Солид

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Солидус (латински: solidus)[1] е златна монета која била емитувана од античките римски и византиски императори. За прв пат солидот бил воведен со монетарната реформа на царот Константин I Велики (306-337) во 309 год. Од 314 год. ковањето на солидот се проширило во западниот дел на Царството, а почнувајќи од 324 год. тој бил емитуван од сите царски ковници. Просечната тежина на солидот изнесувала 4,55 гр, а неговото емитување продолжило се до монетарната реформа на императорот Алексиј I Комнен (1081-1118). Покрај солидот во оптек биле и неговите составни делови семис (половина од солид) и тремиз (третина од солид).

Наводи[уреди]

  1. „солид“ — Лексикон на македонскиот јазик на оф.нет