Хариберт I

Од Википедија — слободната енциклопедија

Кариберт I (наречен Хариберт од страна на Григориј Турски - означува « Сјаен во војската [1] », hari (војска)[2] et bert (сјаен[1], bonheur[3]) на стар старофранкиски) (околу 521 – близу до Бордо, 567), крал на Париз од 561 до 567. Тој е син на Хлотар I и на неговата прва жена Ингонда.

Животопис[уреди | уреди извор]

Конфликт за наследството : походот против Храмн (558)[уреди | уреди извор]

Во 558, Хариберт и Гунтрам биле испратени од Хлотар за да ја одземат областа Лимузин на нивниот брат Храмн, кој ја имал заземено. Нивните војски дошле до подножјето на црната планина каде му рекле на Храмн да ја врати земјата која припаѓала на нивниот татко. Тој одбил а некакво големо невреме ја спречило битката. Храмн тоа го искористил за да ги излаже браќата испраќајќи им гласник кој им рекол дека Хлотар, кој се борел против Саксоните е мртов. Хариберт и Гунтрам после таа информација веднаш се вратиле во Бургундија[4].

Хлотар I одвај успеал да го обедини кралството на Франките после Хлодовик но тој истото не го поделил пред својата смрт[5].

Втората поделба на regnum francorum (561)[уреди | уреди извор]

Поделбата на кралството на Франките по смртта на Хлотар. Grandes Chroniques de France, XIVème siècle, Castres, musée Goya.

По смртта на нивниот татко во 561, синовите на Хлотар отишле да го закопаат таткото во Соасон во базиликата што тој ја имал почнато да ја гради врз гробот на Св. Медар[6]. Тој се здружил со своите браќа Гунтрам и Сигеберт против Хилперик, неговиот полубрат, кој го запоседнал замокот на нивниот чичко Хилдеберт заедно со делот од кралството што одело со тоа, за да го натераат да го подели кралството. Кралството значи повторно било поделено на четири дела, а нему му се паднало кралството на Париз.[7]. Односите на силите впрочем ги определувале и придобивките. Отстранувањето на најслабите било дел од практиките на Франките при поделбата на наследството. Се чини и дека трите сина на Ингонда чувствувале и недоверба кон нивниот полубрат[8]. Згора на тоа, во германската традиција, начинот на наследување на престолот, танистрија (келтски назив за наследување од најмладиот а не од синот), се применувал меѓу браќата, од постариот на помалиот, а потоа на чичковците и внуците[9].

Кралството на Франките во 561 после неговата поделба на подкралства.

Хариберт го добил поранешното кралство на Хилдеберт I, што се наоѓало меѓу Сома и Пиринеите[10], имајќи го Париз за своја престолнина заедно со Аквитанија и Прованса. Овој телрајх бил најбогатиот дел во regnum francorum со фиск (земја, шуми или рудници кои припаѓале на круната [11]) и најлесен за одбрана.

Добивајќи го кралството на Хилдеберт, тој станал чуварот на гробот на Хлодовик. Неговото кралство сепак било под закана на автономистите, особено во Аквитанија. Помеѓу оние кои му биле верни во дворецот, бил младиот Гондовалд, за кој се мисли дека можеби му бил син на Хлотар па со тоа и полубрат на Хариберт [12].

После венчавањето на Сигеберт и Брунехилда, тој го поканил поетот Венанс Фортунат за да пишува за него. Фортунат го славел Хариберт како најголем од сите франкиски кралеви, вистинскиот и единствен наследник на својот чичко Хилдеберт како по способност така и по вештина, повикувајќи ја за сведок Ултрогота, вдовицата на Хилдеберт, која уживала почести од страна на Хариберт. Фортунат потсетувал дека тој бил најстариот од браќата и дека само во него се изродила политичката интелигенција на нивниот татко на кој впрочем и му бил омилениот од синовите[13]. Освен тоа тој за него рекол дека е: добар како Трајан, праведен како Соломон, кроток како Давид. Тој го славел неговиот мирољубив карактер велејќи дека ќе донесе просперитет во цело кралство[14] ». Згора на тоа, тврдел дека Хариберт зборувал подобро латински дури и од Римјаните, ја славел неговата убавина, одраз на неговата добрина[15].

Брак : проблемот со наследството[уреди | уреди извор]

Тој практикувал « сериска моногамност», мешавина од брак и прељубништво (конкубинат).Се оженил со Ингеберга, жена која веројатно потекнувала од кралска лоза, со која имал четири деца. Едното од нив умрело на рана возраст, трите други биле женски кои подоцна станале калуѓерки. Кралот имал бурен љубовен живот. Откако ја напуштил жената, се оженил со ќерките на еден занаетчија (Мерофледа и Маркофела) кој бил повикан на дворот од страна на неговата прва жена Ингеберга. Прво се оженил со Мерофледа. Откако таа умрела, се оженил со сестрата Маркофела [16]. Со тоа што се оженил со сестрата на претходната жена го прекршил канонскиот закон бидејќи на тоа се гледало како инцест. Потоа во кралството се раширила епидемија која ги десеткувала жителите на кралството на Париз на што се гледало како казна за гревовите во бракот кои ги правел кралот. Тоа ги разлутило уште повеќе свештениците[17]. Со години владиците барале одржување на синод и Хариберт истиот го одобрил. Тој се оддржал во Тур, на 18 ноември 567[18]. Дојдени од сите страни на кралството, изгласале два канона. Првиот потсетувал дека римските и свештеничките закони забрануваат на некоја калуѓерка да се мажи, а Хариберт тоа го имал прекршено [19]. Вториот какнон се однесувал на прашањето на инцестот, каде според галските текстови на некој човек му било забрането да се жени со сестрата на неговата жена [20]. Хариберт и овој канон го имал прекршено. Сето тоа довело до екскомуникација на кралот од страна на свештенството. Хариберт бил осуден и екскомунициран од страна на Герман Паришки заради инцест и богохулништво. Соочен со непријателството на свештенството Хариберт ги напуштил своите жени Маркофела и четвртата Теодехилда која била калуѓерка.

