Дагоберт III

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дагоберт III
Крал на Франките
Дагоберт III крал на Франција » од Жан Дасие (1676-1763). Национална библиотека на Франција. Белешка : Оваа претстава не одговара на историската реалност.
На престол711-715
ПретходникХилдеберт IV
НаследникХилперик II (Крал на Неустрија и на Бургундите)
Хлотар IV (Крал на Франките од Австразија)
ДинастијаМеровинзи
ТаткоХилдеберт IV

Дагоберт III е крал на Франките од 711 до 715.

Роден околу 699, син и наследник на кралот Хилдеберт IV, дошол на престолот на возраст од 12 години, а починал на 16 години. Бидејќи бил малолетен во тек на целото свое владеење, неговите мајордоми владееле во негово име. Кога тој бил крал, мајордом на Австразија бил моќниот Пипин Хересталски. Во Неустрија мајордом бил Гримоалд Младиот, помалиот син на Пипин Хересталски.

Во тек на неговото владеење, Гримоалд бил убиен од некој бунтовник. Тој бил заменет од неговиот помал син, младиот Теодебалд. Потоа стариот Пипин Хересталски починал. Плектруда, неговата вдовица, го управува кралството во име на кралот Дагоберт и мајордомот Теодебалд, и двајцата малолетни. Франките од Неустрија го искористуваат тоа за да дигнат бунт. Тие собираат војска во шумата кај Куиз-ла-Мот, и ја поразуваат австразиската војска на Теодебалд. Неустрија тогаш повторно станува независна и го именува Раганфред за нов мајордом на палатата кој подоцна ја опустошил Австразија. Дагоберт умира во 715.

Извори[уреди | уреди извор]

- Поглавје 7 од « Продолжение на хрониката на Фредегер » (околу 760) :

Во тоа време, умре кралот Хилдеберт, кој беше закопан во Шоази во базиликата на светиот маченик Етјен, откако владееше шеснаесет години. Неговиот син Дагоберт го доби престолот на татка си. Потоа, Гримоалд за сопруга ја зема ќерката на Радбод (...). Пипин исто така падна болен во Жупиј на Меза. Штом Гримоалд дојде да го посети и кога отиде да се моли во базиликата на светиот маченик Ламбер, тој дивјачки беше убиен од еден нечесен човек кој се викаше Рантгар. После тоа, Теодоалд, неговиот мошне млад син, место него беше ставен за мајордом на палатата до кралот Дагоберт.


Дагоберт III
Роден(а): 699 Починал(а): 715
Претходник
Хилдеберт IV
Крал на Франките
711–715
Наследник
Хилперик II