Список на франкиски кралеви

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Франките на почетокот биле предводени од страна на војводи (воени лидери) и регули (кралеви). Салиските Меровинзи завладеале меѓу Франките и го освоиле поголемиот дел на Римска Галија. Тие воедно ги поразиле и Визиготите во 507. Синовите на Клодовик го освоиле Кралството Бургундија и ги поразиле Алеманите. Ја земале Прованса и ги покориле Баварите и Турингите. Меровинзите подоцна биле заменети со нова династија наречена Каролинзи во 8 век. До крајот на 9 век, Каролинзите биле заменувани од други династии. Идејата за "Крал на Франките" или Rex Francorum постепено исчезнала докај 12 и 13 век.

Временската табела на франкиските водачи е тешко да се определи бидејќи кралството, согласно старата германска практика, честопати било делено меѓу синовите на водачот после неговата смрт а потоа повторно било и обединувано.

Војводи и регули[уреди]

Рани владетели[уреди]

Овој список на рани владетели е нецелосен поради недостиг на целосни историски податоци.

Владетели на Салите[уреди]

  • Клодион, веројатно син на Фарамонд, крал во Диспаргум и подоцна во Турне (426 – 447)
  • Меровех, веројатно син на Клодион, крал во Турне (447 – 458)
  • Хилдерик I, син на Меровех, крал во Турне (458 – 481)
  • Клодовик I, син на Хилдерик I, крал во Турне (481 – 511), подоцна ги обединил поголемиот дел Франки и Римски Гали.

Сите од следниве на списокот можеби се поврзани со Клодовик и евентуално симнати од престолот пред 509:

Меровиншки кралеви на Франките[уреди]

На сите Франки

Слика Име Дата на раѓање Дата на умирање Владеење Поврзаност со претходникот
Clovis 1er.jpg
Клодовик I околу 466 27 ноември 511 509–511 N/A

Клодовик I ги обединил сите мали франкиски кралства како и владеел со поголемиот дел на Римска Галија освојувајќи го Доменот на Соасон од римскиот генерал Сијагриј како и Визиготското кралство на Тулуз. Го заземал Париз, како и Соасон, Ремс, Мец, и Орлеан кои станале негови главни упоришта. По неговата смрт, кралството било поделено помеѓу неговите четири сина:

Соасон Париз Орлеан Ремс
Слика Име Слика Име Слика Име Слика Име
Denar koenig chlotar i.png Клотар I
511–561
Tiers de sou d'or de Childebert Ier.png Хилдеберт I
511–558
Clodomir supervise l'execution de Sigismond.jpg Клодомир
511–524
Portrait Roi de france Thierri Ier.jpg Теудерик I
511–534
[1]
Го имал Париз потоа и Соасон
Theodebert I 534 548 king of Metz.jpg Теодеберт I
534–548
Теодебалд
548–555
Го добил Соасон 558 Го добил Соасон во 555

Клотар I по смртта на браќата или нивните наследници ги наследил сите кралства. После неговата смрт, кралството повторно се поделило меѓу неговите четири синови:

Соасон
(Неустрија)
Париз Орлеан
(Бургундија)
Ремс и Мец
(Австразија)
Слика Име Слика Име Слика Име Слика Име
Portrait Roi de france Chilpéric roy de France.jpg Хилперик I
561–584
Jean-Joseph Dassy (1796-1865) - Caribert, roi franc de Paris et de l'ouest de Gaule (mort en 567).jpg Хариберт I
561–567
Statue de saint Gontran.jpg Гунтрам
561–592
[2]
Sigebert 1.jpg Сигеберт I
561–575
Поделено во 567, веројатно
паднато во рацете на Соасон
Childebert II.png Хилдеберт II
575–595
Clothaire II 584 628.jpg Клотар II
584–629
Го добил Ремс и Мец 592
Portrait Roi de france Thierri II (i.e. IV).jpg Теудерик II
595-613
- Теодеберт II
595–612
Го добил Орлеан во 612
потоа Соасон
- Сигеберт II
613
Го добил Соасон во 613
Dagobert I effigy.jpg Дагоберт I
623–629

Клотар II ја поразил Брунхилда и нејзиниот внук, и го обединил кралството. Сепак, во 623, за да ги осигура границите од нападите, на Австразијците им го дал неговиот млад син за крал. Неговиот син и наследник, Дагоберт I, го направил истото назначувајќи подкрал за Аквитаника, со седиште во Тулуз, во 629 и Австразија во 634.

