Качунка

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Crocus
Crocus sativus
Научна класификација
Царство: Plantae
Надоддел: Spermatophyta
Нерангирано: Angiospermae
Нерангирано: Monocotyledoneae
Ред: Asparagales
Фамилија: Iridaceae
Потфамилија: Crocoideae
Род: Crocus
L.
Типски вид
Crocus sativus
L.
Видови

Во текстот.

Родот качунка (латински: Crócus) обединува многугодишни тревести растенија од фамилијата на перуники (Iridaceae). Видовите од овој род се распространети од источното Средоземје до Централна Азија.

[уреди] Распространување

Ареалот го вклучува Средоземјето (особено Јужна Европа и Северна Африка), Централна Европа, Мала Азија, Блискиот Исток и Централна Азија сè до западна Кина, при што се среќаваат во различни биотопи - степи, ливади (меѓу кои и високопланински) и шуми.

За претставниците од овој род се потребни отворени сончеви станишта и пропуслива почва.

[уреди] Опис

Луковици од Crocus sieberi.

Луковицата е 3 cm во дијаметар, округла или плосната, облечена во лушпи.

Стебло не се развива.

Листовите се линејни, се појавуваат за време или по цветањето.

Цветовите се единечни, понекогаш 2-3 од една луковица, опкружени со мембранозни лушпи. Околуцветникот е голем, во вид на долга инка, венчето се состои од 6 дела кои преминуваат во долга цилиндрична трубичка. Прашниците се прикачени за вратот на околуцветникот и се пократки од него; прашничките филаменти се кратки; антерите се исправени, линеарни, обично подолги од филаментите. Столпчето е нишковидно со три жига.

Плодовите се од типот на триделни кутијки; семињата се мали и зааглени.

Периодот на цветање е од пролет до есен (кај различните видови).

Според бојата на цветовите, качунките се делат на две групи: жолтоцветни (со жолта до портокалова боја) и синоцветни (со светлолилјакова до темновиолетова боја); се среќаваат и албино форми - почесто кај синоцветните, а поретко кај жолтоцветните.

[уреди] Систематика

Crocus aleppicus и Crocus versicolor.
Култивирани форми на Crocus vernus и Crocus flavus (лево) и Crocus banaticus (десно).
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици