Меровинзи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кралство на Франките воспоставено од Меровинзите

Меровинзите биле салискофранкиска династија која владеела со Франките во регионот (познат како Франкија на латински) кој одговара на старата Галија од средината на 5-от век. Тие често војувале едни со други меѓу гранки во семејството. Во тек на последниот век на нивното владеење, династијата сé повеќе добивала само церемонијална улога. Владеењето на Меровинззите завршило во март 752 кога папата Захариј формално го соборил Хилдерик III.[1][2] Наследникот на Захариј папата Стефан II , исто така го потврдил и го крунисал Пипин Малиот наместо Хилдерик во 754 и со тоа започнува каролиншката монархија и почеток на Светото римско царство.

Тие понекогаш се нарекуваат и „долгокоси кралеви“ (лат. reges criniti) поради нивната долга коса (традиционално, водачот на Франките носел долга коса за да се разликува од Римјаните и свештенството). Терминот „Меровинзи“ потекнува од латинскиот збор Merovingi или Merohingi („синови на Меровех“)[3].

Потекло[уреди]

Меровиншката династија своето име го должи на полу-легендарниот Меровех (латинизиран како Meroveus или Merovius), водач на Салиските Франки, и се појавува во пошироката историја со победите на неговиот син Хилдерик I (457 – 481) против Визиготите, Саксите, и Алеманите. Синот на Хилдерик, Клодовик I (481 – 511) успеал да обедини повеќе Гали северно од Лоара и да ги стави под своја контрола во 486, кога го поразил Сијагриј, римскиот владетел во тоа подрачје. Тој победил во Битка кај Толбијак против Алеманите во 496, кога според Грегориј Турски, ја прифатил христијанската вера. Потоа тој ги поразил Визиготите чие кралство било во Тулуз во битка кај Вује во 507. По смртта на Клодовик, неговото кралство било поделено меѓу неговите четири сина, и во тек на следниот век оваа традиција на делба продолжила. Иако секој од овие меровиншки кралеви си владееле со свое кралство, за доцната Римска Империја тоа значело еден ист ентитет со кој колективно владееле овие неколку кралеви (секој во своето кралство) меѓу кои по ред настани можело да дојде до повторна обединување на целото кралство под еден владетел.

Историја[уреди]

Франкиски златен тремиз, имитација на византиски тремиз, средина на V век
Монета на Клотар II, 584-628. Британски музеј.

По смртта на Клодовик I' во 511, кралството на Меровинзите ги вклучувало сите Франки и цела Галија но не и Бургундија. За надвор, кралството, иако поделено меѓу различни кралеви, го задржало единството и ја освоило Бургундија во 534. После падот на Остроготите, Франките исто така ја освоиле и Прованса. После тоа нивните граници со Италија (со која владееле Ломбардите од 568) и со визиготската Септиманија останале мошне стабилни.[4]

Внатрешно, кралството било поделено меѓу синовите на Клодовик а подоцна и меѓу неговите внуци и честопати се војувало меѓу разните кралеви, кои брзо станувале сојузници или пак се вртеле еден против друг. Смртта на еден крал создавала конфликт меѓу преживеаните браќа или пак со синовите на покојниот, и сето тоа имало разноразни исходи. Подоцна тие конфликти станале дури и посилни. Честите војни не значеле целосно пустошење туку зеле речиси ритуален карактер, со определени 'правила' и норми.[5]

Најпосле, Клотар II во 613 го обединил целото франкиско кралство под еден владетел. Подоцнежните поделби предизвикале стабилни целини, односно Австразија, Неустрија, Бургундија и Аквитанија.

Триенс од Дагоберт I и монејер Romanos, Augaune, 629-639, gold 1.32g. Монета од Париз.

Честите војни ја ослабнале кралската моќ, додека аристократијата била во добивка и добивала огромни концесии од кралевите заради нивната поддршка. Со овие концесии моќта на кралот пропаѓала на сметка на грофовите и војводите). Сепак во недостиг на доволни извори, многу малку се знае за текот на 7-от век. Меровинзите останале на власт сé до 8-от век. Синот на Клотер Дагоберт I (умрел во 639), кој испратил трупи во Шпанија и во паганските словенски територии на исток, е последниот моќен меровиншки крал. Подоцнежните кралеви се познати како rois fainéants ("никакви кралеви"), односно кралеви кои ништо не правеле туку препуштале на своите мајордоми да им ги вршат работите. Многу кралеви млади дошле на тронот а потоа и млади умирале, со што уште повеќе се намалувала кралската моќ.

Конфликтот меѓу мајордомите завршил кога Австразиците под Пипин Средниот во 687 победил во Битка кај Тертри. После ова, Пипин, иако не бил крал, станал политички водач на франкиското кралство и оваа поиција му ја оставил во наследство на неговиот син. Сега синовите на мајордомите го делеле кралството меѓу себе под владеење на единствен крал.

