Осумдесетгодишна војна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Осумдесетгодишна војна

Опсада на Леиден, 1574.
Датум 1566-1648
Место Ниски Земји
Исход Договорот од Минстер;
Независност на
Завојувани страни
 Холандска Република
Англија Кралство Англија
Шпанија Шпанска империја

Осумдесетгодишната војна или Војна за холандската независност (1568-1648[1]) започнала по избувнувањето на холандското востание кое главно било насочено против Филип II од Шпанија, кој управувал со Хабсбуршките Ниски Земји. Војната завршила со потпишување на Вестфалскиот договор.

По крајот на војната, од територијата на Шпанија се отцепиле седум покраини, и ја формирале Холандската Република. Денешните земји Луксембург и Белгија останале под власта на Шпанија. Со создавањето на земјата исто така дошло и до основање на првите републики во Европа. По крајот на војната, новата република станала една од најголемите поморски сили во светот. Јужниот дел на Холандија (денешна територија на Белгија, Луксембург и северна Франција) за некое време останале под шпанска власт. Меѓутоа, долгата депресивна доминација на Шпанија во јужниот дел од земјата предизвикала бегството на голем дел од интелектуалната елита во северниот дел од земјата. Војната може да се подели во две фази: Војна за независност на Холандија и признавање на независноста од страна на европските сили.

Позадина[уреди | уреди извор]

Во зелено е прикажано Хапсбуршкото кралство за време на кралот Карел V во 1547.

Ниските земји, кои приближно соодветсвуваат на денешните Холандија, Белгија, Луксембург, се појавиле во почетокот на 16-от век по соединувањето на principalities кои веќе биле претежно соединети под династијата на Бургундија. Постоеле големи спротивставенсти помеѓу таканаречените poorters и gilden во побогатите градови и помеѓу припадниците на аристократијата во селата но и градовите. Помеѓу ваквите држави немало речиси никаква обединетост, а секоја од нив имала сопствени долговековни привилегии и институции, покрај бургундските напори да се обедини владата на Ниските Земји. Карел V за време на 16-от век, успеал, со исклучок на епископството на Лаук, преку наследство, бракови и освојувања да се прошири и да ги додаде териториите на Хелре, Утрехт, Оверајсел, Дренте, Фрисланд и Хронинген. Жителите на овие држави не чувствувале поврзаност со другите земји кои биле обединети. Тие главно се идентифицирале со сопствениот град или регион или со нивните сопствени провинции.[2] Карел V бил на чело на најмоќната империја и покрај владетел на Ниските Земји, тој исто така бил и император на Римското Царство и крал на Шпанија и сите нејзини колонии.

Сопственикот на земјата посакувал да создаде една силна централицирана држава од овие неповрзани седумнаесет провинции. Поради тоа што провинциите имале подолга традиција на автономија, сите имале различни привилегии и легислативи. За да се создаде поголема конзистентност во сферата на управната и судствената управа, се воспоставил процес да се ограничат одредени авторизации на провинциите и истите да бидат централизирани. Ова довело, исто како и за време на бургундскиот период, до големи протести од претставниците на градовите и регионите кои влегле во склоп на обединетата земја.[3]

Друга желба на сопственикот на државата била воведување на даноци за да инвестира ресурси во останатите делови на неговото проширено царство и полесно да води војни. Воведувањето на даноци не можело да биде воспоставено од сопственикот на земјата поради тоа што алоцирањето на пари исто така била една од привилегиите на земјите. При позајмувањето на пари од страна на земјите, често биле поставуваин барања за нивно трошење. Ваквите барања повторно можеле да се појават како пречка на процесот на централизација. Поради скапите војни и зголемувањето на бирократијата, сопственикот на државата почнал да добива сè повеќе пари, но тој се упте не бил во состојба да воспостави централно водење.[4] Во 1531 Карел V го поставил во Брисел Колатералниот Совет, под кој Советот на Стате бил најважен и кој ќе остане да постои како главното раководно тело на Хапсбуршките Ниски Земји сè до 1788 година.[5]

