Север-Па де Кале

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Север-Па де Кале
Nord-Pas-de-Calais

—  Регион на Франција  —
Земја Франција
Префектура Лил
Департмани
Управа
 • Претседател на советот Даниел Першерон (PS (Социјалистичка партија))
Површина
 • Вкупна 12.414 км2
Население (2007-01-01)
 • Вкупно 4.018.644 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
NUTS FR3
Портал nordpasdecalais.fr

Север-Па де Кале (француски изговор: [nɔʁ pa də kalɛ]  ( слушнете); холандски: Noord-Nauw van Kales), е еден од 27 региони во Франција. Се состои од департманите Север и Па де Кале, и на север се граничи со Белгија. Поголемиот дел од регионот порано бил дел од Јужна Холандија, и меѓу 1477 и 1678 постепено станувал дел од Франција. Историските провинции денес вклучени во Север-Па де Кале се Артоа, Булоне, Калези, Камбрези, Француска Фландрија, Француски Ено, делови од Северна Пикардија, како и областа Рударски Басен (Meiners-Bassen). Со своите 323.7 жители на км2 на само 12,400 км2, тоа е густо населен регион, броејќи вкупно околу 4 милиона жители—7% од вкупното насеение на Франција, со што е четврти најнаселен регион во земјата—од кои 83% живеат во градски подрачја. Негов најголем град и административен центар е градот Лил. Втор град по големина е Кале.

Име[уреди]

Името Север-Па де Кале е комбинација од имињата на два негови департмана: Север и Па де Кале.[1] Северниот дел од регионот историски бил дел од Фландрија, со Дуе (холандски: Dowaai) како негов главен град. Малцинството кое сака да ги потврди историските врски што регионот ги има со Белгија и Холандија претпочита регионот да го нарекува Француска Холандија (н француски: Pays-Bas français; холндски: Franse Nederlanden или Franse Lage Landen).[2] Разни петиции со влијание врз жителите но не и врз политичарите, или локалните власти,[3] се преземаат во интерес да се преименува регионот.[4] Други алтернативни имиња се Регион Фландрија-Алтроа (Région Flandre(s)-Artois), Горна Франција (Hauts-de-France), и Северна Пикардија (Picardie-du-Nord).

Географија[уреди]

Географска положба на Север-Па де Кале.

Север-Па де Кале е регион на крајниот север на Франција. Се состои од два департмана: Север и Па де Кале. Тие пак се составени од историски грофовства на Франција: Артоа, Булоња, Фландрија и Ено. Се протега меѓу[5], на површина од 12.414 км2, односно зафаќа 2,35 % од француската територија[5]. Излегува на Ла Манш на запад, и на север на Северното море, брег кој изнесува 140 километри[5],[6] и на север се граничи со Белгија[7] додека на југ се граничи со Пикардија.

Клима[уреди]

Иако регионот е на најсеверниот дел на Франција, климата во регионот не е најстудената. Влијанието на Атлански океан Атлантикот придонесува за променливото време и влијае на бројот на сончевите часови кои изнесуваат не повеќе од 1.600 часа годишно[5]. Западните ветрови еколошки поволно влијаат на регионот прочистувајќи го воздухот [5] [8]. Во борба против климатските промени, регионот во декември 2008 го објавил « Климатскиот план Север-Па де Кале »[9]. Овој план за цел има до 2050 за четвртина да се намалат издувните гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина оштетувајќи ја озонската обвивка[10].

Историја[уреди]