Кралството на Франките во 567 после поделбата на кралството на Париз.

Брачниот живот на кралот бил веројатно таков во обид да добие машки наследник. Хариберт веќе бил во години и сакал да има син кој ќе го наследи бидејќи неговите помлади браќа, Гонтран и Хилперик, веќе имале синови.[21].

Тој умрел на 5 март 567 близу до Бордо, додека бил на поседа на своите имоти [22]. После неговата смрт, и покрај четирите жени, немало кој да го наследи бидејќи сите деца биле ќерки. Браќата жестоко се раскарале кој ќе го добие во наследство неговото кралство. Кралството го поделиле во 568[23] а париз останал неподелен. Фискалните приходи од градот биле поделени на три дела и секој се заколнал дека нема да влезе во градот без да ги извести за тоа другите двајца [24]. Senlis fut également indivisée[25].

« Хариберт, франкиски крал на Париз и на западна Галија (починат во 567» според Жан-Жозеф Даси (1796-1865). Слика од 1837 зачувана во Версај, национален музеј на замокот Трианон.

Сопруги и деца[уреди | уреди извор]

  • Ингеберга (519-589) со која се развел а од која ги имал ќерките  :
  • Мерофледа, ќерка на занаетчија, таа била слугинка на неговата прва жена. Сестра на третата жена Маркофела
    • Бертефледа, калуѓерка во Тур а потоа и во Ман.
  • Марковеифа (Маркова) (?-567), сестра на Мерофледа, втората жена.
  • Во 566, Теодехилда, калуѓерка, ќерка на некој овчар, таа на Хариберт му родила син кој умрел млад и не владеел со кралството. Вдовица, се обидела да го спаси кралството на Париз земајќи контрола врз кралскиот сеф потоа му се предала на Гонтран кој ја затворил во манастир. Нејзини деца се

Белешки и наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Les reines pourpres Tome 1 : Les voiles de Frédégonde, de Jean-Louis Fetjaine, éditions Belfond, 2006, p.14.
  2. Ivan Gobry, Clotaire II, collection « Histoire des rois de France », éditions Pygmalion, p.11.
  3. Maurice Bouvier-Ajam, Dagobert Roi des Francs. « Figures de proue », éditions Tallandier, 2000, Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article39.
  4. Grégoire de Tours, Histoire des Francs, livre IV, 16.
  5. Ivan Gobry, op. cit., collection « Histoire des rois de France », éditions Pygmalion, p.12.
  6. Grégoire de Tours, op. cit., livre IV, 19, 21, 54.
  7. Id., op. cit., livre IV, 22.
  8. Dumézil (2008), pp.108-109.
  9. Michel, Rouche (1996). Éditions Fayard (уред.). Clovis. ISBN 2-213-59632-8..
  10. Ivan Gobry, op. cit., collection « Histoire des rois de France », éditions Pygmalion, Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article13.
  11. Dumézil (2008), Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article93.
  12. Id. (2008), Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article259.
  13. Id. (2008), p.199.
  14. Venance Fortunat, Carmina. VI, 2 v.37-38.
  15. Dumézil (2008), Предлошка:Pp.142-143.
  16. Ivan Gobry, op. cit., collection « Histoire des rois de France », éditions Pygmalion, p.17.
  17. Concile de Tours II, Lettre des évêques de la province de Tours au peuple. « La colère du Seigneur pourra être apaisée par la chasteté des corps ». (ed. cit. p.395).
  18. Tours II c.1.
  19. Tours II c.21.
  20. Tours II c.22. Ce texte rappelle des prescriptions des conciles d'Orléans I et d'Epaone.
  21. Dumézil (2008), p.143.
  22. Ivan Gobry, op. cit., collection « Histoire des rois de France », éditions Pygmalion, Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article24.
  23. Le texte du partage est évoqué par le Pacte d'Andelot (Grégoire de Tours, op. cit., livre IX, 20).
  24. Grégoire de Tours, op. cit., livre VI, 27 ; VII, 6.
  25. Pacte d'Andelot, Grégoire de Tours, op. cit., livre IX, 20.

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Grégoire de Tours Histoire des Francs.
  • Marie-Nicolas Bouillet et Alexis Chassang (dir.), Caribert Ier » dans Dictionnaire universel d’histoire et de géographie, 1878.
  • Venance Fortunat (trad. Marc Reydellet), Poèmes - Tome II : Livres V-VIII, Les Belles Lettres, 2003 ISBN|2-251-01406-3.
  • Bruno Dumézil, La reine Brunehaut, Paris, Fayard, 2008 ISBN|978-2-213-63170-7.


Хариберт I
Претходник
Хлотар I
Крал на Париз
561–567
Наследник
поделено