Сигеберт I

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сигеберт I
Сигеберт според жан Ди Тије - Збирка француски кралеви. Bibliothèque nationale de France. Слика реализирана според метална статуа на Сигеберт, подигната веројатно во 12 век, во црквата Сен-Медар во Соасон. Статуата го прикажува кралот на престолот со жезло и круна.
Крал на Ремс
На престол561-575
ПретходникХлотар I
НаследникХилдеберт II
Роден(а)535
Починал(а)575
СопружнициБрунехилда
ДинастијаМеровинзи
ТаткоХлотар I

Сигеберт I или Сигисберт I, роден во 535, починат во декември 575 во Витри-ен-Артоа, е меровиншки крал, син на Хлотар I и на Ингонда. Неговото име значи « Сјаен во победа[1] » на старофранкиски јазик.

Животопис[уреди | уреди извор]

Хлотар I одвај го обединил франкиското кралство на Хлодовик I но не го поделил пред својата смрт која се случила во 561. Неговите синови отишле да го акопаат во Соасон, во базиликата Света Марија[2] која тој започнал да ја гради врз гробот на Св. Медар[3].

Во 562, Аварите, блиски со Хуните, навлегуваат во Турингија. Сигеберт треба тогаш да ја премести престолнината од Ремс во Мец, и успева да ги истурка напаѓачите од другата страна на реката Рона. Хилперик го искористил отсуството на брат му за да си го присвои Ремс и други градови на Австразија. Сигеберт отишол во противнапад и го победил Хилперик I[4].

Венчавката на и на Брунехилда. Ракопис од 15 век, големи хроники. Национална Библиотека на Франција, Париз.

Во 566, се оженил за Брунехилда, ќерка на визиготскиот крал Атанагилд. Впрочем, според Григур Турски, Сигеберт смета дека жените на неговите браќа не се достојни за својот ранг, и дека само кралска ќерка може да ја носи титулата кралица на Австразија. Под влијание на Сигеберт и на свештениците, Брунехилда морала да се преобрати во католик [5].

Во 567, Галзвинта, сестрата на Брунехилда и жена на брат му Хилперик I, крал на Неустрија, е убиена (задавена во својата постела, веројатно по наредба на Фредегонда, идната жена на Хилперик I[6]. Сигеберт, под влијание на Брунехилда, е решен да ја одмазди сестрата на жена му : тоа е почеток на војна меѓу Неустрија и Австразија која ќе трае долго, дури и по смртта на Фредегонда. Гунтрам, крал на Бургоња, се обидува да посредува, и Сигеберт прифаќа пет града во Аквитанија како надомест за убиството на сестрата на жена му.

Аварите повторно ја нападнале Турингија. Сигеберт бил заробен меѓутоа набрзо потоа непријателите го пуштиле и склучиле со него пакт за доживотно ненапаѓање [7].

Во 567, по смртта на неговиот брат Хариберт I добил дел од Аквитанија [8].

Тој ненадејно го нападнал градот Арл, сопственост на Гунтрам, кој сакал да го има после поделбата на кралството на Хариберт, меѓутоа Целзус го освоил Авињон и го презел Арл. Откако Гунтрам го вратил Авињон се ставило крај на таа војна[9].

Хилперик I ја искористил таа војна за да го испрати Хлодовик, помладиот син на Одовер, против Сигеберт, кој ги имал заземено Турена и Поату. Гунтрам ја здружил својата војска со трупите на Сигеберт и го испратил Мумол да ги води воените операции, по што трупите на Хилперик побегнале во Тур и Поатје. Хлодовик се повлекол во Бордо но бил нападнат од еден од офицерите на Сигеберт. Хлодовик кога ги слушнал звуците на роговите и на трубите побегнал [10]. Во 573, Хилперик повторно ја разгорува кавгата околу убиството на Галсвинта, и опустошува дел од Аквитанија кој припаѓал на брат му испраќајќи го својот син Теодеберт кој бил заробен од страна на Сигеберт кој го натерал да се заколне дека повеќе нема да го напаѓа во замена за неговото ослободување. Тогаш, Теодеберт тргнал да го освојува Тур и напредувал сè до Поатје каде се соочил со војводата Гондебо чија војска ја масакрирал. Теодеберт изгорел еден дел од Турена. Ги нападнал Лимож и Каор, пустошејќи ја цела земја, напаѓајќи го дури и свештенството. Следната година, Сигеберт ги повикал варварите од онаа страна на Рона за да се борат заедно со него против брат му Хилперик. Му се заканил и на Гунтрам, кој од страв од варварите склучил договор за меѓусебна помош со Хилперик I. Сигеберт го гонел Хилперик сè до Албиј каде се помириле, под услов тој да ги врати сите градови коишто му ги одзел Теодеберт. Но варварите кои му биле сојузници на Сигеберт и покрај мировниот договор го опљачкале Париз.[11].