Покрај тоа што католицисмот била единствената дозволена религија, идеите на реформацијата во Ниските Земји брзо зел замав и со тоа се разликувале од идеите во Западна и Средна Европа. реформацијата во Ниските земји била претходена од Moderne Devotie, религиозно и образовно движење во внатрешноста на црквата кое се појавило во четиринаесеттиот век во Ајселстеден и го олеснила патот за хуманизмот, кој еден век подоцна бил проширен од Италија преку градовите на трговијата. За време на најраниот период на реформацијата, на почетокот на шеснаесеттиот век, почнале да се забележуваат најдрастичните последици: проширување на протестантскиот менталитет и намалување на влијанието на воспоставената црква.[6] Сопственикот на земјата не поддржувал никакво одделување од идејата на обединетост и протестантите биле протерувани. Покрај тоа, реформацијата се проширувала забрзано по 1550, но исто така се забрзало и протерувањето.[7] Сè поголеми бунтови се појавиле откако во 1540 започнала и економската криза.

Во 1555 trad Карел V абдицирал и огромното кралство кое го оставил зад себе било поделено помеѓу неговиот син Филипс II и неговиот брат Ferdinand. Шпанија, Новиот Свет и ниските земји му припаднале на Филипс, Фердинанд ги добил австриските држави и круната на кралството.

Причини[уреди | уреди извор]

Императорот Карло V, кој е роден во Гент и одраснал во Холандија уживал голема популарност во земјата. Во 1556 година тој абдицирал на сметка на својот син Филип II од Шпанија. Новиот император бил заколнет католик, и сакал да ја одржи својата вера во својата земја. Но, во исто време, во Холандија започнало да се шири Протестантството, особено Калвинизмот.

Во 1596 година, во градот Антверпен пред катедралата се случил инцидент помеѓу калвинистите и католиците. Овој инцидент бил повод калвинистите да започнат со напади кон црквите и да ги уништуват статуите на католичките светци. Нередите продолжиле неколку месеци, па затоа Филип од Шпанија испратил дел од својата армија за да го задуши бунтот и да воспостави ред. Можеби најголемата причина за војната била издадената пресуда од страна на Светата престолнина на 16 февруари 1568 година, според која сите граѓани на Холандија со мал исклучок се осудуваат на смрт. По само неколку денови, тоа било потврдено и од страна на кралот Филип и наредил наредбата на Папата да биде исполнета. Оваа пресуда во исто време претставува и најголемата смрттна пресуда изречена некогаш во историјата. Таа опфаќала околу 3.000.000 жители на Холандија.

Текот на војната[уреди | уреди извор]

Вилхелм I Орански, кој имал кралско потекло, застанал на чело на востанието. Во почетокот, шпанските војски напредувале многу брзо. Тие го зазеле Антверпен и други фламандски и нидерлански градови. Но, кога војната започнала да се разгорува, Холандија успеала главно преку опсади да зазеде голем број на територии од денешната нејзина територија, но не и Фландрија, кое подоцна довело до распаѓање на земјата на два дела. Вестфалскиот мир кој бил потпишан на 1 јануари 1648 година ја потврдил независноста на холандските покраини од Шпанската империја.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The Dutch States-General, for dramatic effect, decided to promulgate the ratification of the Peace of Münster (which was actually ratified by them on May 15, 1648) on the 80th anniversary of the execution of the Counts of Egmont and Horne, June 5, 1648. See Maanen, H. van (2002), Encyclopedie van misvattingen, Boom, p. 68. ISBN 90-5352-834-2.
  2. Deursen, A. Th. (2006): De last van veel geluk. Geschiedenis van Nederland 1555-1702, blz. 13-14
  3. Blom, J.C.H. en Lamberts, E. (2013): Geschiedenis van de Nederlanden, blz. 95-98
  4. Blom, J.C.H. en Lamberts, E. (2013): Geschiedenis van de Nederlanden, blz. 95-96, 104
  5. Israel, J.I. (2001): De Republiek, blz. 39
  6. Israel, J.I. (2001): De Republiek, blz. 81
  7. Blom, J.C.H. en Lamberts, E. (2013): Geschiedenis van de Nederlanden, blz. 104