Хариберт II

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хариберт II
Крал на Аквитанија
Triens de Charibert II frappé à Bannaciaco.jpg
Хариберт II. Златни монети (тремиси) исковани во Банасак. Кабинет на медали, Национална библиотека на Франција.
На престол 629 - 632
Претходник Клотар II
Наследник Дагоберт I
Полно име
Хариберт II
Татко Клотар II
Мајка Сихилда
Роден(а) 606/610
Починал(а) 8 април 632 (на околу 22-26 години)


Хариберт II (роден во 606/610 – починат на 8 април 632), крал на Аквитанија од 629. Тој е син на Клотар II, крал на Франките и на Сихилда[1]. Тој е крал на Аквитанија од 629 до неговата смрт во 632.

Биографија[уреди]

Крштевањето на Сигеберт III. Јаков Ворагински, 1348.

Тој е полубрат на Дагоберт I. Понекогаш сметан како простодушен (можеби станувало збор за некоја обична физичка немоќ) [2], татко му веројатно доброволно го тргнал настрана од кралската моќ.

Во декември 626 во Клиши, согласно волјата на татко му Клотар и неколку дена после венчавката на Дагоберт со Гоматруда, Св. Аманд ги венчал Хариберт и Фулберта [3]. Не е исклучена можноста Фулберта да е некој лик измислен во текот на 20 век или 21 век од страна на некои историчари (лажни Меровинзи).

Во 629, поттикнат од поборници на Неустрија кои биле до вујко му Бродулф, тој станува крал на Аквитанија, кралство на територија отстапена од страна на Дагоберт I. Ова кралство се протегало сé до Пиринеите, вклучувајќи неколку грофовии кои се наоѓале меѓу Тулуз и Бордо но исто така и регионите на Каор, Ажен, Периге и Сент[4]. Престолнина му била Тулуз. Аквитанија служела како тампон зона меѓу визиготска Септиманија и франкиското кралство на Дагоберт[5]. Тоа било под закана на наездите на Баските или "Васконците"[6].

Во 630, вујко му Бродулф бил убиен од страна на неговиот полубрат Дагоберт во Сен-Жан-де-Лозн во Бургундија[7].
Тој присуствувал на крштевањето на Сигеберт, синот на Дагоберт и на Рагнетруда[8].

На 8 април 632, Хариберт починал по кусо владеење од три години[9]. Неговото тело било закопано во базиликата Сен-Ромен, во Блај[10].

Потомство[уреди]

Тој е татко на Хилперик (626-633[11]), кој хрониката на Фредегер го споменува како мртов уште во колевка[12], веројатно убиен на барање на Дагоберт I[9]. Оваа смрт му овозможила на Дагоберт повторно да стави рака на Аквитанија којашто бил принуден да му ја отстапи на Хариберт.

Поделбата на Франкиското кралство (628).

Наводи и белешки[уреди]

  1. Хариберт II со тоа што му бил полубрат на Дагоберт, не може да биде син на Бертруда. Тезата на Вуд : Бродулф, чичко на Хариберт- кој направил сé за да го симне Дагоберт од престолот за сметка на својот внук – бил брат на Сихилда, обична конкубина во времето кога се родил Хариберт.
  2. name="Gaston Duchet-Suchaux page 118"
  3. Maurice Bouvier-Ajam, Dagobert Roi des Francs. « Figures de proue », éditions Tallandier, 2000, pp.148-149.
  4. name="Theis,12"
  5. Patrick Périn et Gaston Duchet-Suchaux, Clovis et les mérovingiens, collection Historia, éditions Tallandier, p.118.
  6. Patrick Périn et Gaston Duchet-Suchaux, Clovis et les mérovingiens. Collection Historia, éditions Tallandier, p.119.
  7. Laurent Theis, Dagobert, un roi pour un peuple, éditions Complexe, 1982, p.12.
  8. Laurent Theis, Dagobert, un roi pour un peuple, éditions Complexe, 1982, p.13.
  9. 9,0 9,1 Laurent Theis, Dagobert, un roi pour un peuple, éditions Complexe, 1982, p.14.
  10. Шаблон:Ref-Périn-Feffer-Francs.
  11. Yvan Gobry, Dagobert I, éditions Pygmalion, 2006, p.215.
  12. Settipani, Christian (1993) (на français). „La Préhistoire des Capétiens (Nouvelle histoire généalogique de l'auguste maison de France, том 1)“. уредн. Patrick van Kerrebrouck. ISBN 2-9501509-3-4. .

Извори[уреди]

  • Jean Verseuil, Les rois fainéants : de Dagobert à Pépin le Bref 629-751, édition Critérion, Paris, 1946 .
  • Maurice Bouvier-Ajam, Dagobert Roi des Francs. « Figures de proue », éditions Tallandier, 2000 .
  • Frédégaire (trad. par O. Devilliers et J. Meyers), Chronique des Temps Mérovingiens, édition Brepols, 2001
  • Gaston Duchet-Suchaux et Patrick Périn, Clovis et les Mérovingiens, éditions Tallandier, collection « La France au fil de ses rois », 2002 .
  • Chroniques du temps du Roi Dagobert (592-639) (traduites du latin par François Guizot et Romain Fougère). 2×10{{{1}}} édition. Clermont-Ferrand : Paleo, coll. « Sources de l'histoire de France », 2004. 169 p., 21 cm. .
  • Ivan Gobry, Dagobert IШаблон:Er, éditions Pygmalion, 2006 .



Хариберт II
Роден(а): 618 Починал(а): 632
Претходник
Клотар II
Крал на Аквитанија
629632
Наследник
Хилперик