Сигеберт II

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сигеберт II
Sceau de Sigebert II.jpg
Печатот на Сигеберт II. Национални архиви, Париз.
Крал на Австразија и на Бургундија
На престол 613
Претходник Теудерик II
Наследник Клотар II : (Обединување на сите Франки)
Династија Меровинзи
Татко Теудерик II
Мајка Ерменберга
Роден(а) 602
Починал(а) 10 октомври 613


Сигеберт II (602[1] - 613) е син на кралот Теудерик II[2]. Тој владее неколку месеци со Австразија и Бургундија во 613[3] под авторитет на неговата прабаба Брунхилда.

На крајот од првата деценија после 600, Св. Коломбан отишол во вилата Брокариакум (веројатно Буршерес, јужно од Отен) а да побара од кралицата Брунхилда земја и пари. За возврат таа побарала од него да ги благослови нејзините правнуци, Сигеберт, Хилдеберт, Корбус и Меровех, со коишто таа живеела. Коломбан, сметајќи дека тие деца се нелегитимни, одбива да им даде благослов [4].

Во 613, неговиот татко Теудерик II умира на возраст од дваесет и пет години. За да го замени, Брунхилда тогаш на престолот го поставила Сигеберт иако тој тогаш имал одвај дванаесет години [5]. Поставувањето на Сигеберт II на престолот, најстариот од синовите на Теудерик II, се извршува со примогенитура, без поделба на кралството кое требало да биде поделено на четири дела. Со тоа што не биле ошишани, тројцата браќа на Сигеберт сепак го зачувале нивното право на престолот[6]. Иако таа ја држела вистинската моќ[7], Брунхилда му доделила на Сигеберт и војска. Управувањето на кралството му е доделена на мајордомот Варнакер[8].

Клотар II кроел завера со моќниците од кралството на Сигеберт II против Брунхилда, сќе додека таа не се решила да се оттараси од него. Ги испратила Сигеберт и Варнакер да формираат војска во тогашна Саксонија и во Турингија но Вернакер намерно направил таквата мисија да пропадне бидејќи слушнал дека кралицата имала намера да го убие[8]. Варнакер тогаш стапил во сојуз со моќниците од Бургундија додека пак Брунхилда го пратила Сигеберт и неговите браќа придружени со бургондски трупи во Австразија за да го задушат бунтот. Клотар II тогаш одлучил да се здружи со бунтовниците и неустриската војска се сретнала со австразиско-бургундиската војска во Шалон-ан-Шампањ[9]. Варнакер и неговите приврзаници се зздружиле со Неустријците и успеале да ги заробат Сигеберт II, Корбус и Меровех. Во Ренева, на десниот брег на Сона[10],[11], откако ги фатил членовите на кралското семејство на Австразија-Бургундија, Клотар II наредил да бидат убиени. После куо време убиена била и кралицата Брунхилда.

Наводи[уреди]

  1. Bruno Dumézil, La reine Brunehaut, éditions Fayard, Paris, 2008, pp.314, 319.
  2. Chronique de Frédégaire, IV, 21.
  3. En note au passage cité de la chronique de Frédégaire, livre IV, 21, éditions Brépols, p.84 n. 133.
  4. Vita Colombani, I, 19.
  5. Bruno Dumézil, op. cit., p.376.
  6. Ibid., p.378.
  7. Ibid., p.388.
  8. 8,0 8,1 Chronique de Frédégaire, IV, 40.
  9. Bruno Dumézil, op. cit., p.380.
  10. Ibid., p.381.
  11. Chronique de Frédégaire, IV, 42.

Библиографија[уреди]

  • Jonas de Bobbio, Vie de Saint-Colomban et de ses disciples (traduction par Dom Adalbert de Voguë), éd. de l'abbaye de Bellefontaine, 1997 ISBN|978-2855890692.
  • Frédégaire (trad. par O. Devilliers et J. Meyers), Chronique des Temps Mérovingiens, édition Brepols, 2001 ISBN|2503511511.
  • Chroniques du temps du Roi Dagobert (592-639) (traduites du latin par François Guizot et Romain Fougère). 2e édition. Clermont-Ferrand : Paleo, coll. « Sources de l'histoire de France », 2004. 169 p., 21 cm. ISBN|2-913944-38-8.
  • Bruno Dumézil, La reine Brunehaut, éditions Fayard, Paris, 2008 ISBN|978-2-213-63170-7.
Сигеберт II
Роден(а): 601 Починал(а): 613
Претходник
Теодерик II
Крал на Австразија и Бургундија
613
Наследник
Клотар II