Ангели и демони

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ангели и демони
Корица на првото издание
АвторДен Браун
ЗемјаСАД
Обединето Кралство
Јазик[аАнглиски јазик
Жанрмистерија, трилер
ИздавачPocket Books
Издадена
мај 2000
МедиумПечат (тврд и мек)
Страници480
ISBN0-671-02735-2 (US) / 9780552160896 (UK)
OCLC52990309
813/.54 21
Клас. КБPS3552.R685434 A82 2000
ПретходнаДигитална тврдина 
СледнаТочка на измама 

Ангели и демони (англиски: Angels & Demons) е најпродаван мистерија-трилер роман од 2000 година напишан од американскиот автор Ден Браун и издадена од Pocket Books. Дејството се сосредоточува на потрагата на фиктивниот харвардски симболог Роберт Ленгдон да ги открие мистериите околу тајно друштво наречено Илуминати и да расплете заседа околу анулирање на Ватикан користеијќи ја разорнувачката антиматерија. Романот користи идеја на историски конфликт помеѓу науката и религијата, особено помеѓу Илуминатите и Римокатоличката црква.

Содржина[уреди | уреди извор]

Кога светски познатиот харвардски криптолог Роберт Ленгтон ќе биде повикан во Швајцарската истражувачка постројка за да го анализира таинствениот симбол - врежан на градите на убиениот физичар - тој открива докази на незамисливото: повторно оживување на древното тајно братство на илуминатите, најмоќната подземна организација уште од настанувањето на светот. Сè упатува на тоа дека неминовно се ближи часот на конечната пресметка на ова братство воскреснато од Светиот стол. Најлошите стравувања на Ленгдон се потврдени во највисоките конклави, кога гласникот на илуминатите објавува дека скриле незапирлива темпирана бомба во самото срце на Ватикан. Додека трае одбројувањето, Ленгдон одлетува во Рим со Виторија Ветра, прекрасна и мистериозна италијанска научничка, за да му помогне на Ватикан во очајничката борба за опстанок.

Впуштајќи се во френетична потрага низ запечатени скрипти, опасни катакомби, напуштени катедрали, па дури и во најтајниот трезор на светот, Ленгтон и Ветра ја следат 400 години старата Патека на просветлувањето, создадена од древни симболи, која се извива преку Рим сè до одамна заборавеното дувло на илуминатите, таинствена локација каде што можеби се крие шансата за спас на Ватикан.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]