Сома (река)
Од Википедија, слободната енциклопедија
Оваа статија се однесува на река. За истоимениот департман, погл. Сома (департман).
| Сома | |
Реката Сома во Амјен |
|
| Извор | Пикардија |
|---|---|
| Устие | Ламанш |
| Земји во сливот | Франција |
| Должина | 245 |
| Надм. вис. на изворот | 85 |
| Прос. истек | 35 |
| Сливно подрачје | ±6.000 |
Изворот на Сома кај Фонсом.
Устието на Сома во Ламанш
Сома (француски: Somme, пикардски: Sonme) е река во Пикардија, северна Франција.[1] По неа е именуван департманот Сома.
Реката е долга 245 км од изворот кај Фонсом близу Сен Кантен, сè до Сомскиот Залив и протокот Ламанш. Лежи во геолошка синклинала која воедно ја образува и реката Солент. Ваквиот терен му дава на течението прилично постојан и благ наклон.
Содржина |
Историски настани [уреди]
- Реката е веројатно најпозната по Битката на Сома во Првата светска војна (јули-ноември 1916).
- Сомскиот Залив бил зборно место за флотата на Вилијам Освојувачот во инвазијата на Англија во 1066 г.
- Реката ја преминала војската на Едвард III во 1346 во походот што кулминирал со Битката кај Креси.
- Англиската војска морала да ја премине реката во походот што завршил со Битката кај Аженкур.
- Во долините на Сома се одиграле големите битки што конечно ставиле крај на напредувањето на германската војска во Пролетната офанзива (1918).
Департмани и градови по течението [уреди]
- Ена: Сен Кантен
- Сома : Ам, Перон, Корби, Амјен, Абвил, Сен Валери на Сома, Ле Кротоа
Поважни притоки [уреди]
|
|
Наводи [уреди]
- Delattre, Ch., Mériaux, E. and Waterlot, M. Guides Géologiques Régionaux: Région du Nord, Flandre Artois Boulonnais Picardie (1973)
Надворешни врски [уреди]
Медиумски материјали поврзани со Сома на Ризницата.- Слики од Сома