Хилдерик II

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хилдерик II
Крал на Франките

Златна монета од Хилдерик (од двете страни) искована во Марсеј
Владеење 673675
Звања Крал на Франките од Австразија (662-673)
Крал на Франките (673-675)
Претходник Теудерик III (Обединување на цело франско кралство)
Наследник Клодовик III: Крал на Австразија
Теудерик III: Крал на Неустрија
Придружник Билихилда
Династија Меровинзи
Татко Клодовик II
Мајка Батилда

Хилдерик II е крал на Франките од Австразија од 662 до 673, потоа крал на сите Франки од 673 до 675.

Биографија[уреди]

Роден околу 655, тој е помалиот син на кралот Клодовик II и на кралицата Батилда. Дошол на престолот на Австразија на возраст од осум години. Управувањето со кралството било вршено од страна на неговиот советник, мајордомот на палатата, Вулфоалд. Во 673, кога Теудерик III бил симнат од престолот, Хилдерик ги обединил кралствата на Франките – спојувајќи ја Неустрија со Австразија. Го сместил својот брат во манастирот Сен-Дени за да го заштити од оние кои го симнале од престолот. За свој духовен советник го земал владиката Леже од Отен.

Во 674, владиката не го одобрил бракот на кралот со неговата германска братучетка Билихилда. Тој строго го критикувал кралот. Бесен, Хилдерик го затворил Леже во манастирот во Ликсеј.

Смртта на кралот[уреди]

Поради својот карактер кралот не бил омилен кај сите моќници. Затоа, во 675, Неустријците организираат завера за да го отстранат. Главен на оваа завера бил Бодилон, франкиски благородник кој бил претходно морал да истрпи телесна казна од страна на кралот. Во шумата Ливри близу до Шел, со неговите пријатели Ингоберт и Амалберт, Бодилон чекал кралот да замине на лов каде го убил и него и неговата сопруга, кралицата Билихилда, тогаш бремена [1]. Дознавајќи за тоа, советниците на кралот на чело со Вулфоалд побегнале во Австразија. Кралот Хилдерик имал само 20 години и не оставил ниеден наследник. Тој бил закопан во Сен-Жермен-де-Пре, близу Париз каде во 1645 биле најдени гробовите на кралот, на Билихилда и на нивното дете Дагоберт [2]. По смртта на кралот, неговиот брат Теудерик го наследил престолот.

Извори[уреди]

- "Животот на војводата Пипин Стариот" (околу 760) :

[...] Кралот Хилдерик, под кој доброчесниот Ламберт сјаеше со еминентна светост, кој почина без деца [...].


- * Животот на Св.Леже владика од Отен (околу 680) :


[...] Толку имаше страв од тиранијата на Еброин. Сите значи му го нудеа на Хилперик кралството Неустрија, како и она на Бургундија [...]. Хилдерик наредил да му го донесат брат му, за да се сретне со него; но некои луѓе кои се сметале за први во кралството и кои сакале да му се допаднат на Хилперик ласкајќи му, се осудиле да му ја исечат косата на својот господар и така да го донесат пред брат му. Кралот го прашал што сака да се случи со него; Теудерик одговорил дека неправедно бил протеран од неговото кралство и дека посакува само Бог да му пресуди. Тогаш му наредиле да оди во манастирот Сен-Дени ; тој таму живеел безбедно [...].



Хилдерик II
Роден(а): 653 Починал(а): 675
Претходник
Клотар III
Крал на Австразија
662–675
Наследник
Клодовик III
Претходник
Теудерик III
Крал на Неустрија и Бургундија
673–675
Наследник
Теудерик III
Незаземено
Title last held by
Клотар III
Крал на Франките
673–675
Незаземено
Следен носител на титулата
Теудерик III

Наводи[уреди]

  1. Според француската Википедија
  2. според en.wikipedia.org