После долгото владеење на Пипин, неговиот син Карло Мартел стекнал моќ, борејќи се против благородниците и неговата маќеа. Неговата репутација на суровост дополнително ја поткопала кралската моќ. Под водство на Карло Мартел, Франките ви поразиле Маврите во Битка кај Тур во 732, сопирајќи го ширењето на исламот на европскиот континент. Во тек на последните години од неговиот живот, тој дури владеел и без крал, сепак, тој не зел кралско достоинство. Неговиот син Карломан и Пипин уште еднаш го удостоиле Хилдерик III за да го задушат бунтот на периферијата на кралството. Сепак, во 751, Пипин најпосле го аменил последниот Меровинг и, со поддршка на аристократијата и со благословот на папата Захариј, станал еден од француските кралеви. На отфрлениот Меровинг му била ошишана симболичната долга коса и бил пратен во манастир. Со Пипин, Каролинзите станале кралеви на Франките.

Власт и закон[уреди]

Меровиншки кралства

Меровиншкиот крал бил господар на сé што ќе се стекнело со војна, емја, луѓе, предмети, и тој бил задолжен за поделбата на стекнатото богатство меѓу неговите следбеници, што значи неговата моќ не била апсолутна. "Кога умирал неговиот посед бил еднакво поделен меѓу наследниците иако се работело за личен посед: кралството било форма на оставштина " (Rouche 1987 p 420). Некои историчари сметале дека ова се случувало дека на Меровините им недостигало смисла за of res publica (анг. republic за "public matter"), но други историчари го критикувале ова гледиште како премногу поедноставување на нештата.

Кралевите своите намесници ги назначувале да бидат комити (грофови), задолжувајќи ги за одбраната, администрацијата, и за пресуди при кавги. Грофовите требале да снабдуваат со војска, да регрутираат и да ги снабдуваат со земја. Овие војски биле повикувани од кралот како негова воена поддршка. Годишни национални собранија на аристократи одлучувале за поголемите политики и за војувањето. Војската исто така ги прогласувала новите кралеви дигајќи ги на своите штитови продолжувајќи ја така старата практика со која кралот бил оној што ќе победел во битка. Понатаму, од кралот се очекувало да се оддржува самиот со производите на неговото лично царство (royal demesne), што било нарекувано фиск. Овој систем со време се развил во Феудализам, и очекувањата кралот да се оддржува сам траеле сé до Стогодишната војна. Трговијата опаднала со опаѓањето и пропаѓањето на Римското царство, па во поголемиот дел се опстојувало од емјоделието. Во останатата интернационална трговија најмногу доминирале блискоисточните трговци, најчесто еврејските Раданити.

Меровиншкиот акон не бил универзален акон кој важел подеднакво са сите; тој се применувал а секој поединец зависно од неговото потекло: Рипуријанските Франки биле предмет на нивниот Lex Ripuaria додека пак таканаречениот Lex Salica (Салиски Закон) важел а салиските кланови, чиј прв обид за кодифицирање бил во 511 (Rouche 1987 p 423) и се укинал кога владеела династијата Валоа.

Религија и култура[уреди]

Франкиски златен тремис со христијански крст, со потекло од Дорестад, Холандија, mid-600s.

Христијанството било донесено кај Франките од страна на монасите. Најпознатиот од сите овие мисионери е Свети Колумбанус, ирски монах кој ивршил големо влијание кај кралицата Батилда. Меровиншките кралеви и кралици ја користеле новоформираната свештеничка моќ во своја корист. Манастири и епископски седишта биле давани како награда на елитите коишто ја поддржувале династијата. Големи парчиња емја биле донирани на манастирите, истите биле ослободени од даноци за да се зачуваат во семејството. Семејството ја зачувало власта врз манастирите со тоа што членови на семејството биле именувани за игумени, опати (аба). Некои синови и ќерки кои не можеле да се венчаат биле праќани во манастирите за да не го загрозат наследството на постарите деца. Оваа прагматична примена на манастирите осигурала тесни врски меѓу елитите и манастирските имоти.

Златен пехар од Гурдоновото богатство.
Горен дел на меровиншки саркофаг со христијански IX монограм, Музеј Сен-Жермен-ен-Лај.
Франкиски столб од Богородичната црква во Дорад, Тулуз, carved 400-600 CE.

