Меровех

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Рељеф во сребро од 1867 г. кој ја покажува победата на Меровех во битка, од Емануел Фремие.

Меровех (латински: Meroveus или Merovius) бил легендарен основоположник на династијата Меровинзи кои биле Салиски Франки (иако фактички Клодион може да е основоположникот), кое подоцн станало доминантно племе кај Франките. Се мисли дека живеел во првата половина на 5-от век. Неговото латинизирано име потекнува од старогерманската форма Marwig (cf. māri "славен" + wīg "борба").[1] Првите франкиски кралски династии во негова чест себеси се нарекувале Меровинзи или ("потомци на Меровех").

Постојат многу малку информации во историјата поврзани со кралот Меровех. Григор Турски само го именува еднаш како татко на Хилдерик I додека пак се сомнева дека татко му бил Клодион.[2] Многумина признаваат дека тоа се должи на легендата раскажана од Фредегар.[3] Во Хрониката на Фредегар се вели дека Меровех бил син на кралицата, сопругата на Клодион; но дека нему татко му бил морскиот бог Нептуни.[4] Ниеден друг историски доказ не укажува на тоа дека Меровех негогаш постоел. Некои историчари тврдат дека Меровех, предокот на сите Франки, можеби било името на некое божество или полубожество кое Франките го славеле пред да го прифатат христијанството. Дури се вели и дека Меровех можеби се однесува на холандската река Мерведе,[5] денес дел устието Рона-Меза-Шелт но порано главна притока на Рона, во подрачјето каде, според римските историчари, некогаш живееле Салиските Франки. Една друга теорија[6] вели дека оваа легенда се должи на создавањето на некакво митско минато потребно да се поткрепи брзорастечкото франкоско владеење во Западна Европа.

Според една друга легенда, Меровех зачнал кога жената на Фарамонд се сретнала со Кинотаур, морско чудовиште кое можело да ги менува облиците, додека пливало. Иако никогаш не е тврдено, се имплицира дека веројатно таа забременила од него. Оваа легенда ја раскажал Фредегар во 7-от век но веројатно истата била позната и порано. Легендата служела да го објасни потеклото на Салиските Франки како племе кое живеело на морскиот брег. Префиксот "Mero-" или "Mer-" сугерира на море според (види староанглиското "mere," латински "mare," па дури и денешниот англиски збор "mermaid", итн.). "Салиски" веројатно се однесува на зборот сол (исто може да се однесува и на реката Исала или IJssel која се наожала зад подрачјето од каде потекнувале Франките. Легендата може да се објасни и на многу полесен начин. Морското чудовиште можеби било странски освојувач, кој по воден пат, стигнал до подрачјето каде живееле Франките, кој се оженил со жената на умрениот крал (Клодион или Фарамонд) за да го легитимизира своето владеење.

Наводи во популарната култура[уреди]

Легендата за Меровех е адаптирана во 1982 од авторите Хенри Линколн и Ричард Ли во нивната книга Света крв свет грал, кои развиваат дека лозата на Меровинзите по крвна линија е поврзана со Исус Христос. Хипотеата на Линколн и Ли во 2003 ја развил и Ден Браун во неговиот бестселер Кодот на Да Винчи.[7][8]

Белешки[уреди]

  1. Green, D.H. Language and History in the Early Germanic World. Cambridge, England: Cambridge University Press, 1998.
  2. Gregory of Tours - The History of the Franks, II.9
  3. Christian Settipani - Addenda to Les Ancêtres de Charlemagne, 1990 [1]
  4. Pseudo-Fredegar, Hist. III, 9
  5. Emil Rückert: Oberon von Mons und die Pipine von Nivella; Weidmann'sche Buchhandlung, Leipzig, Germany, 1836
  6. see M. Todd's, The Early Germans
  7. Behind the Da Vinci Code, 2006, History Channel documentary about Henry Lincoln
  8. Holy Blood Holy Grail, Michael Baigent, Richard Leigh, Henry Lincoln, 1982

Наводи[уреди]

  • Behind the Da Vinci Code, 2006, History Channel documentary about Henry Lincoln
  • Todd, M. The Early Germans
  • Wood, Ian. The Merovingian Kingdoms 450–751. London: Longman Group, 1994.

Надворешни врски[уреди]