Теодеберт II

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Франкиското кралство после Договорот од Андело во 587. Австразиското кралство на Хилдеберт (зелено) било наследено од Теодеберт II.

Теодеберт II (586–612), крал на Австразија (595–612), бил син и наследник на Хилдеберт II. Тој го добил кралството на Австразија заедно со градовите (civitates) - Поатје, Тур, Веле, Бордо, и Шатоден, како и Шампања, Оверњ, и трансјуранска Алеманија, по смртта на неговиот татко во 595, но доминантна фигура во кралството сé уште била неговата баба Брунхилда, којашто успеал да ја избрка од кралството во 599.

Во 599, тој и неговиот брат Теудерик II биле во војна. Теудерик го победил во Сен, но потоа стапиле во сојуз против нивниот братучед Клотар II и го поразиле во Дормел (близу Монтро), па оттука стекнале и голем дел од кралството на Неустрија (600–604). Тогаш сепак, двајцата браќа земале оружје да се борат еден против друг; Теудерик го победил во Етамп и одбил да му помогне на брат му кога кралството на Теодерик било нападнато од страна на Клотар во 605. Во 610, го одземал Алзас од брат му и Теудерик уште еднаш стапил во војна со него . Теодеберт II бил поразен во Тул и во Толбијак во 612. Тој бил заробен во манастир по наредба на неговата баба Брунхилда а потоа бил убиен аедно со неговиот син Меровех.

За неговата ќерка, Ема, понекогаш се мисли дека се омажила со кралот Едбалд од Кент.

Извори[уреди]


Теодеберт II
Роден(а): 586 Починал(а): 612
Претходник
Хилдеберт II
Крал на Австразија
595–612
Наследник
Теодерик II