Салиски Франки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Некој ваков пејсаж од мочурлива почва и врбјарник ни дава приближна претстава за тоа како изгледала територијата на првите салијци кои живееле во близина на морскиот брег.

Салиските Франки или Салии биле подгрупа на раните Франки кои најпрво живееле северно од лимесите (границите) на Римското царство, во подрачјето на Рајна. меровиншките кралеви кои ја освоиле Галија биле Салијци. Од 3-от век натаму, Салиските Франки се појавуваат во историските податоци како воинствен германски народ и како пирати, а воедно и како Лаети (сојузници на Римјаните). Тие биле првото германско племе од онаа страна на лимесите кои трајно се населиле на римско тло. Во 358, дошле до некаква форма на спогодба со Римјаните кои им дозволиле да се утврдат во Токсандрија (подрачје околу денешна Холандија и белгиските провинции Северен Брабанд, Антверпен и Фламански Брабанд).

Салијците целосно го прифатиле франскиот идентитет и постепено престанале да се појавуваат под нивното оригинално име од 7-от век па натаму, кога целосно станале Франки.[1] Рупуарскиот законик (во ориг. Lex Ripuaria), потекнува од околу 630 од Келн и опишан е подоцнежен развој на франскиот закон познат како Салиски законик (во ориг.Lex Salica). Спротивно на популарното мислење, некои сметаат дека немало поделба на Франките меѓу Салијци и Рупуарци.[2][да се провери]

Етимологија[уреди]

Франките во III век[3].
Во портокалово, Римската Империја ; во зелено франските народи.

Повеќе хипотези постојат во врска со потеклото на нивното име но ниедна не е со сигурност потврдена:

  • Салиски би можело да е дериват изведен од името на реката Ејсел (чие старо име било Исала, како и други реки Изер, Исер, Изар), според германското see, « море ».
  • Салиски за други, би можело да се однесува на градот Сала, денешен Оверејсе, во Белгија, земјата на Салиските Франки. Оверејсе се наоѓа на реката Ејсе, која на почетокот на Средниот век се нарекувала Иска, келтски збор кој значи ’’вода’’ [4].
  • Салиски би можело да има врска и со морската сол ; северниот дел на нивната територија се вика Саланд во Холандија. А галските заедници кои живееле на морскиот брег на денешна Белгија и на северот на Франција [5] произведувале сол од 400 п.н.е и најмалку до 400 година на нашата ера, со римски монопол врз ’’соланите’’.
  • Салиски би можело да е епитет кој ги опишувал племињата кои живееле до вода а воедно може и да биде епитет на франскиот збор salha, кој етимолошки му го дал потеклото на францускиот збор ’’ saule’’ врба, дрво коешто најдобро вирее до вода.
  • Толкување според старата Енциклопедија, односно Толковниот речник на науките, уметностите и вештините [6] »

Историја[уреди]

Потеклото на салискиот народ не се знае. Тие за првпат се цитирани од страна на римските автори во 358 поради воените маневри на Харието, салиски водач кој бил сместен во Трир кој организирал одбрана на провинцијата од нападите на други племиња. Ова задоцнето појавување на Салијците во 360 година ги тера историчарите да мислат дека тие се впрочем новоименувано племе на веќе постоечки народи: или Шамави, или хаучко племе кое го напуштило својот народ за да им се приклучи на Франките[7] ·[8].

Салиските Франки (во жолто) и ренанци (портокалово) во првата половина на 5 век. Сивото е Римската Империја.

Тие биле населени во Холандија на југ од Зуидерзе, територија на устијата на реките Вехт и Ејсел, која се нарекувала Салзе и која во Средниот век станала Саланд. Тоа било територија со почва, со слатководна и солена вода. Легендата за Меровех чија мајка била оплодена од страна на некое чудовиште кое дошло од морето евоцира народ кој бил поврзан со водата и со морето.

Од римските документи и хроники дознаваме дека во 3 и 4 век се споиле со други германски народи и оформиле конфедерација на народи кои оставиле голем белег во историјата на Раниот Среден век : Франките (franci, со нејасна етимологија : les « снажни » или « слободни » )[9].

