Рипуарски Франки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Рипуарските Франки (латински: Ripuari) биле Франки кои живееле долж средниот тек на Рајна околу Келн, во денешна Северна Рајна-Вестфалија (Германија) за време на римскиот период. Овие Франки се групирале во текот на втората половина на 5 век за да основаат кралство во Келн, кое е интегрирано во франското кралство на Клодовик. Од 7 век натаму се нарекуваат Рипуарски Франки[1].

Етимологија[уреди]

Името Рипуари, и варијантите Рипаурии и Рипарии, можеби е поврзано со латинскиот збор ripa, (латински за "речен брег"), што според Пери би значело луѓе од Рајна[2] иако поврзаноста со "ripa" се зема со доза на сомнеж од страна на други историчари.[3] Генерално, Рипуарците се смета дека се народ кој доаѓа од долините на Рајна и се разликуваат од Салијците (Франките од Сал, реката Ејсел,[4] односно, Франките од соленото море.[5]првата нејасна референца за Рипуарците била доделена од историчарот на Готите Јорданес.[4] Јорданес нив ги споменува во книгата Гетика (Потеклото и делата на Гетите), која датира од околу 551, каде тој племето "Рипарии" го листа како едно од сојузниците на Аециј во битката кај Каталаунските полиња:

"Hi enim affuerunt auxiliares: Franci, Sarmatae, Armoriciani, Liticiani, Burgundiones, Saxones, Riparii, Olibriones ..."[6]

Историја[уреди]

Поврзано: Тенктери

Народот кој бил познат како Рипуарци веројатно биле дел од франската војска која била поразена од имепаторот Максимијан (250-310) во битката кај Трир.[7] Тие почнале да го населуваат регионот Андернах долж Рајна во текот на 5 век и го зазеле Келн, на левиот брег на Рајна во областа позната како Германија Секунда.[8] Тие исто така се прошириле во Белгика Секунда сé до реката Мозел, сепак без да го заземат градот Трир.[8]

Рипуарците се појавуваат во пишаната историја во првата половина на 7 век, кога го добиле Рипуарскиот закон (Lex Ripuaria) од страна на подоминантните Салиски Франки.[9]

Кралството на Рипуарските Франки[уреди]

Поврзано: Список на кралеви на Рипуарските Франки

Политичката ситуација за Франките се изменила во средината на 5 век. Клодион Долгокосиот ја нападнал Белгија Секунда, бил поразен од Аециј но овој му доделил на Клодион федус на териториите кои ги освоил[10]. Оваа ситуација ги изолирала Рипуарските Франки од римскиот свет додека на југ биле блокирани од Бургундите, кои пак добиле федус во Германија Секунда, а и од Алеманите кои ги потиснувале накај југозапад. Освен тоа Рипуарците трпеле притисок и од други германски народи. Во 451, се наоѓале во близина на напливот на Хуните на Атила. Единствената опција да преживеат било да се обединат во единствено кралство.

Ниеден документ не ја споменува датата на основање на кралството на Рипуарските Франки. Може само да се претпостави дека тоа било некаде меѓу 431, датата на федусот меѓу Аециј и Клодион, и 469.

Кралствата на Франките околу 480[11].

Токму околу таа дата едно писмо од Сидониј Аполинар раскажува дека некој принц по име Сигемер дошол во Лион да се жени. Описот на облеката ги навело историчарите да заклучат дека станувало збор за принц на Рипуарските Франки а фактот дека се оженил со некоја од Лион, еден од главните градови на бургундското кралство, остава простор да се мисли дека се оженил со бургундска принцеза[12]. Од 461/465, бургундскиот крал Гондиок е еден од тројцата Магистри милитум во Галија, именуван по совет на неговиот зет патрицијот Рицимер. Кралот на Бургундите бил значајна личност од прв план во таа епоха а бракот на Сигемер бил веројатно склучен во рамки на некаков сојуз меѓу кралството на Рипуарските Франки со она на Бургундите против заедничкиот непријател - Алеманите. Според германскиот историчар Франц Стааб, кој главно се потпирал врз археолошки пронајдоци, а особено оние од франските ископини од Ренанија, веројатно на таа дата Рипуарските Франки добиле одобрение од Гондиок и Рицимер да се населат на левиот брег на Рајна и да го направат Келн нивна престолнина[13].

Преку ваквите сојузи Рипуарските Франки се ставиле во положба да им бидат непријатели на Салиските Франки : впрочем Гондиок, новиот сојузник на Рипуарците бил спротивставен на еден друг магистер милитум, римјанинот Егидиј кој бил во сојуз со Салијците [14],[15],[16].

