Шарлиз Терон

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шарлиз Терон ( родена на 7 август 1975г.), е јужноафриканска и американска актерка и модел. Таа се прослави кон крајот на 1990-те, по улогата во филмовите Адвокатот на ѓаволот (1997г.), Моќниот Џо Јанг (1998г.), и Куќни правила (1999г.). Терон доби позитивни критики за нејзиниот лик Ајлин Вуорнос, сериски убиец, во филмот Монструм (2003г.), за кој, меѓу другите признанија, доби и награда Златен глобус во категоријата Најдобра актерка во драма, Награда за најдобра женска главна улога, Сребрена мечка за најдобра женска улога и Оскар за најдобра актерка, со што стана првата Јужноафриканка која освоила Оскар во една главна категорија. Во последните години таа исто така се проба како продуцент, на телевизија и во филм.

Понатаму, таа беше номинирана за Оскар и Златен глобус, за нејзината улога во филмот Северна земја во 2005г., и за Златен глобус за нејзината улога во Млада возрасна во 2011г. Во 2012г таа се појави во филмовите Снежана и Ловецот, и Прометеј, кои за кратко време беа распродадени. Терон стана државјанин на САД во 2007г., но го задржа и своето јужноафриканско државјанство.

Ран живот[уреди]

Терон е родена во Бенони, во тогашната провинција на Јужна Африка, Трансвал, како единствено дете на Герда (моминско презиме Мариц; којашто себеси исто така се нарекувала и Герта) и Чарлс Терон (роден на 27 ноември 1947г.). Нејзин пра пра чичко е Даниел Терон, кој учествувал во Втората бурска војна. Таа има француско, германско и холандско потекло; нејзините француски предци се првите доселеници Хугеноти, во Јужна Африка. „Терон“ е окситанско презиме (оригинално „ Théron“) изговорено на африканс како „Трон“, иако таа вели дека во Јужна Африка го изговарала како „Тирон“. Кога се преселила во САД, таа го сменила начинот на изговарање, за да звучи по американски.

Таа порасна на фармата на нејзините родители во Бенони, во близина на Јоханесбург. Нејзината мајка, заштитена од законот, го убила нејзиниот татко со огнено оружје, на 21 јуни 1991г. Таткото на Терон бил алкохоличар, и додека бил пијан, физички ги малтретирал и им се заканувал и на двете. Убивањето било пресудено како легално бидејќи било во самоодбрана, и поради тоа мајка и не била осудена.

Терон учела во Основното училиште Путфонтин (Ларскул Путфонтин), и тој период подоцна го опиша како „невклопување“. На 13 години, Терон беше пратена во интернат и започна со нејзините студии во Државното училиште за уметности во Јоханесбург. Иако Терон одлично го владее англискиот јазик, нејзин прв јазик е африканс.

Личен живот[уреди]

Терон има син, Џексон, чиешто посвојување беше објавено во март 2012г. Таа живее во Лос Анџелес, Калифорнија. Терон стана државјанин на САД во мај 2007г., задржувајќи го и своето јужноафриканско државјанство.

Во средината на 1990-те, Терон беше во двегодишна врска со актерот Крег Биерко. Од 1997- 2001г., таа беше во врска со пејачот на рок групата Трд ај блајнд, Стефан Јенкинс. Терон започна врска со ирскиот актер Стјуард Таунсенд, со кој глумеше со филмот Заробени (2002г.) и Глава во облаците (2004г.). Терон и Таунсенд се разделија во јануари 2010г., по деветгодишна врска.

Здравствени проблеми[уреди]

За време на снимањето на Еон Флукс, во Берлин, Германија, Терон боледуваше од дискус хернија во нејзиниот врат, предизвикан од пад при превртување преку глава. Поради тоа, цел месец морала да носи протеза за вратот. Во јули 2009г., на Терон и беше дијагностициран сериозен стомачен вирус, за кој се сметало дека го добила при патување надвор од САД. За време на снимањето на филмот Патот, Терон ги повредила гласните жици, додека ги снимала сцените со породување.