Пред оваа прва појава во 358, во римските текстови се наведуваат Франките кои биле населени во долните текови на реката Рона без да се прецизира дали тие биле Салијци или не. Така Караусиј, кој се прогласил за император на Британија, во 286 склучил сојуз со Франките за овие кај устието на Рона да го спречат легитимниот император, Диоклецијан, да пушти флота против Британија. Максимилијан, генерал именуван од страна на Диоклецијан, тргнал во поход против Франките и го натерал Генобауд, « крал на Франките на брегот на океанот», да му се потчини. Максимилијан ги населил овие Франки во Токсандрија, на устието на Рона, зад лимесите, со статус на Лаети. Мошне брзо, Салијците биле потчинети на царската власт. Се чини дека Франките мошне добро го прифатиле нивниот статус кој пак од римска гледна точка бил понижувачки. Заштитени од римскиот мир, тие тука се размножиле и се повлекле накај запад долж Северното море во Фландрија каде ќе се занимаваат со производство на сол, преку испарување на морската вода (соланите, можеби исто така етимолошки се поврзани со името "Салијци" (Салии)).

Во 5 век нивниот крал Клодион Долгокосиот го искористил заминувањето на легиите кон Запад за да ги насели Салиските Франки меѓу Арас и Камбре, со престолнина во Турне кој ќе стане центар на нивната моќ и нивно живеалиште сé до времето на Клодовик. Се создале и други кралства после смртта на Клодион, она на Рагнакар, кој владеел во Камбре, и она на Харарик, за чија престолнина не се знае. Овие две кралства потоа биле обединети од страна на Клодовик.

Список на салиските кралеви[уреди]

Печатот на Хилдерик I, крал на Салиските Франки од 457 до 481. Inscription CHILDERICI REGIS ("на Хилдерик кралот"). Најден во неговиот гроб во Турне, сега во Моне де Пари.

Види исто[уреди]

Наводи и белешки[уреди]

  1. Dr.D.P.Blok, De Franken in Nederland, Holland: Bussum, 1979. ISBN 9022837394, p.17
  2. F.Beyerle, Völksrechtliche Studien I-III, Zeitschrift der Savigny-Stiftung, germ. Abt. LXII 264vv, LXIII ivv; Ewig 450vv;487vv
  3. Според Feffer Périn,1987,p.30 и 33.
  4. Hubert Le Bourdellès, Boulogne et Thérouanne au temps de César: Approche toponymique de la cité des Morins, Presses Univ. Septentrion, 2009, p.12
  5. на пример во Питгам и во најмалку десеттина други општини на француско-белгискиот брег
  6. Encyclopédie ou Dictionnaire raisonné des sciences, des arts et des métiers ; « D'autres enfin croient que les François Saliens du nom desquels fut surnommée la loi salique, étoient une milice ou faction de Francs qui furent appellés Saliens à Saliendo, parce que cette milice ou nation faisoit des courses imprevûes hors de l'ancienne France sur la Gaule. Et en effet, les François Saliens étoient cités par excellence, comme les peuples les plus legers à la course, suivant ce que dit Sidon Apollinaire, "sauromata clypeo, salius pede, falce gelonus"
  7. Selon Шаблон:Article.
  8. Шаблон:Article.
  9. Werner,1984,p.240.

Извори[уреди]

  • Area Handbook of the US Library of Congress
  • Ammianus Marcellinus, History of the Later Roman Empire.
  • Chisholm, Hugh (1910). Franks, In The Encyclopædia Britannica: A Dictionary of Arts, Sciences, Literature and General Information, V. 11, pp. 35–36.[1]
  • Gregory of Tours, Decem Libri Historiarum (Ten Books of Histories, better known as the Historia Francorum).
  • Musset, Lucien : The Germanic Invasions: The Making of Europe, Ad 400-600,1975, ISBN 1-56619-326-5, p. 68.
  • Orrin W. Robinson, Old English and its closest Relatives – A Study of the Earliest Germanic Languages.
  • Perry, Walter Copland (1857). The Franks, from Their First Appearance in History to the Death of King Pepin. Longman, Brown, Green: 1857.
  • Wood, Ian, The Merovingian Kingdoms, 450-751 AD. 1994.
  • Zosimus (1814): New History, London, Green and Chaplin. Book 1.[2]