Антибиотик

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Антибиотиците се фармаколошки агенси кои можат целосно да ги уништат патогените микроорганизми или да го спречат нивниот раст или размножување, без притоа да предизвикаат позначајни штети на домаќинскиот организам. Современата медицина во голема мерка се потпира на употребата на овие хемиски супстанци во борбата против големиот број на заразни болести.

Општи одлики[уреди]

Хемиската супстанца која има улога на антибиотик мора да поседува селективна токсичност, односно способност за уништување на патогенот со мало или никакво штетно влијание врз домаќинот. Селективната токсичност може да биде изразена во вид на:

  • тераписки дози, односно количина на хемискиот агенс кој е потребен за лечење на дадена инфекција
  • токсични дози, односно количина на агенсот во крвта која не е штетна за домаќинот.

Антибиотиците дејствуваат исклучиво само врз бактерии (грампозитивни и грамнегативни). Тие немаат никакво влијание врз вирусите. Антибиотиците се природни продукти,добиени од некои фунги.На пример,беталактамите,макролидите,тетрациклините и аминогликозидите се природни продукти.

Во последно време за сите природни, полусинтетскии синтетски продукти, вклучувајќи ги и антивирусните средства унгостатиците и лековите против протозои и хелминти кои имаат клиничка делотворност се користи терминот антимикробни средства.

Механизам на дејство[уреди]

Антибиотикот може да го уништи патогенот на неколку начини.

Спречување на синтезата на клеточниот ѕид[уреди]

Оваа група на антибиотици го спречува (инхибира) создавањето на пептидогликанот во клеточниот ѕид на патогенот. Инхибицијата се манифестира со активирање на ензими кои ги раскинуваат врските на пептидогликанот, што доведува до деградација на ѕидот, без кој бактеријата не е во состојба да опстане. Во оваа група се наоѓаат:

Спречување на синтезата на протеините[уреди]

Хемиска формула на стрептомицин.

Одредени антибиотици се врзуваат и за рибозомите на патогенот. Рибозомите се органели каде се врши синтеза на протеините од кои е изградено телото на сите организми, па и на бактериите. Со врзувањето на антибиотикот за рибозомот се спречува синтезата на протеините на даден патоген, со што доаѓа до погрешно отчитување на редоследот на аминокиселините. Во оваа група припаѓаат:

Спречување на синтезата на нуклеинските киселини[уреди]

Оваа група дејствува така што ги деградира молекулите на ДНК и РНК, или се врзува за ензимите кои ја управуваат репликацијата на ДНК, како што е на пример ДНК полимеразата. Во оваа група се наоѓа рифампицинот.

Забавување на метаболизмот[уреди]

Овие антибиотици ги уништуваат ензимите со помош на кои се одвива метаболизмот. Со ова патогената клетка станува неспособна за нормално функционирање.

Класификација[уреди]

Антибиотици
Класа Генерично име Трговско име Општа употреба Споредни ефекти
Аминогликозиди
Амикацин (Amikacin) Инфекции, предизвикани од грамнегативни бактерии, како Escherichia coli и Klebsiella Загуба на слухот
Vertigo-вртоглавица
Бубрежни нарушувања
Гентамицин (Gentamicin)
Канамицин (Kanamycin)
Неомицин (Neomycin)
Стрептомицин (Streptomycin)
Тобрамицин (Tobramycin)
Цефалоспорини
Цефлаклор (Cefaclor) Широк круг од инфекции Гастроинтестинални пореметувања и дијареа
Гадење
Алергични реакции
Цефладроксил (Cefadroxil)
Цефазолин (Cefazolin)
Цефиксим (Cefixime)
Цефоперазон (Cefoperazone)
Цефотаксим (Cefotaxime)
Цефотетан (Cefotetan)
Цефокситин (Cefoxitin)
Цефтазидим (Ceftazidime)
Цефтриаксон (Ceftriaxone)
Цефуроксим (Cefuroxime)
Цефалексин (Cephalexin)
Цефалотин (Cephalothin)
Лоракарбеф (Loracarbef)
Макролиди
Азитромицин (Azithromycin) Стрептококни инфекции, сифилис, респираторни инфекции, микоплазмични инфекции, Лајмска болест Гадење, повраќање и дијареа
Жолтица
Кларитромицин (Clarithromycin)
Еритромицин (Erythromycin)
Тролендомицин (Troleandomycin)
Олеандромицин (Oleandromycin)
Тилозин (Tylosin)
Спирамицин (Spiramycin)
Пеницилини
Амоксицилин (Amoxicillin) Широк круг од инфекции; пеницилин се користи за третирање на стрептококни инфекции, сифилис,Лајмска болест Гастроинтестинални пореметувања и дијареа
Алергии со сериозни анафилактични шокови
Мозочни и бубрежни нарушувања (ретко и во зависност од дозите)
дуамокс
Ампицилин (Ampicillin)
Азлоцилин (Azlocillin)
Аугментин (Augmentin)
Карбеницилин (Carbenicillin)
Клоксацин (Cloxacillin)
Мезлоцилин (Mezlocillin)
Нафцилин (Nafcillin)
Пеницилин (Penicillin)
Пиперацилин (Piperacillin)
Тикарцилин (Ticarcillin)
Полипептидни антибиотици
Бацитрацин (Bacitracin) Очни, ушни и урогенитални инфекции; обавезно директна употреба, ретко инјекционо Бубрежни и неврални нарушувања, кога се даваат инјекционо
Колистин (Colistin)
Полимиксин Б (Polymyxin B)
Хинолони
Ципрофлоксацин (Ciprofloxacin) Инфекции на уринарниот тракт, бактеријален простатит, бактеријална дијареа, гонореја Гадење (ретко)
Еноксацин (Enoxacin)
Норфлоксацин (Norfloxacin)
Офлоксацин (Ofloxacin)
Сулфонамиди
Мафенид (Mafenide) Инфекции на уринарниот тракт (со исклучок на сулфацетамидот и мафенидот); мафенидот се користи локално Гадење, повраќање и дијареа
Алергија (вклучително и сончева)
Кристали во урината
Бубрежно нарушување
Намалување на бројот на белите крвни клетки
Чувствителност кон сончева светлина
Сулфацетамид (Sulfacetamide)
Сулфаметизол (Sulfamethizole)
Сулфаметоксазон (Sulfamethoxazole)
Сулфасалазин (Sulfasalazine)
Сулфисоксазин (Sulfisoxazole)
Триметоприм-Сулфаметоксазол (Trimethoprim-Sulfamethoxazole)
Тетрациклини
Доксициклин (Doxycycline) сифилис, хламидни инфекции, Лајмска болест, микоплазмични инфекции, рикецијални инфекции Геастроинтестинални нарушувања
Чувствителност кон сончева светлина
Обојување на забите
Потенцијално токсични за мајката и фетусот за време на бременоста
Миноциклин (Minocycline)
Тетрациклин (Tetracycline)
Други