Колера
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Колерата е акутно, инфекциско заболување ендемично за Азија.
Колерата ја предизвикува Vibrio cholerae во два биотипа - класичен и El Tor. Вториот тип може да преживее подолго во природа, може да предизвика субклинички случаи, има подолг период на фекална екскреција од организмот и може да се пренесува од случај на случај или преку вода и храна.
- пренесувањето на колера е најчесто преку заразена вода која се црпи од плитки и незаштитени бунари и исто така флаширана вода со мраз.
- морската храна исто така се посочува како можен извор, особено сирова или малку готвена
Најголем дел од луѓето заразени со V. cholerae имаат блага до средно изразена дијареа но доколку навреме не се лекува, колерата е една од најбрзоширечките, фатални инфекции воопшто познати
- во ендемични области
- најчесто заболуваат децата
- случаите се поретки кај повозрасни лица поради имунитетот стекнат со тек на време
- во неендемични области не постои специфична возрасна група над која колерата делува, општо земено, целото население нема развиено имунитет за одбрана од болеста....
[уреди] Патогенеза
Vibrio cholerae го колонизира тенкот црево и произведува моќен ендотоксин кој се врзува за ГМИ - ганглиозиден рецептор на клеточната мембрана со помош на врзувачки единици. Активните подединици на ендотоксинот влегуваат во клетката и ја активираат аденил циклазата. Ова резултира со акумулација на цикличен АМП, кој стимулира активна секреција на јонски соли, хлориди, фосфор и HCO3 а со нив и вода. Резултатот е дијареа.
[уреди] Лекување
Воглавно, лекувањето се состои во терапија за рехидрација. Со помош на ваква терапија смртноста кај случаите заболени од колера е намалена на помалку од 1%. Најчесто, рехидрацијата е орална но кај колабирани пациенти се применува и интравенозна рехидрација.
Употребата на антибиотици (тетрациклин)помага да се искорени инфекцијата и исто така што се намали траењето на болеста.