Ден Браун

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај


Ден Браун
Роден(а) 22 јуни 1964 (1964-06-22) (47 г.)
Ексетер, Њу Хемпшир, САД
Занимање Романописец
Жанрови Трилер,
Мистерија


Потпис

danbrown.com

Ден Браун (англиски: Dan Brown) (роден 22 јуни 1964) е американски писател на трилери, најпознат по бестселерот од 2003, Кодот на да Винчи. Романите на Браун, кои се потраги по богатство сместени во период од 24 часа,[1] обработуваат споредбени теми како криптографија, клучови, симболи, кодови и теории на заговор. Неговите книги се преведени на повеќе од 40 јазици и заклучно со 2009 продадени во повеќе од 80 милиони копии.

Романите на Браун во кои како главен лик се појавува Роберт Ленгдон вклучуваат историски и христијански теми како споредбени мотиви, кои имаат резултирано во причинување контроверзности. Браун на неговата веб-страна наведува дека неговите книги не се анти-христијански, иако тој самиот е на „постојано духовно патување“, и вели за неговата книга Кодот на да Винчи дека е едноставно „забавна приказна која причинува духовна дискусија и дебата“ и додава дека книгата може да послужи како „позитивен катализатор за самокритика и иследување на нашата верба“.[2]

[уреди] Кариера

Од 1996, Браун е посветен единствено на пишувањето книги. Неговите први три романи имаат мал успех, со помалку од 10 000 копии од секоја, но четвртиот роман, Кодот на Да Винчи, станува бестселер, искачувајќи се на првото место на листата бестселери на Њујорк тајмс уште првата недела по објавувањето во 2003. Се смета за една од најпознатите книги на сите времиња, со речиси 60.5 милиони копии до 2006. година продадени низ целиот свет. Успехот на оваа книга ја зголеми продажбата и на неговите први три романи. Во 2004, сите негови четири романи во иста недела се најдоа на листата бестселери на Њујорк тајмс. Во 2005., магазинот Тајмс го постави Браун во листата 100 највлијателни личности на годината. Магазинот Форбс го постави Браун на 12. место на нивната листа на најпознати личности во 2005 година, со пресметан годишен профит од 76,5 милиони долари. Тајмс го објави профитот на Кодот на да Винчи – 250 милиони долари.

[уреди] Дела

Дигитална тврдина, 1998
Ангели и демони, 2000
Точка на измама, 2001
Кодот на Да Винчи, 2003
Изгубениот симбол, 2009

[уреди] Наводи

  1. Brown. Witness statement; Pages 17 & 21.
  2. The Da Vinci Code FAQ page; Official website of Dan Brown
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици