Геновева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Света Геновева
Света Геновева, слика од 17 век, Музеј Карнавале, Париз
Роден(а) околу 419/422, Нантер, Франција
Умрел(а) 502/512 (на возраст 79-93), Париз, Франција
Почитуван(а) во Римокатолицизам, Источно-православна црква
Канонизација 500
Слава 3 јануари
Заштитништво Париз

Геновева (родена во Нантер во 423, почината во Париз во 502 или 512) е француска католичка светица, заштитничка на градот Париз и на жандармите. Латинското име Genovefa е латинизација на франското *kenowīfa или *Kenuwefa, од ken- « вид, раса » (како kin на англиски) и wīf « жена » (како wife на англиски и Weib на германски).

Животот[уреди]

Во нејзиното житие, таа била опишана како мирна девојка родена во Нантер од татко веројатно романизиран Франк [1] и мајка Гало-Римјанка. Мекој ден Герман Оксерски дошол во Нантер а Геновева му се доверила дека сака да живее само за Бога. Тој ја охрабрил во помислата и таа на петнаесетгодишна возраст се заредила во манастир. По смртта на нејзините родители, отишла да живее со нејзината влијателна кума [2] Лутеција во Париз. (Бидејќи "Лутеција" било поранешното име на градот Париз, ова има симболично значење.) Во Париз на младата жена и се восхитувале на побожноста и посветеноста во хуманитарните дела, вклучително и нејзиното испосништво и вегетаријанство. Се воздржувала од храна и јадела сосем малку. Со вакво лишување живеела над 30 години, сé дури нејзините претпоставени во рамки на Црквата не ѝ кажале дека ѝ е должност да го намали своето испосништво. Имало критичари и противници на нејзините активности, и пред и после нејзината средба со Герман.

Статуа на Света Геновева од Пјер Ебер на фасадата на црквата Сен-Етјен-ди-Мон

Геновева често комуницирала со ’’другиот свет’’ и кажувала за своите визии и пророштва сé дури нејзините непријатели не се здружиле да ја удават. Преку интервенцијата на Герман Оксерски, тие најпосле ја надминале омразата. Владиката на градот ја назначил да се грижи за доброто на девиците посветени на Бога и со нејзините поуки и пример таа им помагала на патот до светоста.

Кусо пред Хуните на Атила во 451 да го нападнат Париз, со помошта на Герман, ги убедила жителите кои биле во паника да не ги напуштаат своите домови. Таа ги храбрела парижаните да се спротивстават на инвазијата со следниве познати зборови: « Мажите ако сакаат нека бегаат, кога не се способни да се борат. Ние жените деноноќно ќе се молиме на Бога сé дури тој не ги чуе нашите молитви. »

Факт е дека Атила тогаш го поштедил Париз. Една друга хипотеза вели дека можеби таа на напаѓачите им рекла дека во градот владее епидемија на колера и така го пренасочила нападот на Хуните кои наместо Париз ги нападнале Визиготите во Аквитанија.

Во тек на опсадата на Париз во 464 од Хилдерик, Геновева ја поминала опсадата со чамец до Троа, носејќи храна за жителите на градот. Таа го молела Хилдерик да ги помилува воените заробеници и тој не ги убил. Подоцна, , Клодовик I ги ослободил заробените откако Геновева тоа го побарала од него.[3]

Таа исто така го убедила Клодовик, чиј поборник отсекогаш била, да подигне црква посветена на светците Петар и Павле на ридот кој денес го носи нејзиното име - (планина Сент-Женевјев) - во петтиот арондисман на Париз, во срцето на Латинскиот кварт. Според некои извори, таа умрела во 512, на возраст од 89 и била закопана до кралот Клодовик и неговата кралица Клотилда, нејзините најславни ученици. Моштите на Геновева биле изгорени на плоштадот Грев во 1793. [4].

Геновева од страна на католиците се смета за света заштитничка на Париз, и Нантер. Таа се слави на 3 јануари.

Наводи[уреди]

  1. Joël Schmidt Sainte Geneviève Perrin (12 septembre 1999)  ; Jeanine Hourcade Sainte Geneviève hier et aujourd’hui Médiaspaul (1 octobre 2005) p 44
  2. Martin Heinzelmann, Joseph-Claude Poulin, Les vies anciennes de sainte Geneviève de Paris "Etudes critiques" 1986
  3. Attwater.Шаблон:Page?
  4. Annales archéologiques, Édouard, Adolphe Napoléon Didron, tome 8, page 261, Paris, 1848

Библиографија[уреди]

Надворешни врски[уреди]