Дагоберт I

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дагоберт I
Dagobert I solidus Marseille 623 629.jpg
Солид на Дагоберт I искован во Марсеј,Кабинет на медали, Париз
Крал на Франките
На престол 629–634
Претходник Клотар II
Наследник Теудерик III
Династија Меровинзи
Татко Клотар II
Мајка Халтруда
Роден(а) 603
Починал(а) 19 јануари 639
Почивалиште Базилика Сен Дени, Париз
Потпис

Дагоберт I (роден околу 602/605 – починат на 19 јануари 638 или 639) бил крал на Франките од меровиншката династија, син на Клотар II, крал на Франките, и на Бертруда. Тој владеел со Австразија од 622 до 632, и бил крал на сите Франки од 629 до 639. Неговата кралска резиденција била во Клиши (Горна Сена). Тој бил последниот од меровиншката династија кој ја имал кралската моќ.[1] Дагоберт бил првиот од франкиските кралеви кој бил закопан во кралската гробница во базиликата Сен Дени.[2]

За неговото владеење се знае преку хрониката на Фредегер напишана во 7 век, но исто така и преку делото Gesta Dagoberti (Подвизите на Дагоберт) напишано во 9 век [3] околу 835 од страна на Хилдуин од Сен Дени и од Инкмар од Ремс[4].

Владеење со Австразија[уреди]

Дагоберт бил постариот син на Клотар II и Халтруда (575–604). Клотар II сам владеел со сите Франки од 613. Во 623, Клотар бил натеран да го направи Дагоберт крал на Австразија од страна на племството во тој регион, кои барале крал кој ќе владее само со нивната територија.

Кога Клотар II му ја доделил Австразија на Дагоберт, тој отпрвин не му ги дал Алзас, Вогези, и Арден, но набрзо потоа австразиското племство го принудило да му ги отстапи и овие региони на Дагоберт. Дагоберт основал ново војводство (подоцнежното Војводство на Алзас) во југозападна Австразија за да ги изјалови амбициите на Бургундите и на Алеманите. Војводството ги содржело Вогезите, Бургундската Порта и Трансјура. За прв војвода на ова војводство кое ќе трае сé до крајот на меровиншката династија бил назначен Гундоин.

Крал на Франките[уреди]

Дагобер го прима франкиското кралство од страна на владиците и на моќниците од Бургундија. Општинска библиотека во Кастр. 14 век

По смртта на Клотар II (18 октомври 629), некој гласник му донел покана за закоп на татко му во Париз. Кралот бил погребан во црквата Св. Винсент. Додека Сихилда била во дворецот во Бонеј, Бродулф објаснувал дека пред својата смрт, Клотар наводно му го препишал кралството на Хариберт, а за мајордом на неустриската палата бил назначен Ландри. Дагоберт побарал сведоци а Бродулф ги посочил Ландри и Аманд. И двајцата биле повикани да посведочат а тврдењата на Бродулф но и двајцата негиралеЧ Ландри одрекол дека има добиено такви задолжувања а Аманду тврдел дека кралот се исповедал пред смртта но тој не слушнал јасно што кажувал. Дагоберт тогаш го протерал Бродулф. Пред целиот двор, тој ја објавил својата кралска титула, се прогласил себеси за крал на Бургундија, потоа го избркал Хариберт од Неустрија, и го натерал да се заколне дека дефинитивно се откажува од Галија. Хариберт можел да го наследи Дагоберт доколку тој остане без наследници. Неколку дена подоцна Ландри умрел и бил заменет со Ега. Кралот ги посетил Неустрија и Бургундија за да ги воспостави реформите кои биле применети во Австразија, потоа се сместил во опатијата Сен-Дени.

Поделбата на кралството на Франките (628).

