Соасон

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Соасон

Soissons-hotel-de-ville.jpg
Општинска зграда
Грб на Соасон
Соасон се наоѓа во Франција
Соасон
Управа
Земја Франција
Регион Пикардија
Департман Ена
Округ Соасон
Градоначалник Патрик Деј
(2008–2014)
Статистики
Надм. вис. 38–130 м
(прос. 55 м)
Површина1 12,32 км²
Население2 28.523 жит.  (2008)
 - Густина 2315 жит/км²
INSEE/Пошт. бр. 02722/ 02200
1 Податоци од Катастарот на Франција. Не се вбројуваат езера, бари, ледници и речни утоки поголеми од 1 км².
2 Единечно сметање на населението: жителите на повеќе општини (на пр. студенти, воени лица) се бројат само еднаш.

Соасон е општина во департманот Ена во Пикардија во северна Франција, сместена на реката Ена, околу 100 километри (60 милји) североисточно од Париз. Тоа е еден од најстарите градови од Франција, и веројатно најстарата престолнина на Суесионите.

Историја[уреди]

Соасон влегува во пишаната историја под неговото келтско име (подоцна позајмено и во латинското име), Новиодунум, што значи "нова тврдина". Во Стариот Рим тоа бил град на Суесионите, споменат од Јулиј Цезар (B. G. ii. 12). Цезар (B.C. 57), откако заминал од Аксона (денешна Ена), навлегол во територијата на Суесионите, и после еден долг ден марширање со војската стигнал во Новиодунум кој бил опкружен со високи ѕидини и широк канал. Градот му се покорил на Цезар.

Од 457 до 486, под Аегидиј и неговиот син Сиагриј, Новиодунум бил престолнина на "Кралството Соасон", сé дури истото не паднало во рацете на франкискиот крал Клодовик I во битката кај Соасон.

Дел од франкиската територија на Неустрија, регионот на Соасон, и Опатијата на Св. Медар, изградена во 8 век, изиграле значајна улога во текот на владеењето на меровиншките кралеви (447-751). По смртта на Клодовик I во 511, Соасон станал престолнина на едно од четирите кралства на неговата поделена држава. Со тек на времето, кралството Соасон исчезнало во 613 кога франкиските територии биле споени во едно под власта на Клотар II.

Во 744 Синодот на Соасон се состанал на барање на Пипин III, и Свети Бонифациј, мисионер на Папата во паганска Германија, и ги осудил франкиските бискупи Адалберт и ирскиот мисионер Клемент.

Во текот на Стогодишната војна, француските сили извршиле голем масакр на англискиот стрелачки вод кој се наоѓал во гарнизонот сместен во овој град, во кој загинале или биле силувани многумина француски жители на градот.[1] Масакрот на француските граѓани од страна на француските војници ја шокирал Европа; Хенри V од Англија, бидејќи градот Соасон бил посветен на светците Криспин и Криспијан, тврдел дека ќе ја одмазди честа на светците кога се судрил со француските сили во битката кај Азенкур на денот на Св. Криспин во 1415.

Меѓу јуни 1728 и јули 1729 тука се одржал Соасонски конгрес во обид да се разреши долгата серија конфликти меѓу Велика Британија и Шпанија кои се претвориле во Англо-шпанска од 1727. Конгресот бил успешен и водел до потпишување на мировен договор меѓу двете завојувани страни.

Демографија[уреди]

Население
1793 1800 1806 1821 1831 1836 1841 1846 1851 1856 1861 1866 1872 1876 1881
7675 7229 8126 7765 8149 8424 9152 10.143 9477 7875 10.208 11.099 10.404 11.089 11.112
Население
1886 1891 1896 1901 1906 1911 1921 1926 1931 1936 1946 1954 1962
11.850 12.074 12.373 13.240 14.334 14.458 14.391 17.865 18.705 20.090 18.174 20.484 23.150
Население
1968 1975 1982 1990 1999 2008
25.890 30.009 30.213 29.829 29.439 28.523

Знаменитости[уреди]

Панорамски поглед од врвот на катедралата

Денес, Соасон е комерцијален и занаетчиски центар со Соасонската катедрала која датира од 12 век и урнатините на Опатијата Сен-Жан де Виње како две од неговите најзначајни историски знаменитости. Еспас Пјер Фол содржи исто така и музеи и ботаничка градина.

Катедралата[уреди]

Панорамски поглед од катедралата

Катедралата Св.Гервез и Св.протеј од Соасон е изградена во стилот на готската архитектура. Зградата била започната некаде околу 1177.[2]

Познати личности и настани[уреди]

  • Актерката Аурор Клеман била родена во Соасон во 1945.
  • Светците Криспин и Криспинијан станале маченици околу 286 во Соасон бидејќи го проповедале христијанството на локалните Гали.

Види исто[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „At Agincourt : Chapter XIX. Agincourt by G. A. Henty @ Classic Reader“. classicreader.com. http://www.classicreader.com/book/1913/20/. конс. 7 јуни 2010. 
  2. John James, The Template-makers of the Paris Basin, Leura, 1989.

Надворешни врски[уреди]