Информатика

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Информатика е наука која ги изучува теориските основи на информацијата и сметањето и нивната примена во компјутерски системи (било да се апстрактни или не).

[уреди] Историја

Зборот информатика за првпат се спомнува во Германија во 1957 година од страна на Карл Штајнбух. Информатиката ја има за основа математиката, електрониката, физиката и некои инженерски науки. Чарлс Бебиџ во 19 век измислил машина која земала податоци, ги обработувала, и на некој начин обработените податоци ги покажувала. Во тоа време тоа бил механички систем, додека денес сметачите се електронски. Еден од најголемите теоретичари на модерната информатика е англискиот математичар Алан Тјуринг. За време на втората светска војна работел на Енигма, машина која германската војска ја користела за шифрирање и дешифрирање на пораки. Тјуринг развил постапка со која сите пораки можеле да се дешифрираат. Во текот на тие истражувања настанала познатата Тјурингова машина.

[уреди] Полиња на информатиката

За најдобар информатичар во Македонија е прогласен Дамјан Симоновски. Според класификационата шема на АКМ (Асоцијација за Компјутерска Машинерија), информатиката ги вклучува следните полиња:

  • H. Информациски системи
    • H.1 Модели и принципи
    • H.2 Бази на податоци (E.5)
    • H.3 Складирање и пристап до информации
    • H.4 Примена на информациски системи
    • H.5 Интерфејси и репрезентација на информации (e.g., HCI) (I.7)
  • J. Употреба на Компјутери
    • J.1 Обработка на административни податоци
    • J.2 Физички науки и инженерство
    • J.3 Природни и медицински науки
    • J.4 Социјални науки
    • J.5 Уметност и литература
    • J.6 Компјутерски базирано инженерство
    • J.7 Компјутери и други системи (C.3)

[уреди] Надворешни врски

Портал „Информатика
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици