985 година група од Националниот шкотски музеј од Единбург пронашле садови од теракота во Рим, кои потекнувале од периодот на неолитот со непознати состојки. Анализата на пронајдокот довела до пијалoк за пиво направено од овес, јачмен, мед и папрат.

Овој пијалoк, за кој многумина тврдат дека станува збор за храна, се користел уште во праисторискиот период. Го произведувале Келтите, Германците,Словените и Скитите. Тогаш се правело од јачмен, пченица, овес и леќа, а многу стари народи додавале зачини и мед. Хмељот главната состојка на денешното пиво, почнала да се користи дури од XIII век. Пивото во средината на стариот век се конзумирало во повеќе области како Ерменија, Месопотамија и Египет. Од тие подрачја пивото го презеле Грците и Римјаните.

Од старите наоѓалишта и записи, археолозите утврдиле дека старите Вавилонци произведувале пиво во домовите уште пред 7000 години пред наша ера. Имале 16 видови пиво. Во сумерско-вавилонскиот еп за Гилгамеш се спомнува пиво.[1] Одовде се пренело производството на пиво во стар Египет, Персија, Грција и во други земји. Египќаните знаеле да прават пиво уште 2000 години пред наша ера. Артефактите пронајдени во гробници покажуваат дека во стар Египет производството на пиво не било само развиено туку и комерцијализирано. Најстарата слика која прикажува луѓе како пијат пиво потекнува од Египет, 3400 година п.н.е. [1]Грците со прифаќањето на Египетската цивилизација научиле да произведуваат пиво, а по нив Римјаните и останатите европски земји. На европскиот континент пивото се пренело со доаѓањето на Келтските племиња од Азија, некаде околу 1000 година п.н.е. Во тоа време пивото е правено од шеќер, но без хмељ, така што добиениот производ бил прилично кисел. Тогаш во пивото додавале различни треви – пелин, лупин, глог, качунка и други. Примената на хмељот претставува важно откритие и темел на современа технологија за пиво. Хмељот прв пат почнал да се користи во Новогорска Русија. Зборот пиво (бира, биер, бер, бицре) настанал во манастирите некаде помеѓу VI и VII век, во времето кога при варењето на пиво почнало да се дедоава хмељ. Во средниот век со произведување на пиво се занимавале калуѓерите. Калуѓерите биле првите кои додале хмељ во пивото – од медицински причини, но и поради подобра конзервација. Било прогласено за ,,Христијански лековит напиток“, за да се вклучи во калуѓерската храна, а било дозволено да се пие и за време на пости. Нема податоци за тоа дека се произведувало во православни манастири.

Усовршувањето на парната машина се одразило во пиварството. Благодарение на најважните научно-технички достигнувања во XIX век, поставени се основите на претворањето од мали работилници во големи фабрики за пиво. Најголеи производители се Германија, Велика Британија, САД, а по нив Чешка, Белгија и Ирска.

Пиво во законот[уреди]

Пивото се појавило во првиот пишан закон на светотХамурабиевиот законик вели: ,,Пивото не смее да содржи премногу вода и не смее да се продава по превисока цена”. Во законот стои дека ако на гостинот не му се наплаќа со жито, туку со пари, се мами со тежината или точи неубаво пиво, треба да се повика на одговорност и да се фрли во вода. Во пивница жена можи да точи пиво, но не и да биде гостинка.

Се знае дека во тоа време пивото било една секојдневна потреба за да се изгаси жедта, но и поради неговите енергетски вредности. Копачите на канали и мажите кои работеле в поле добивале дневно до пет литри пиво, а жените кои работеле тешки физички професии два до три литри пиво.

Предание[уреди]

Постои приказна која кажува како лиѓето го откриле пивото. Поточно еден пекар го заборавил тестото кое го направил на сонце и тоа се претворило во течност. Вкусот на оваа течност кој бил кисел и горчлив ми се допаднал на пекарот.[1]

Теорија[уреди]

Според мислењата на научниците, пивото влијаело на прекинот на номадскиот живот на луѓето. Откривањето на пивото било потребно за да се одгледува жито, што не било возможно со непрекинатите селидби. Овие случки се визија за почеток на човековиот вид.[1]

Добивање[уреди]

Шаблон:Главни чланак

Се произведува со алкохолно вриење од слад, хмељ, вода и пивски квасец. Водата служи како растворувач. Сладот се добива од житарици, најчесто од јачмен. Хмељот има улога на конзерванс и му дава соодветен мирис и горчлив вкус на пивото, додека пивскиот квасец предизвикува алкохолно испарување во кое шеќерот преминува во алкохол диоксид. Производството на пиво се дели на:

  • технологија слад
  • технологија пиво

Технологијата за припремање на сладот опфаќа:

  • чистење и сортирање на јачмен
  • натопување и 'ртење
  • сушење на зелениот слад
  • ослободување на сладот од нечистотии
  • полирање

Технологијата за производство на пиво опфаќа:

  • призводство на слад
  • главно и споредно испарување
  • бистрење и полнење на пиво

Состав на пивото[уреди]

Состојки на пивото се: вода, етанол, јаглерод диоксид и екстракт од слад. Улогата на етанолот зависи од концентрацијата на сувата материја во сладот од која е произведено пивото и степенот на варење. Во зависност од видот на пивото, влијанието на алкохолот може да биде различен т.е. помал од 0,5% кај безалкохолните пива и поголем од 8% кај алкохолни пива. Лагерот на пивото содржи до 0,5% јаглерод диоксид, кој му дава свежина, и има силно влијание во пенливоста. Стабилноста на пената зависи од концентрацијата и хемискиот состав на непреврелиот дел од екстрактот, според тоа пивото со повеќе екстракт повеќе се пени. Колку долго пената ќе стои во чашата зависи од количината и хемискиот состав на екстрактот. Пожелно е пивото кога се тура во чаша да се пени за оваа густа и цврста пена да се задржи на површината најмалку 3 минути. Меурите на јаглеродниот диоксид кој одат, од дното кон површината на чашата помагаат за одржување на пената. Екстрактот за пиво претежно го прават јаглехидратите и мала количина протеини, аминокиселини, глицерини и составните делови на хмељот. Од составот на екстрактот зависи пивскиот вкус. Хемискиот состав на екстрактот не зависи само од класата на сладот, туку и од начинот на производство на сладот и на самата ферментација. Енергетска вредност на еден литар стандардно пиво одговара на енергетска вредност од еден литар полномасно млеко.

Производство и потрошувачка на пиво[уреди]

Најголеми потрошувачи на пиво во Европа се Чесите, кои, во 2013 година, во просек, пиеле по 144 литри, годишно, што претставува намалување во споредба со 2003 година, кога просечната потрошувачка во Чешката република изнесувала 160 литри, годишно.[2]

Литература[уреди]

  • „Блиц панорама“ – „Истине и заблуде о пиву“ број 96, стр. 4 и 5, 12.10.2008.

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Политикин забавник број 2963; датум: 21.11.2008. страна 62. Издаје и штампа: Политика АД.
  2. "Чесите годишно пијат по 144 литри пиво", Дневник, година XVIII, број 5439, петок, 11 април 2014, стр. 13.