Кралството на Аквитанија[уреди]

Ега и кралскиот благајник Дидие, дошле да го посетат за да му јават дека Аквитанија дига бунт поради тоа што кралот не ја посетил оваа провинција. Грофот од Каор бил под опсада од група на бандити и локално население. За да ги намали тензиите кралот морал да оди во Аквитанија. Поттикнат од својот чичко Бродулф, Хариберт почнал да си бара дел од наследство. Дагоберт му ја оставил само територијата на кралството на Аквитанија, кое било создадено по тој повод. Престолнина на ова кралство станал Тулуз а ги зафаќало териториите на средоземна Аквитанија сé до Пиринеите а поважни градови биле Ажен, Каор, Периже и Сент. Помогнат од војводите Баскон и Ежина како и од други војводи и грофови, кралот испратил војска во главните места каде биле бунтовите. Тој ги протерал Ибериските Васконци како и нивните сојузници Баски, ставајќи ја цела Аквитанија под кралска власт. Војската на војводата Ежина била сместена до Пиринеите. Кога Хариберт се вратил во Тулуз, Дагоберт му оддал признание за победата.

Во декември 630 или во јануари 631, Дагоберт му станал кум на Хилперик, новородениот син на Хариберт и на Фулберта. Хариберт потоа се разболел од дизентерија или од туберкулоза, што дало повод на немири предизвикани од аквитанските благородници како и на страв од васконски бунт или напад од страна на Визиготите.

Во јануари 632, Хариберт II умрел. Желбата за автономија на Аквитанија била разнишана поради смртта на кралот. Било одлучено војводата Ежина и владиката од Тулуз да го осигураат управувањето на Аквитаанија заедно со владиката Дидие од Каор кој требал да игра улога на советник во тек на малолетството на Хилперик. Сепак и тој наскоро умрен, веројатно убиен по наредба на Дагоберт. На 8 април 632, тој си ја земал назад Аквитанија, воспоставувајќи го на тој начин франкиското кралство исто какво што било под владеењето на неговиот татко. Оттогаш, решил да ја напушти Австразија и да го земе Париз за престолнина, токму поради неговата географска положба во центарот на кралството.

Политиката на Дагоберт и управување со кралството на Франките[уреди]

Во 630, за да донесе правда и да ги заштити сиромашните, Дагоберт патува во Бургундија, посетувајќи повеќе градови меѓу кои и Сен-Жан-де-Лозн, каде по негова наредба е убиен Бродулф[5].

Во 631, придружуван во Орлеан од Пипин Ланденски, го крштева својот син Сигеберт. Потпишал спогодба за “Постојан мир“ со византискиот император Хераклиус. Овој го посоветувал да ги покрсти сите Евреи во кралството.

Вандите или Венедите, словенско племе, нападнале некој караван за преговори на Франките, предизвикувајќи дипломатски конфликт меѓу Дагоберт и Само, кралот на Вандите. Во битката која се случила во Кааден-сир-Лодер (Вогатизбург) [6], Австразијците биле победени. Овој пораз наводно се должел на недостаток на мотивација поради пронеустриската политика што ја водел кралот и поради фактот дека тие « се гледале омрзнати од страна на Дагоберт и постојано пљачкани од него ».
Во март 631, Сизенанд, визиготски аристократ побарал поддршка од Дагоберт за да го симне од престолот својот ривал[7]. Дагоберт испратил трупи од Бургундија и ги испратил војводите Абонданс и Венеранд кои марширале дури до Сарагоса. Сизенанд го освоил престолот и им дал на офицерите на Дагоберт 200.000 дукати, кои биле наменети за опатијата Сен-Дени. [8].