Една од двете први акции била да се освои градот Трир со цел географски да се доближат до Бургундија и да направат солиден блок против Алеманите. Повеѓето историчари мислат дека ова освојување се случило околу 470, кога грофот Арбогаст го напуштил градот [17],[18], Но Франц Стааб, врз основа на археолошките ископувања околу градот Трир, смета дека освојувањето се случило подоцна [19]. Околу 500, тие се населиле и во регионот на Мец како што покажува географскиот атлас од анонимен автор од Равена кој ги опишува овие региони како дел од Francia Rinensis.

На крајот на 5 век, на чело на кралството бил кралот Сигеберт. Се чини дека тој одново станал сојузник на Салиските Франки на Клодовик, но не учествувал во походот кој Клодовик го водел против Сиагриј, за разлика од франските кралеви Рагнакер и Харарик. Можно е неговата задача да била да го чува ’’грбот’’ на франските кралства. Во 496, Алеманите го нападнале неговото кралство и овој морал да го викне Клодовик за да ги одбие нивните напади. Тој бил ранет во оваа битка од каде му е и прекарот « Сигеберт Куциот ». Во 507, испратил војска на чело со Хлодерик, која се борела заедно со Клодовик во борбата против Визиготите во битката кај Вује. Сигеберт умрел некое време подоцна па така Хлодерик и Рипуарските Франки го одбрале Клодовик за свој крал [20],[21],[22].

Наводи[уреди]

  1. Речникот Робер цитира како етимологија lat. riparius, од ripa « брег », правејќи референца на нивното присуство на брегот на реката Рајна.
  2. Perry, 1857:48.
  3. Chisholm 1910:35-36.
  4. 4,0 4,1 Perry 1857:48.
  5. Chisholm 1910:35.
  6. Getica, Jordanes 551 v.191.
  7. Perry 1857:50.
  8. 8,0 8,1 Perry 1857:54; Encyclopædia Britannica, Online 2007:119.
  9. Rivers 1986:_?.
  10. Rouche, 1996, p. 116-117.
  11. Rouche, 1996, p. 188.
  12. Settipani, 1996, p.31.
  13. Staab, 1997, p. 550
  14. Werner, 1984, p.333
  15. Staab, 1997, p. 562
  16. Riché Périn, 1989, p. 308, белешка « Francs rhénans (ripuaires) ».
  17. Rouche, 1996, p.180
  18. Werner, 1984, p. 331
  19. Staab, 1997, p. 554-555
  20. Riché Périn, 1989, p.308, белешка « Sigebert le Boiteux ».
  21. Kurth, 1893, p. 437-442
  22. Bordonove, 1988, p. 143-6

Користена литература[уреди]

  • Chisholm, Hugh (1910). Franks, In The Encyclopædia Britannica: A Dictionary of Arts, Sciences, Literature and General Information, V. 11, pp. 35–36.[1]
  • Jordanes (ca 551 AD). Getica, v. 191. Online translation retrieved Nov. 1, 2007.[2]
  • Perry, Walter Copland. (1857) The Franks, from Their First Appearance in History to the Death of King Pepin. Longman, Brown, Green: 1857.
  • Rivers, Theodore John. (1986) Laws of the Salian and Ripuarian Franks. New York: AMS Press, 1986.
  • France: Early Frankish Period, In Encyclopædia Britannica, p. 119. Retrieved Nov. 1, 2007, from Encyclopædia Britannica Online.[3]
  • Hermann Kinder et Werner Hilgemann (trad. Pierre Mougenot), Atlas Historique, Éditions Stock, 1964 (réimpr. 1983), p. 112
  • Karl Ferdinand Werner, Les Origines, avant l'an mil [détail des éditions].
  • Laurence Charlotte Feffer et Patrick Périn, Les Francs, Paris, Armand Collin Editeur, 1987.
  • Georges Bordonove, Clovis, Pygmalion, coll. « Les Rois qui ont fait la France », 1988 (ISBN 2-85704-241-7).
  • Christian Settipani, Les Ancêtres de Charlemagne, Paris, 1989, 170 p. (ISBN 2-906483-28-1).
  • Pierre Riché et Patrick Périn, Dictionnaire des Francs - Les temps Mérovingiens, Bartillat, 1996, 370 p. (ISBN 2-84-100008-7).
  • Michel Rouche, Clovis, Éditions Fayard, 1996 (ISBN 2-213-59632-8).
  • Christian Settipani, « Clovis, un roi sans ancêtre ? », dans Gé-Magazine, no 153, octobre 1996, p. 24-32
  • Franz Staab (de), « Les royaumes francs au Ve siècle » dans Clovis - Histoire et Mémoire - Actes du colloque international d'histoire de Reims, vol. 1, Presses Universitaires de la Sorbonne, décembre 1997 (ISBN 2-84050-079-5), p. 541-566