Опсада кај Турне (575) и убиството на Сигеберт I. Гијом Кретен, Француски хроники од 15 век (после 1515), Руен. Национална Библиотека на Франција.
Убиството на Сигеберт I. Големите хроники на Франција на Шарл V околу 1375-1380, Париз.

Хилперик тогаш го прекршил мировниот договор, влегол во сојуз со Гунтрам, и ја нападнал Австразија сè до Ремс. Сигеберт морал да ги повика своите трупи, да побрза кон Тур и да се соочи со Теодеберт кој напуштен од своите војници бил убиен при обид да даде отпор заедно со неколкумина кои му останале верни. Еден од слугите, го емал телото на принцот за да го закопа во Ангулем [12].

Сигеберт тогаш ја освоил долината на Сена и градот Руен додека пак брат му побегнал во Турне во 575.

Се вратил во Париз за да се сретне со жена му Брунехилда и со децата. Франките од кралството на Париз испратиле делегација а да му оддаде почит, вртејќи му го грбот на Хилперик[13].

Кога тргнал накај Турне, владиката на Париз Герман го предупредил со следниве зборови :

Ако одиш, без да сакаш да го одземеш животот на твојот брат, ќе се вратиш жив и победник ; ако имаш други мисли, ќе умреш ; бидејќи еве што ти вели Бог преку устата на Соломон: Оној што на брата си дупка му копа, самиот во неа ќе падне

.[14].

Во Витри-ен-Артоа, војската на Хилперик го признала за крал на Неустрија ; но кога тргнал да се крунисува, убиен е со нож во слабините од пажовите на Фредегонда [13].

Хилперик излегол од Турне, го закопал Сигеберт во Ламбр, потоа го преместил во Опатијата Св. Менар во Соасон, за да биде закопан до Хлотар I[15].

Сигеберт умрел на возраст од 40 години, после четиринаесет години владеење[13].

Неговиот син Хилдеберт II, кој имал само 5 години, бил прогласен за крал на Австразија во Мец.

Во тек на владеењето на Сигеберт, должноста мајордом а првпат е спомената.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Jean-Louis Fetjaine, Les reines pourpres Tome 1 : Les voiles de Frédégonde. Éditions Belfond, 2006, p.14.
  2. Ivan Gobry, Clotaire II, collection « Histoire des rois de France », éditions Pygmalion, p.12.
  3. Grégoire de Tours, Histoire des Francs, livre IV, 19, 21, 54.
  4. Ibid., livre IV, 23.
  5. Ibid., livre IV, 27.
  6. Ibid., livre IV, 28.
  7. Ibid., livre IV, 29.
  8. Ibid., livre IV, 26.
  9. Ibid., livre IV, 30.
  10. name="IV, 47
  11. Ibid., livre V, 49.
  12. Ibid., livre V, 50.
  13. 13,0 13,1 13,2 Ibid., livre V, 51.
  14. Livre des proverbes, XXVI, 27
  15. name="V,51"

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Geneviève Bührer-Thierry et Charles Mériaux, La France avant la France (481-888), Belin, coll. Histoire de France dirigée par Joël Cornette, octobre 2010 ISBN|978-2-70113358-4
  • Magali Coument et Bruno Dumézil, Les royaumes barbares en Occident, Presses Universitaires de France, coll. « Que sais-je ? », mars 2010 ISBN|978-2-13-057577-1
  • Bruno Dumézil, La reine Bruhehaut, Fayard, mars 2008
  • Grégoire de Tours (trad. J.J.E. Roy), L'histoire des rois Francs, Éditions Gallimard, coll. « L'aube des peuples », 1990 ISBN|2-07-071793-3
  • Régine Le Jan, Les mérovingiens, Presses Universitaires de France, coll. « Que sais-je ? », janvier 2011 ISBN|978-2-13-058517-6
  • Pierre Riché et Patrick Périn, Dictionnaire des Francs, Les temps mérovingiens, 1999

Литература[уреди | уреди извор]

Сигеберт I
Роден(а): 535 Починал(а): 575
Претходник
Clotaire I
Крал на Австразија
561–575
Наследник
Хилдеберт II