Населен уште во праисторијата, регионот Север-Па де Кале отсекогаш бил стратешки регион во Европа. Францускиот претседател Шарл де Гол, кој бил роден во Лил, го нарекувал регионот "фатална авенија" бидејќи низ него секогаш поминувале освојувачки војски. Низ вековите, тој бил освоен од страна на келтските Белги, Римјаните, германските Франки, Англија, Шпанците и Австриска Холандија, Обединетите провинции на Холандија, сé до конечното припојување кон Франција на почетокот на 18 век. Во тек на 4 и 5 век, практиката на Римјаните да населуваат германски племиња што служеле за нивни воени и одбрамбени услуги долж патот Булоња до Келн во регионот создало германско-римска лингвистичка граница која постоела сé до 8 век. До 9 век повеќето жители северно од Лил зборувале на среднохоландски дијалект, додека жителите на југ зборувале на романски дијалекти. Оваа лингвистичка граница сé уште е евидентна денес во имињата на местата. Во тек на Средниот век, во рамки на департманот Па де Кале биле грофовството Булоња и грофовството Артоа, додека департманот Север во поголем дел бил составен од јужните делови на грофовиите Фландрија и Ено. Булоња, Артоа и Фландрија биле вклучени во кралството на Франција додека Ено бил во рамки на Светото римско царство. Кале, од 1347 до 1558, бил англиска сопственост. Во 15 век, сите територии освен Кале, биле обединети под власта на војводите на Бургундија, заедно со други територии во северниот дел на Франција и области кои денес се Белгија, Луксембург, и Холандија. Со смртта на бургундскиот војвода Карло Ќелавиот во 1477, Булоне и Артоа потпаднале под круната на Франција, додека Фландрија и Ено ги наследила ќерката на Карло, војвотката Марија. Потоа, во 1492, Артоа припаднал на синот на Марија Филип I од Кастиља, како дел од обидот таткото на Филип, царот Максимилијан I, да остане неутрален во намерата на францускиуот крал Шарл VIII од Франција да ја нападне Италија. Оттука, поголемиот дел од територијата што денес е Север-Па де Кале биле обединети во бургундско наследство кое преку бракот на Марија поминало во власт на хабсбуршката династија. Овие територии биле составен дел од Седумнаесетте провинции на Холандија како што биле дефинирани во тек на владеењето на синот на Филип, царот Карло V, и преминало на синот на Карл, Филип II од Шпанија. Кога Холандија се кренала против шпанската власт, во 1566, териториите на денешен Север-Па де Кале биле најлојални на престолот и му послужиле на војводата од Парма да успее целиот јужен дел на Холандија да го врати повторно под шпанска власт.

Во тек на војната меѓу Франција и Шпанија во 17 век (1635-1659, 1667-1668, 1672-1678, 1688-1697), овие територии станале главни седишта на конфликт меѓу двете држави. Француската власт врз регионот постепено била воспоставувана – Артоа бил припоен во 1659, а поголемиот дел од денешен Север бил стекнат во 1678 со Нимегенскиот договор во 1678. Денешните граници во најголем дел се воспоставени во времето на Рисвичкиот договор во 1697. За време на Наполеон I француската граница била проширена и ја вклучувала цела Фландрија и денешна Белгија сé до договорот од Ватерло во 1815 кога границата била повлечена. Во тек на 19 век регионот забележал голема индустријализација и станал еден од водечките индустриски региони на Франција, веднаш зад Алзас-Лорен. Во тек на Првата светска војна, поголемиот дел на регионот бил окупиран од Германија. За време на Втората светска војна, регионот бил користен за инсталација на оружје - Вундервафе-, и оттука се лансирале напади врз Англија. Контраофанзивната Операција Кросбоу на бомбардирање опустошила многу градови во регионот. Иако поголемиот дел бил ослободен во септември 1944, Дункирк бил последниот француски град кој бил ослободен од германска окупација (9 мај 1945).

Култура[уреди]

Културно наследство[уреди]

Камбанериите (бефроа), симболи на независноста на градовите во Фландрија и Ено

Од 2005, 17 камбанерии од регионот Север-Па де Кале се класирани како светско културно наследство под заштита на УНЕСКО[11]. Од истата таа година, заштитени се и неколку фолклорни народни карневали во Белгија и Франција како нематеријално културно наследство на човештвото, исто така од УНЕСКО [12]. Во 2008, тврдината Арас е класирана како светско наследство во категоријата на тврдините на Вобан[13].

Јазик[уреди]

Иако во регионот доминира франкофонско население, сепак има две позначајни малцински заедници: француско-фламанска заедница која зборува варијанти на западно-фламански јазик, дијалект на холандскиот (се проценува околу 20.000 жители на Север-Па де Кале секојдневно користат фламански додека се проценува дека 40.000 го користат повремено, главно во околината на округот Дункирк [14]; и пикардска, која зборува на пикардски јазик.

