Теодеберт I

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Теодеберт I
Solidus de Théodebert Ier frappé à Bonna.jpg
Монета од 540 искована во Бон. Британски музеј.
Крал на Франките од Мец
На престол 534-548
Претходник Годомар III
Наследник Теодебалд
Крал на Франките
Придружник Деотерија
Визигардис
X
Деца
Теодебалд
Бертора
Династија Меровинзи
Татко Теудерик I
Мајка Суавегота од Бургундија

Теодеберт I (или Тиберт I) (°v. 504, +548) бил крал на Франките, кој владеел на источниот дел на кралството (идна Австразија). Негова престолнина бил градот Трир.

Биографија[уреди]

Потекло и почетоци[уреди]

Теодеберт I е син на кралот на Ремс, Теудерик I и на Суавегота Бургундиска.

Во 533 води поход против Визиготите во Септиманија. Го заема Родез, Лодев, еден дел од Битероа , потоа напредува кон Рона, го зазема Узес и под опсада го става Арл[1].

Крал[уреди]

Станува крал на Мец во 534 по смртта на неговиот татко и поради тоа морал набрзина да ја прекине опсадата на Арл и да си ги земе своите права [2]. Неговите чичковци Хилдеберт I и Клотер I имале намера да си го поделат неговото кралство, но големите се спротивставиле и го поддржале Теодеберт, кој најпосле бил прифатен од Хилдеберт. Двајцата заедно тогаш тргнале во војна против Клотер, кој побегнал во некоја шума. Додека тој бил под опсада, град ги уништило камповите на неговите непријатели па овие исплашени се откажале од опсадата и склучиле примирје [3].

Заедно со својот чичко Хилдеберт I Теодеберт го освоил кралството на Бургундите во 534.

Во 536 Остроготите, во војна во Италија против Византијците и во неможност да ја одбранат Прованса, мораат да ја препуштат таа провинција на Франките кои со години се обидувале да ја освојат заради излез на море.

Во 539 тој влегува во Италија со армија од 100.000 луѓе, и ги напаѓа и Готите и Виантијците [4]. Зазема поголем дел од Венеција и Лигурија. Морал да се повлече поради болеста која ги десеткувала неговите трупи, но во Венеција оставил еден војвода кој подоцна ќе биде познат под името Тотила[5].

Убиен е од страна на некој бизон во тек на лов во 548. Го оставил своето кралство во наследство на својот син Теодебалд кој го имал со Деотерија.

Брак и деца[уреди]

Се оженил во 532-533 со Деотерија[6], со потекло од галороманската аристократија од Оверњ и вдовица на гувернерот на Кабриера, близу до Безие[7]. Таа ги родила :

Откако ја напуштил Деотарија, се оженил со некоја ломбардиска принцеза, Визигардис, ќерка на кралот Вако[6]. Веридбата се случила во 533, но Теодеберт во меѓувреме се оженил со Деотерија па затоа ја земал за жена Визигардис дури околу 540. Таа ќе биде мајка на[7] ·[8] :

  • Бертоара, која е наведена само еднаш од страна на поетот Фортунат кој вели дека сé уште била жива во 566. Можно е, но без сигурност, дека таа е франкиската принцеза за која Прокопиј вели дека била побарана за жена од страна на остроготскиот крал Тотила околу 547-550, но тој план не завршил со свадба[7].

Грегориј Турски кажува исто така и дека тој кусо време бил вдовец и се оженил по третпат, но тој не го спомнува името на таа сопруга [6] ·[7].

Белешки[уреди]

  1. Claude de Vic, Joseph Vaisslete, Alexandre Du Mlege, Histoire générale de Languedoc, Volume 1, Paya, 1840 Шаблон:Lire en ligne 
  2. Grégoire de Tours - Histoire des Francs
  3. Ferdinand Lot, Naissance de la France, Librairie Arthème Fayard, 1948, 864Шаблон:Nb p. Шаблон:Lire en ligne 
  4. Henri Martin, Histoire de France, Volume 2, Furne, 1858 
  5. Henri Pirenne, Mahomet et Charlemagne, Paris, Presses Universitaires de France, 1937 Шаблон:Lire en ligne 
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 Grégoire de Tours, Histoires, Livre 3.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 Settipani, Christian (1993) (на français). „La Préhistoire des Capétiens (Nouvelle histoire généalogique de l'auguste maison de France, том 1)“. уредн. Patrick van Kerrebrouck. ISBN 2-9501509-3-4. 
  8. Не се знае со сигурност идентитетот на мајката на Бертоара, некои автори тврдат исто така дека таа била ќерка на Деотерија.
Теодеберт I
Роден(а): 500 Починал(а): 548
Претходник
Теудерик I
Крал на Ремс
534–548
Наследник
Теодобалд