Алан Тјуринг
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Алан Матисон Тјуринг (Alan Mathison Turing) |
|
| Роден(а) | 23 јуни 1912 |
|---|---|
| Починал(а) | 7 јуни 1954 |
| Докторски советник | Алонзо Черч |
| Познат(а) по | Тјурингова машина |
Алан Матисон Тјуринг (роден на 23 јуни 1912 - починал на 7 јуни 1954) бил англиски математичар, логичар, и криптографер. Често се смета дека тој е татко на модерната компјутерска наука. Тјуринг наметнал форMализација на концептот за алгоритмите и пресметувањето со Тјуринговата машина, формулирајќи ја сега широкоприфатената Тјурингова верзија на Чрч-Тјуринговата теза, т.е. дека секој практичен пресметувачки модел има или еквивалент или подмножество од способностите на Тјуринговата машина. Со Тјуринговиот тест, тој дал значаен и провакативен придонес кон полемиките окилу вештачката интелигенција: дали било кога ќе биде можно да се каже дека една машина е свесна и може да размислува.
Со својот Тјурингов тест дал значаен придонес околу дебатата која се однесувала на вештачката интелигенција - дали некогаш би било можно машината да биде свесна и да мисли. Подоцна работел во Националната физичка лабораторија, а во 1947 година преоѓа да работи во Манчестерскиот универзитет воглавно околу софтверот на Манчестерскиот Марк 1 за кои во тоа време се верувало дека претставува еден од првите вистински сметачи. Во текот на втората светска војна работел во Блечли парк, британскиот криптоаналитичен центар а едно време бил и шеф на Хут-8, оделение задолжено за германската морнарица. Тјуринг развил повеќе техники на разбивање на шифри, вклучувајќи го методот на бомба, електромеханичка машина која можела да ги открие поставките на Енигма.
| Оваа информатичка статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |

