Благородништво

Од Википедија — слободната енциклопедија
Француски благородници, околу 1774 година

Благородништво — посебен социјален општествен слој.

Историјат[уреди | уреди извор]

Француска карикатура за трите класи во феудалното општество. Третата, селската класа, ги носи свештенството и благородништвото.

Аристотел ја дал следнава дефиниција за благородништвото: „Благородништвото значи наследство на богатство и на чест“.[1]

Во феудалното општество, благородништвото било доминантен општествен слој, со статус кој бил заснован на семејното потекло по раѓање или по служба. Благородништвото главно се стекнувало заради:

  • извонредната војна способност или снага (витези, самураи)
  • економска надмоќ, на пример голем посед
  • доделено од владетелот (како награда за особени заслуги)

Благородништвото во Европа својот врв го доживеало во периодот од средниот век до крајот на XVIII век. Своите привилегии благородништвото постепено ги изгубило по Француската револуција. Во технолошки развиениот свет се покажало дека системот на граѓанско образование во индустријата, науката и власта, е поконкурентно.Оттогаш, со текот на времето, во речиси сите европски земји, благородништвото го изгубило статусот на повластен општествен слој.

Благородништвото како тема во уметноста[уреди | уреди извор]

  • „Грофот Монтекристо“ - расказ на италијанскиот писател Итало Калвино.[2]
  • „Ноќен монолог на еден шкотски благородник“ (Monologo notturno di un nobile scozzese) - расказ на италијанскиот писател Итало Калвино.[3]
  • „Смртта на баронот Гандара“ - расказ на чешкиот писател Карел Чапек.[4]
  • Грофицата“ - расказ на чешкиот писател Карел Чапек.[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 33.
  2. Владимир Јанковски (уредник), Пат околу светот во 20 раскази: Антологија на светскиот расказ, Темплум, Скопје, 2011, стр. 54-72.
  3. Italo Kalvino, Pre nego što kažeš „halo“. Beograd: Rad, 2001, стр. 50-53.
  4. 4,0 4,1 Карел Чапек, Раскази од другиот џеб, Темплум, Скопје, 2012.