Околу 632 се одвоил од Пипин Ланденски, обидувајќи се да врати малку моќ којашто татко му допуштил да отиде во рацете на мајордомите. Потоа одбрал советници меѓу кои канцеларот Дидие, чуварот на кралскиот печат Дадон (канонизиран под името Св. Уен и Елигиус (идниот Св. Елоа). Со нивна помош почнал да се занимава со внатрешните работи на големото кралство на Франките и неговото владеење за разлика од претходната меровиншка анархија донело релативен мир. Тој презема некои суштински реформи:

  • Се бори против барањата на автономистите кај одредени делови на благородништвото, и продолжувајќи го потфатот на Клотар II, успева да ја отстрани традиционалната наследна практика, која поради бројните делби довела и до бројни конфликти.
  • Успева да го реорганизира управувањето и правдата во кралството и презема иницијатива, по совет на Св. Елоа да ја елиминира измамата што постоела околу парите со тоа што го централизирал ковањето на монетите.
Смртта на Дагоберт (639). Хроника на царевите, 15 век, Париз, Библиотека на Арсеналот.
  • Исто така го развил образованието и уметностите и направил огромни донации во Црквата. Меѓу другите тој ја основал и базиликата Сен-Дени која години подоцна ќе стане негова гробница а тој првиот француски крал кој е закопан во истата. Овозможил на свештенството секоја година од 9 октомври да организира панаѓур во чест на светецот и да прибира средства од кралскиот данок [9].

На политичко ниво, Дагоберт развива дипломатски односи со соседните земји: спогодба во 633 со Саксонците за да му помогнат да ги заштити своите граници од Словените на Само. Саксонците му понудиле на Дагоберт да го бранат кралството во амена тој да даде петстотини крави на нивното племе. Тој води исто така и воени походи, особено против Гасконците во (638), Бретонците, и особено Словените кои го победиле во 632.

Во 634, благородништвото на Австразија се побунило. За да ги смири духовите, Дагоберт бил принуден да му го препушти кралството на Австразија на неговиот син Сигеберт III кој тогаш имал само две години (тој сепак успеал овојпат да го тргне Пипин Ланденски од местото мајордом на палатата). За негови тутори ги назначил владиката од Колоња и војводата Андалжезил.

Во 634, блогородништвото на Австразија се побунило. За да ги смири духовите, Дагоберт бил принуден да му го препушти кралството на Австразија на неговиот син Сигеберт III кој тогаш имал само две години (тој сепак успеал овојпат да го тргне Пипин Ланденски од местото мајордом на палатата). За негови тутори ги назначил владиката од Колоња и војводата Андалжезил.

Во 635, кога од Нантилда го добил синот наречен Клодовик, благородниците од Неустрија побарале да се спојат со Бургундија; тие побарале и добиле, Дагоберт да ги спои двата региона и да го постави својот син Клодовик на чело на новото кралство. Била потпишана спогодба со Сигеберт, со цел по смртта на Дагоберт Неустрија и Бургундија да бидат на Клодовик а Австразија да припадне на Сигеберт и на неговото потомство.

Во 638 или 639, Дагоберт се разболел и по неколку дена починал, на 19 јануари. После неговата смрт, двајцата наследници сé уште биле мошне млади: Сигеберт има осум а Клодовик има четири години. Во царството почнало да завладува анархија. Расте моќта на мајордомите за сметка на онаа на кралот бидејќи тие профитирале од младоста на двете деца за целосно да ја одземат власта: ова е почеток на епохата наречена време на мрзливите кралеви којашто ќе го одбележи крајот на меровиншката династија.

Пред својата смрт, кралот Дагоберт одбрал да биде закопан во опатијата Сен-Дени којашто тој ја изградил и каде денес се наоѓаат гробовите на поголемиот дел кралеви на Франција. Гробот на Дагобер, единствениот крал на regnum Francorum, бил направен во 13 век од страна на кралот Луј IX.

Брак и деца[уреди]

Дагоберт I, крал на Австразија, на Неустрија и на Бургундија, (умрен во 638) слика од Емил Сињол (1804-1892). Платно сочувано во националниот музеј на замокот во Версај.

Авторот на Хрониките на Фредегер го критикува кралот поради неговиот лош морал бидејќи имал "речиси истовремено три кралици, како и неколку конкубини ".[10] Хрониката ги именува кралиците, Нантхилда, доста нејасно Вулфегундис и Берхилдис, но не именува ниту една од конкубините тврдејќи дека таквиот список би бил долг.