Демографија[уреди]

Со своите 4 милиони жители, регионот бележи густина од 320 жители на километар квадратен и истиот е втор по густина на население, веднаш зад Ил де Франс. Додека во Франција 80 % од населението живее во градовите (според пописот од 2006[15], во Север-Па де Кале оваа стапка изнесува 95 % каде метрополизацијата се чини дека е еден од двигателите на економскиот развој а некогаш и на социо-економската и еколошката нееднаквост[16].
Воедно во овој регион живее најмладото население на континентална Франција, со 36,5 % жители кои имаат помалку од 25 години во однос на просечната национална стапка која изнесува 32,4 % (според INSEE 1999). Север-Па де Кале брои единаесет агломерации со повеќе од 50.000 жители : Лил (1.190.900 жители), Дуе-Ленс-Лиевен (552 682), Валенсиен (400.000), Бетин (205.872), Денкерк (191.173), Кале (104.852), Мобеж (99.900), Булоњ-сир-Мер (92.704), Арас (94.059), Камбре (58.828 hab), Арментиер (58.706).

Економија[уреди]

Север-Па де Кале станал голем центар на тешката индустрија уште во 19 век. По војната, регионот бил во тешка социо-економска ситуација но со пуштањето на тунелот под Ла Манш и TGV возот, економијата почнала значително да се подобрува. Во мај 2004 бројот на невработени достигнал до 12,8 %, односно 3 % над просечната национална стапка на невработеност која истата година изнесувала 9,8 %. Со БДП од 86.747 милиони евра, тој е рангиран на 4-то место во Франција.

Поголеми градови[уреди]

Лил, најголемиот град во Па де Кале
  • Лил и околината (над 1.5 милиони жители).


Познати личности[уреди]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Région Nord-Pas de Calais: Qu'est ce que la Région? Retrieved 4 January 2011
  2. „Streek Verbond Vlaanderen-Artesië-Henegouwen : Voor French Elephant Trunks de Franse-Nederlanden“. Streek-verbond.org. 7 ноември 2005. http://www.streek-verbond.org/. конс. 16 април 2010. 
  3. http://www.cap21npdc.net/article-et-si-on-se-decidait-enfin-a-changer-le-nom-de-la-region-55005742.html
  4. „Comité pour les Pays-Bas français - Pétition pour le changement de nom de la région Nord-Pas-de-Calais“. Pays-bas-francais.org. 29 јуни 2005. http://www.pays-bas-francais.org/. конс. 16 април 2010. 
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 „Généralité - Climat“. http://www.nordpasdecalais.fr/reperes/index.htm. 
  6. „Le Nord-Pas-de-Calais en plein renouveau (n°40 - 2000)“. http://www.diplomatie.gouv.fr/fr/article_imprim.php3?id_article=51918. 
  7. „Les ressources naturelles et culturelles du Nord-Pas-de-Calais“. http://www.insee.fr/fr/regions/nord-pas-de-calais/default.asp?page=themes/ouvrages/dev_durable/DVA0_01.htm. 
  8. „Une terre de contrastes où règne en maître le temps dit « variable »“. http://www.meteo59-62.com/index.php5?page=climat-nord-pas-de-calais. 
  9. „La région Nord-Pas-de-Calais lance son Plan Climat“. http://www.actu-environnement.com/ae/news/plan_climat_region_nord_pas_de_calais_6472.php4. 
  10. „Lancement du Plan climat régional“. http://www.nordpasdecalais.fr/communiques_presse/comm-2008/079.asp. 
  11. „Beffrois de Belgique et de France“. http://whc.unesco.org/fr/list/943. 
  12. „Géants et dragons processionnels de Belgique et de France“. http://www.unesco.org/culture/ich/index.php?RL=00153&topic=desc. 
  13. „Fortifications de Vauban“. http://whc.unesco.org/fr/list/1283/. 
  14. European Commission (2006). „The Euromosaic study: Flemish in France“. European Union. http://ec.europa.eu/education/policies/lang/languages/langmin/euromosaic/fr6_en.html. конс. 6 јануари 2007. 
  15. Insee Recensement 2006
  16. Guillaume Schmitt, « Inégalités écologiques et utilisation du sol : situation de la région Nord-Pas-de-Calais », Revue: Développement durable et territoires, Dossier 9 : Inégalités écologiques, inégalités sociales, mis en ligne le 1 octobre 2010, consulté le 26 mai 2011. ISSN électronique 1772-9971

Надворешни врски[уреди]