Неустрија, Австразија и Бургундија Аквитанија
Слика Име Слика Име
Dagobert I effigy.jpg Дагоберт I
629–634
Caribert II tiers de sou d'or (trémissis)-2.jpg Хариберт II
629–632
Хилперик
632
Де факто автономија до околу 767.
Неустрија и Бургундија Австразија
Слика Име Слика Име
Dagobert I effigy.jpg Дагоберт I
634–639
Legenda aurea - baptême de Sigebert III.jpg Сигеберт III
634-656/660
Tiers de sous d'or de Clovis II.jpg Клодовик II
639–655
Portrait Roi de france Clotaire III.jpg Клотар III
655–673
- Хилдеберт III Посвоениот
656-661
Наследено од Клотар III, но подарено на Хилдерик II во 662.
Childeric2.jpg Хилдерик II
662–675
Обединето владеење од 673–675
Theuderic III.jpg Теудерик III
673
Childeric2.jpg Хилдерик II
673–675
Сменет Теудерик III до неговата смрт во 675
Theuderic III.jpg Теудерик III
675-691
Обединето владеење после 679
Portrait Roi de france Clovis III (sic).jpg Клодовик III
675-676
Portrait Roi de france Dagobert II (i.e III).jpg Дагоберт II
676-679
Ги добил Неустрија и Бургундија

Теудерик III бил признат за крал на сите Франки во 679. Оттогаш, кралството на Франките може да се третира повторно како целина со кус период на граѓанска војна.

Слика Име Дата на раѓање Дата на умирање Владеење Поврзаност со претходникот
Theuderic III.jpg
Теудерик III околу 654 12 април 691 679-691 N/A
Georges Rouget (1783-1869) - Clovis III roi d'Austrasie en 691 (682-695).jpg
Клодовик IV c. 678 c. 695 691–695 син на
Childebert III 694 711.jpg
Хилдеберт IV c. 670/683 23 април 711 695–711 брат на
Portrait Roi de france Dagobert II (i.e III).jpg
Дагоберт III околу 699 31 декември 715 711–715 брат на
Portrait Roy de france Chilperic II.jpg
Хилперик II c. 672 13 февруари 721 715–720 прв братучед на
Клотар IV  ? c. 719 717–718
противнички крал марионета во Австразија
роднина на
Theuderic IV.jpg
Теудерик IV околу 712 16 март/30 април 737 720-737 син на Дагоберт III
интерегнум 737 – 743
Jean Dassier (1676-1763) - Childéric III roy de France (754).jpg
Хилдерик III c. 717 c. 754 743–752 роднина на

Каролинзи[уреди]

Мајордоми на палатата[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Список на мајордоми.

Каролинзите на почеток биле мајордоми под меровиншките кралеви, прво во Австразија и подоцна во Неустрија и Бургундија. Во 687, Пипин Херисталски ја земал титулата Војвода на Франките (dux et princeps Francorum) после неговото освојување на Неустрија со битката кај Тертри. Од современите хроничари ова се цитира како почеток на владеењето на Пипинидите. Меѓу 715 и 716, потомците на Пипин биле наследници.

  • Пипин I од Ланден (Австразија: 623 – 629 и 639 – 640)
  • Гримоалд I (Австразија: 643 – 656; починал 662)
  • Пипин II од Херстал (Австразија: 680 – 714, Неустрија и Бургундија: 687 – 695)
  • Дрого (Бургундија: 695 – 708)
  • Гримоалд II (Неустрија: 695 – 714, Бургундија: 708 – 714)
  • Тедоалд (Австразија, Неустрија, и Бургундија: 714 – 716)
  • Карло Мартел (Австразија: 715 – 741, Неустрија и Бургундија: 718 – 741)
  • Карломан (Австразија: 741 – 747; died 754 or 755)
  • Пипин III Малиот (Неустрија and Burgundy: 741 – 751, Австразија: 747 – 751)

Во март 752,[3][4] Пипин III станал крал на Франките и титулата мајордом изчезнала. Каролинзите ги замениле Меровинзите како владејачка династија.

