Хагиографија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Хагиографија е животопис за светците. Овој жанр се јавува во врска со продорот на христијанската религија која била забранета. Првите книжевни описи на жртвуваните маченици за христијанската вера биле документирани во зборниците познати под наслов: Acta martyrum. Една хагиографија се однесува буквално на записите на тема на светите личности и специфично, на биографиите на еклестичните и секуларни водачи, канонизирани од христијанската црква. Хагиологија, за контраст, е студија на светците колективно, без да се фокусира на животот на еден индивидуален светец.

Хагиографиите се делат на општохристијански и локални. Од општохристијанските позначајни популарни во Македонија се хагиографиите посветени на Свети Алексеј Чудотворецот, Свети Ѓорѓи Кападокиски, Свети Димитрија, Свети Павле, Свети Еразмо Охридски. Од локалните хагиографии пак најпознати се Панонските легенди и опширните житија за браќата Свети Кирил и Методиј.