Бројни Меровинзи кои служеле како бишопи и опати, и кои биле основачи на опатии и манастири, биле прогласувани за свети. Најкарактеристична форма на меровиншката култура е претставена преку житијата на светците. Меровиншката хагиографија не била да се реконструира биографија во римска или модерна смисла, туку да се привлече и задржи народната побожност со формули на обработени книжевни вежби, со што Франкиската црква ја канализирала народната побожност, ја дефинирала природата на светоста и задржала одредена контрола вр култовите кои спонтано се равивале при погребите, каде животната сила на светецот била присутна да чини добрина при верски пожеланија.[6]

Vitae et miracula („Животи и чуда“), кои биле суштинскиот елемент на меровиншката хагиографија, биле гласно читани на праникот на светецот. Многу меровиншки светци, и поголемиот дел светици, биле локални, обожавани стриктно во нивниот регион; нивните култови оживеале во средниот век, кога голем број од женската популација се заредувале во манастир.[7]

Меровиншки светци кои не биле само локални[уреди]

Кралеви[уреди]

Кралици и игумении[уреди]

Меровиншки некрополи[уреди]

Меровиншка некропола од Сиво (Франција)

Меровиншките гробови биле саркофази од глина, ковчези од дрво а некогаш поединци закопани само во земја. Тие обично содржеле бројни накити, оружја, остатоци од облека и други дарови. Дури во каролиншката епоха, даровите биле забранети од Црквата, како паганска пракса.

Главно, истражувањата покажуваат дека луѓето биле со добро здравје и робустни, ретко се забележува дека гладувале.

Многу ретко има детски гробови. Во тој период, децата се крштевале на возраст од 3-4 години, кога биле сигурни дека детето е во добро здравје и дека ќе живее, бидејќи едно крштевање чинело мошне скапо. Починатите деца кои не биле крстени биле закопувани како не-христијани, надвор од светите места.

Меровинзите во псевдо-историјата/популарната култура[уреди]

Тремис од Шариберт II (629-632), minted at Banassac, bearing his effigy and name.

Во бројни митови Меровинзите се прикажани како потомци на Тројанците,[8] или на петоглавото морско чудовиште познато како Квинотаур. Меровинзите се нашироко споменувани во книгата Света крв и светиот грал, во која се вели дека се потомци на Исус, базирано на лажна информација што ја пуштил Пјер Плантар во средината на 20-от век. Филмот од 2006, Кодот на Да Винчи, базиран на истоименото дело на Ден Браун, ги третира истите теми на светата крв“. Во него, главниот лик, Софи, открива дека е потомок на меровиншката крвна лоза, која потекнува директно од самиот Исус Христос. Меровинг е името на антагонистот во третиот дел на трилогијата Матрикс. Некои карактеристики на овој лик соодветствуваат со карактеристиките на однесувањето на Меровинзите.

Наводи[уреди]

  • Beyerle, F and R. Buchner: Lex Ribuaria in MGH, Hannover 1954.
  • Eugen Ewig: Die Merowinger und das Frankenreich. Stuttgart: Kohlhammer, 2001.
  • Patrick J. Geary: Before France and Germany: The Creation and Transformation of the Merovingian World, Oxford & New York: Oxford University Press, 1988.
  • Kaiser, Reinhold: Das römische Erbe und das Merowingerreich, (Enzyklopädie deutscher Geschichte 26) (München, 2004)
  • Rouche, Michael: "Private life conquers State and Society" in Paul Veyne (ed.), A History of Private Life: 1. From Pagan Rome to Byzantium, Cambridge, MA: Belknap Press, 1987.
  • Werner, Karl Ferdinand: Die Ursprünge Frankreichs bis zum Jahr 1000, Stuttgart 1989.
  • Oman, Charles: The Dark Ages 476-918, London, 1914.
  • Wood, Ian: The Merovingian Kingdoms 450-751, New York: Longman Press, 1994.
  • Effros, Bonnie. Caring for Body and Soul: Burial and the Afterlife in the Merovingian World. Penn State Press, 2002. ISBN 0-271-02196-9.

Белешки[уреди]

  1. Charles Knight, The English Cyclopaedia: Volume IV, (London : 1867); pg 733 "Ние немаме посреден доказ за овој начаен настан, освен дека Пипин бил помазан во Соасон, во март 752, од Бонифициј, архиепископ од Мајнц, наречен апостол на Германија, пред собирот на нацијата."
  2. Claudio Rendina & Paul McCusker, The Popes: Histories and Secrets, (New York : 2002), pg 145
  3. Babcock, Philip (ed). Webster's Third New International Dictionary of the English Language, Unabridged. Springfield, MA: Merriam-Webster, Inc., 1993: 1415
  4. Archibald R. Lewis, "The Dukes in the Regnum Francorum, A.D. 550-751." Speculum 51.3 (July 1976, pp. 381-410) p 384.
  5. Guy Halsall, Warfare and Society in the Barbarian West, 450-900 (Routledge, London, 2003)
  6. J. M. Wallace-Hadrill, The Frankish Church,, V:"The Merovingian Saints" (1983), pp. 75-94.
  7. Judith Oliver, "'Gothic' Women and Merovingian Desert Mothers" Gesta 32.2 (1993), pp. 124-134.
  8. Peter G. Bietenholz, Historia and Fabula: Myths and Legends in Historical Thought 1994:190.

Надворешни врски[уреди]

Шаблон:Кралски династии во Европа