Хамурабиев законик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хамурабиевиот законик на стела
Друга страна на стелата со релјеф
Кос поглед на стелата

Хамурабиевиот законик (создаден ~ 1760 п.н.е.) е еден од првите збирки закони (законици или кодекси) и најдобро зачуваниот пример на овој вид на документ од Месопотамија. Создател на законикот е Хамураби. Претходни збирки на закони се Законикот на Ур-Наму, крал на Ур (~ 2050 п.н.е.), Законикот на Ешуна (~ 1930 п.н.е.) и Законикот на Липит-Иштар од Исин (~ 1870 п.н.е.).

Законикот набројува кривични дела и ним соодветните казни, како и решенија за чести спорови и водич за поведение на граѓаните. Во законикот нема место за објаснувања и опрадвувања, но, се разбира, дава можност за изложување на докази. За опсежен преглед, видете Вавилонско право.

Законикот стоел јавно, на очиглед на секој; така, никој не можел да се оправдува дека не го познавал законот. Меѓутоа стручњаците претпоставуваат дека во тоа време ретко кој обичен граѓанин знаел да чита.

Историја[уреди]

Хамураби (~ 1810 п.н.е. – 1750 п.н.е.) сметал дека тој бил избран од боговите да му ги даде законите на неговиот народ. Во предговорот на законикот тој вели:

... Ану и Бел ме повикаа по име мене, Хамураби, воздигнатиот принц, којшто има страв од Бога, да го донесам владеењето на правдата на земјата, да ги уништам злобните и оние кои прават лошо; за силните да не ги повредуваат слабите; за да владеам врз луѓето како Шамаш, да донесам светлина на земјата, да придонесам кон благосостојбата на човештвото...[1]

Во горниот дел од стелата, Хамураби е прикажан пред престолот на богот на сонцето Шамаш.

Закооните се нумерирани од 1 до 282 (недостасуваат бр. 13 и 66-99) и се испишани на старовавилонски на 2.5-метарска стела од црн базалт[2] Стелата била откриена во декември 1901 во Суза, Елам, денешен Хузестан, Иран, каде била запленета од Еламскиот крал Шутрук-Нахунте во XII век п.н.е. Денес е изложена во музејот Лувр, Париз.

Овој законик е првиот во кој стои дека некои закони се толку основни, што дури ни кралот не може да ги менува. Хамураби ги исшишал законите во камен, за да бидат непроменливи. Се верува дека изреката „Око за око, заб за заб“ потекнува од овој законик.

Хамурабиевиот законик бил еден од многуте збирки закони во древниот Близок Исток. Највеќето од овие законици произвлегле од слични култури и сродни народи во рамките на релативно мал простор, па така содржат пасуси слични еден на друг. Закониците како претходниот законик на Ур-Наму, од династијата Ур-III (XXI век п.н.е.), хетитскиот законик (~ 1300 п.н.е.) и Тората (~ 1400 п.н.е. под Мојсеј) се одликуват со сличности со Хамурабиевиот законик и другите законици од истата географска територија.

Видете исто така[уреди]

Белешки[уреди]

  1. „Законикот на Хамураби (18 век пред новата ера)“. Агора. http://www.agora.org.mk/napis.asp?lang=mac&rubrika=2&id=188. конс. 4 јули 2007. 
  2. „Law Code of Hammurabi, king of Babylon“. http://www.louvre.fr/llv/oeuvres/detail_notice.jsp?CONTENT%3C%3Ecnt_id=10134198673226487&CURRENT_LLV_NOTICE%3C%3Ecnt_id=10134198673226487&FOLDER%3C%3Efolder_id=9852723696500800&bmUID=1156475018923&bmLocale=en. конс. 23 март 2007. 

Наводи[уреди]

  • Falkenstein, A. (1956–57). Die neusumerischen Gerichtsurkunden I–III. München.
  • Kohler, J. & Peiser, F.E. (1890). Aus dem Babylonischen Rechtsleben. Leipzig.
  • Johns, C. H. W., M.A. (1903). The Oldest Code of Laws in the World: The Code of Laws Promulgated by Hammurabi, King of Babylon B.C. 2285-2242. Edinburgh.
  • Elsen-Novák, G. / Novák, M.: Der 'König der Gerechtigkeit'. Zur Ikonologie und Teleologie des 'Codex' Hammurapi. In: Baghdader Mitteilungen 37 (2006), стр. 131-156.
  • Julius Oppert и Joachim Menant (1877). Documents juridiques de l'Assyrie et de la Chaldee. París.
  • Thomas, D. Winton, Едиц. (1958). Documents from Old Testament Times. London and New York.

Надворешни врски[уреди]