Кралеви на Франките[уреди]

Луј Побожниот направил многу поделби во текот на неговиот животен век. Последната поделба, прогласена во Вормс во 838, го направила Карло Ќелавиот наследник на запад, вклучувајќи ја и Аквитанија, а Лотар наследник на исток вклучително и Италија додека пак Баварија му била оставена на Луј Германецот. Сепак, после смртта на императорот во 840, империјата западнала во граѓанска војна која траела три години. Франското кралство било поделено со Верденски договор во 843. На Лотар му било дозволено да ја задржи титулата император и неговото кралство во Италија, и му било доделено новонастанатото кралство Средна Франкија, коридор кој се протегал од Италија до Северното море, и вклучително долноземието, Роналенд, Бургундија, и Прованса. Карло бил потврден во Аквитанија, каде синот на Пипин I, Пипин II, му се спротивставил, и ја добил Западна Франкија (денешна Франција), земјите западно од кралството на Лотар. Луј Германецот бил потврден вон Баварија и ја добил Источна Франкија (денешна Германија), земјите источно од кралството на Лотар.

Следнава табела не го дава комплетниот список за некои од бројните кралства (регна) на империјата, особено оние кои биле подкралства (субрегна) на Западното, Средишното, или Источното кралство како Италија, Прованса, Неустрија, и Аквитанија.

Западно кралство (или Франција)

Средишно кралство

Источно кралство (или Германија)

Имињата обележани со (*) не биле Каролинзи, туку Робертини.

После ова, династијата Капети владеела со Франција. За понатаму, види Список на француски кралеви.

  • Лотар I, 843 – 855, император од 824 (постар император од 840)

После смртта на Лотар во 855, кралството било поделено меѓу неговите синови:

  • Луј II, 855 – 875, најстариот син, го наследил својот татко како император и ја добил Италија. За понатаму, види Крал на Италија.
  • Лотар II, 855 – 869, вториот син, ја добил северната половина на Средна Франкија, која била наречена "Лотарингија" (Лорена) изведено од неговото име. За понатаму, види Список на владетели на Лорена.
  • Карло, 855 – 863, најмладиот син, ја добил јужната половина на Средна Франкија, која се состоела од Прованса и Бургундија. За понатаму, види Крал на Бургундија.
  • Луј II, наречен Германецот, 843 – 876

Луј ги поделил своите земји меѓу трите сина, но сите на крајот, до 882, припаднале на најмладиот:

  • Карломан, Крал на Баварија 876-880. Крал на Италија 877
  • Луј III, наречен Помладиот, Крал на Саксонија, Франконија, и Турингија 876 – 882, ја наследил Баварија од својот брат Карломан во 880
  • Карло III, наречен Дебелиот, крал на Швабија, Алеманија и Ретија 876 – 887, ја наследил Италија од својот брат Карломан во 879, и го наследил остатокот од Источна Франкија од неговиот брат Луј во 882. Император 881

После Карло Дебелиот, Источна Франкија била наследена од неговиот внук:

Луј Детето бил последниот источнофранкиски каролиншки владетел. Него го наследил Конрад од Франконија а потоа саксонската Отониска династија. За понатаму, види Список на германски кралеви.

Наводи[уреди]

  1. Оспоруван од Мундерик, 533, противничкиот крал во Оверња
  2. Оспоруван од Гундоалд, 584 – 585, противнички крал во Аквитанија
  3. Charles Knight, The English Cyclopaedia: Volume IV, (London : 1867); pg 733 "We have no circumstantial account of this important event, except that Pepin was anointed at Soissons, in March 752, by Boniface, bishop of Mainz, called the Apostle of Germany, before the assembly of the nation."
  4. Claudio Rendina & Paul McCusker, The Popes: Histories and Secrets, (New York : 2002), pg 145

Понатамошни четива[уреди]

  • Историја на Франција прикажана во книгата "Grandes Chroniques de France", а особено онаа хроника на кралот Шарл V меѓу 1370 и 1380 која претставува сага на трите големи династии, Меровинзите, Каролинзите, и Капетите, кои ги утврдиле границите на кралството. Овој документ бил направен во тек на Стогодишната војна, борба меѓу владетелите на династиите од Франција и Англија со противничките барања на францускиот престол. Затоа треба да се прочита и внимателно да му се пристапи како извор.
  • The Cambridge Illustrated History of France - Cambridge University Press
  • The Origins of France: Clovis to the Capetians 500-1000 by Edward James ISBN 0-333-27052-5
  • Late Merovingian France: History and Hagiography, 640-720 (Manchester Medieval Sources); Paul Fouracre (Editor), Richard A. Gerberding (Editor) ISBN 0-7190-4791-9
  • Britannica Concise Encyclopedia: Merovingian Dynasty: [1].
  • Medieval France: An Encyclopedia, eds. W. Kibler and G. Zinn. New York: Garland Publishing, 1995.

Надворешни врски[уреди]