Пикардија
| Пикардија Picardie |
|
|---|---|
| — Регион на Франција — | |
| Земја | Франција |
| Префектура | Амјен |
| Департмани | |
| Управа | |
| • Претседател на советот | Клод Геверк (PS - Социјалистичка партија) |
| Површина | |
| • Вкупна | 19.399 км2 |
| Население (2007-01-01) | |
| • Вкупно | 1.890.000 |
| Час. појас | CET (UTC+1) |
| • Лете (DST) | CEST (UTC+2) |
| NUTS | FR2 |
| Портал | cr-picardie.fr |
Пикардија (француски: Picardie, француски изговор: [pikaʁdi]) е еден од 27-те региони во Франција. Се наоѓа во северниот дел на Франција.
Содржина |
Историја [уреди]
Историската провинција Пикардија се протегала северно од Нојон до Кале, низ целиот департман Сона и северно од департманот Ена. Провинцијата Артоа (областа Арас) ја делела Пикардија од Француска Фландрија.
Денес, современиот регион Пикардија не го вклучува брегот од Берк до Кале, преку Булоња (Булоне), кој денес е во регионот Север-Па де Кале, но ги вклучува земјите (pays) Бовези, Валоа, Нојоне, Лаоноа, Соасоне, Омоа на југ од департманите Ен и Оаз.
Географија [уреди]
Пикардија се протега од долгите песочни брегови на устието на Сома на запад до пространите шуми и пасишта на исток и надолу кон замоците на Шантији или Пјерфон близу до париското подрачје и на југ сé до виноградите на границата со Шампања (Champagne picarde). Регионот се состои од 4 департмани:
Култура [уреди]
Пикардското културно наследство вклучува некои од најубавите готски цркви (Катедралите во Амјен и Буве), изразена локална гастрономија (ficelle picarde, flamiche aux poireaux, tarte au maroilles), пиво и традиционални игри и спортови како longue paume (претходникот на тенисот), како и пикардските танци.
Демографија [уреди]
Според пописите помеѓу 1990 и 1999, населението на Оаз се зголемувало за 0,61% годишно (речиси двојно побрзо од Франција во целина) додека департманот Езн бележи намалување на населението додека пак во Сома сосем малку било во пораст (за 0,16% годишно). Денес, 41,3% од популацијата на Пикардија живее во департманот Оаз.
Администрација [уреди]
Претседател на Регионалниот совет е Клод Геверк, припадник на социјалистите кој е на истата функција од 2004. Од 2008, градоначалник на градот Амјен, главен град на регионот, е социјалистот Жил Демеји.
Поголеми градови [уреди]
Поврзано [уреди]
Наводи [уреди]
Надворешни врски [уреди]
- Официјална страна на регионот (француски)
- Пикардија, краток водич за регионот и неговите знаменитости (англиски)
- Фотографии од Пикардија (англиски)
- Слики од Јужна Пикардија (англиски)
|
|||||||||||||