Државјанство

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Државјанството е збир на определени овластувања и задолженија кои се воспоставуваат помеѓу државата и оние поединци што се припадници на определена државна заедница.


Историски развиток и правна природа на државјанството[уреди]

Трите основни карактеристики на државата се населението, територијата и границите. Овде не интересира само населението и тоа неговата поврзаност со државата. За да ја дознаеме поврзаноста помеѓу државата и лицата кои што живеат во неа, потребно е да знаеме многу фактори и институти кои штои влијаат на таа поврзаност. Еден таков институт е државјанството којшто представува многу значаен феномен како за државите, така и за меѓународната заедница воопшто. Државјанството кај нас е регулирано како со Меѓународното приватно право така и со национален закон Законот за државјанство донесен од страна на Собранието на Република Македонија во 1992 год. За да дојдеме до поимот за државјанство потребно е прво да ја знаеме неговата правна природа. Има група на автори кои што сметаат дека државјанството е договор помеѓу поединецот и државата, и тоа адхензионен договор, каде што условите ги диктира државата а поединецот само волево ги прифаќа, меѓутоа оваа сфаќање не е издржано и е побиемо од страна на Маркс. Има уште едно сфаќање коешто тврди дека државјанството е политичка и духовна врска помеѓу поединецот и државата, меѓутоа и оваа сфаќање не е издржано затоа што се смета дека поимите политичка и духовна се неодредени. Па така на крај група на автори сметаат дека државјанството е правна и политичка врска помеѓу поединецот и државата, од која што врска произлегуваат права и обврски за самиот поединец. Тоа е правна врска затоа што е уредено со едностран акт-Устав и закон. Во законот се наведени условите (како што подоле ќе видиме) за добивање и губење на државјанството, последиците од престанокот на државјанството и друго.

Државјанство во сојузните држави[уреди]

Државите со федерален систем на уредување имаат сложени државјанства, односно тие имаат двојно државјанство: едно сојузно и едно републичко-државјанство на федералните единки. Во зависнсот од тоа како настанал сојузот, дали прво настанала федерацијата, па после федералните единки или обратно, предност му се дава на сојузното државјанство или на републичкото држа. Во Германија и во Швајцарија предност му се дава на републичкото, односно катоналното државјанство, додека во САД предност му се дава на сојузното државјанство.

Начини на стекнување на државјанството[уреди]

Во светските правни системи постојат неколку основни и неколку дополнителни начини на стекнување на државјанството и тоа: стекнување на државјанството со потекло - преку крвна врска jus sanguinis и стекнување на државјанството со раѓање на територијата на определена држава - jus soli.

  • Првиот начин на стекнување на државјанството, односно преку потекло означува дека детето го добива државјанството на своите родители. Овој начин ни се појавува во класична форма кога во државите не важел принципот на рамноправност помеѓу мажот и жената, така што детето го добивало државјанството на таткото, меѓутоа подоцна со постигнувањето на рамноправноста помеѓу мажот и жената се појавува и стекнувањето на државјанство преку потекло од понов тип, каде што детето го добивало државјанството врз основа на државјанствата на двајцата родители.
  • Вториот начин на стекнување на државјанство е со раѓање на територијата на определена држава и е карактеристичен за периодот на феудализмот, а и денес има доста големо влијание во голем број на земји низ светот. Тоа значи дека лицето го стекнува државјанството со раѓање на територијата на една држава.

Види исто така[уреди]