Во 625/6 Дагоберт се оженил со Горматруда, сестра на жената на татко му Сихилда; но во овој брак тој немал деца. Откако се развел од Горматруда во 629/30 Нантхилда, саксонска слугинка (puella), ја направил своја нова кралица.[11] Таа го родила:

  • Клодовик II (b. 634/5) подоцна крал на Неустрија и на Бургундија.

Кусо после неговиот брак со Нантхилда, ја земал девојката која се викала Рагнетруда за своја љубовница која му го родила неговиот најстар син:

Можно е и Регинтруда, игуменија во опатијата Нонберг да била дете на Дагоберт. Таа се омажила во баварско семејство (или за Теодо, војводата од Баварија или за неговиот син војводата од Салцбург).

Етимологија на името[уреди]

Имињата на кралските наследници во Средниот век се засновале на стриктни правила и грижливо биле избирани. Со германско потекло, женските имиња честопати завршуваат со "gotha" ; подоцна, ова станува gutha, потоа gud, на англиски good. Cf. Ultragotha, итн. Сопругата на Жан II Добриот се викала Гута (Gutta), после нејзината венчавка името и било преведено како Добра (на француски bonne). Машките имиња најчесто авршуваат со bert што значи храбар или силен на горногермански, cf. Robert, Childebert, Caribert, итн.

Dag означува ден на горногермански, на германски и на нордијски.

Дагоберт значи голем ден, симболично име кое ја означува важноста на раѓањето на овој наследник за Клотар II, кој останал без наследник после смртта на неговиот постар син Меровех во битката кај Арел.


Монети[уреди]

Извор[уреди]

Библиографија[уреди]

  • Jean Verseuil, Les rois fainéants : de Dagobert à Pépin le Bref 629-751, édition Critérion, Paris, 1946 .
  • Laurent Theis, Dagobert : un roi pour un peuple, éditions Fayard, 1987 (Шаблон:Ire éd. 1982 chez Complexe)
  • Maurice Bouvier-Ajam, Dagobert Roi des Francs. « Figures de proue », éditions Tallandier, 2000
  • Frédégaire (trad. par O. Devilliers et J. Meyers), Chronique des Temps Mérovingiens, édition Brepols, 2001
  • Gaston Duchet-Suchaux et Patrick Périn, Clovis et les Mérovingiens, Éditions Tallandier, collection « La France au fil de ses rois », 2002
  • Chroniques du temps du Roi Dagobert (592-639) (traduites du latin par François Guizot et Romain Fougère). Шаблон:2e édition. Clermont-Ferrand : Paleo, coll. « Sources de l'histoire de France », 2004. 169 p., 21 cm.

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Rose Williams, The Lighter Side of The Dark Ages, page 52 (Anthem Press, 2005). ISBN 978-84331-192-8
  2. Georges Duby, France in the Middle Ages 987-1460: from Hugh Capet to Joan of Arc, page 134 (Blackwell Publishers, 1991) ISBN 0-631-18945-9
  3. Frédéric Armand, Chilpéric I, La Louve édition, 2008, p.191.
  4. Georges Tessier, Le baptême de Clovis, éditions Gallimard, 1964, p.233.
  5. Theis (1982), p. 12.
  6. name="Périn,119"
  7. Theis (1982), p. 14.
  8. Bouvier-Ajam (2000), pp. 252-253.
  9. Périn et Duchet-Suchaux (2002), p. 121.
  10. Fredegar IV, 60.
  11. Fredegar IV, 58: Nantechildem unam ex puellis de menisterio matrimonium accipiens reginam sublimavit.



Дагоберт I
Роден(а): 603 Починал(а): 19 јануари 639
Претходник
Клотар II
Крал на Австразија
623–629
Наследник
Сигеберт III
Претходник
Клотар II
Крал на Франките
629–634
Незаземено
Следен носител на титулата
Теудерик III
Нова титула
Галија поделена
Крал на Неустрија и на Бургундија
634–639
Наследник
Клодовик II


Наводи[уреди]


Надворешни врски[уреди]