Фридрих Ниче

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Фридрих Ниче
Западноевропска филозофија
во XIX век
Роден 15 октомври 1844
Лицен, Германија
Починал 25 август 1900
Вајмар, Германија
Школа егзистенцијализам, постмодернизам, Пост-структурализам и друго
Главни интереси Естетика, етика, онтологија, психологија, теорија на вредноста
Потпис Friedrich Nietzsche Signature.svg

Фридрих Вилхелм Ниче[а] (германски: Friedrich Wilhelm Nietzsche; 15 октомври 1844 - 25 август 1900) — германски филозоф од XIX век и класичен филолог. Тој пишува критички текстови на религијата, моралот, современата култура, филозофија и наука, користејќи еден засебен стил и наклонетост за метафора, иронија и афоризам. Влијанието на Ниче останува значително во и надвор од филозофијата, особено во егзистенцијализмот и постмодернизмот. Неговиот стил и радикални преиспитување на вредноста и објективноста на вистината резултираа во голем број на коментари и толкување, главно во континенталната традиција. Неговите клучни идеи ја вклучуваат смртта на Бога, перспективизмот, Вечното Враќање и многу друго. Ниче ја започнал својата кариера како класичен филолог пред да се сврти кон филозофијата. На возраст од 24 години, тој беше назначен за професор по класична филологија на Универзитетот во Базел, но поднел оставка во 1879 година, поради здравствени проблеми што ќе го мачат целиот живот. Во 1889 година, Ниче западнал во лудило, и за него до крајот на животот се грижеле неговата мајка и сестра се до 1900 година.

Биографија[уреди]

Фридрих Ниче е роден во градот Рекен (Лицен), во протестантско семејство со потекло од Полска (грофови Нички). По дипломирањето во 1864 година, Ниче ги започнува студии по теологија и класична филологија на Универзитетот во Бон. По еден семестар, поради гневот на неговата мајка, тој ги прекинал своите теолошки студии и ја изгубил верата. Ова можеби се случи делумно поради влијанието на Давид Штраус и неговото дело Животот на Исус, иако уште во есејот под наслов Судбина и Историјата, напишана во 1862 година, Ниче уште тогаш тврдел дека историско истражување го дискредитирана централнта христијанска догма. Ниче потоа се сконцентрирал на проучувањето на филолошките науки кај професор Фридрих Вилхелм Ритсхел при Универзитетот во Лајпциг. Таму станал близок пријател со Ервин Рохде [1]. Првата филолошка публикации на Ниче се појавила кратко време потоа. Во 1865 година Ниче започнува темелно да ги проучува делата на Артур Шопенхауер. Во 1866 година Ниче се запознава со делата на Фридрих Алберт Ланге. Овие двајца мислители особено влијаеле врз Ниче, а влијанието на Шопенхауер особено ќе се чувствува во подоцнежните дела на Ниче. Од друга страна тој бил под влијание и на теоријата на Чарлс Дарвин и материјализамот. Културна средина го поттикнала да го проширии хоризонтите кон филологијата и да продолжи со проучувањето на филозофијата. Во 1867 година Ниче се пријавува во пруската армија и бил поставен во Наумбург. Меѓутоа во март 1968 година при јавање се повредил и останал без служба како неспособен за отслужување на воен рок. Како резултат на тоа, Ниче повторно се вратил кон своите студии, по што успешно ги завршил следната година кога и се запознал со Рихард Вагнер.[2]

Професор на Базел (1869-79)[уреди]

По завршувањето на студиите Ниче добил понуда да стане професор по класична филологија на Универзитетот во Базел. Тогаш имал само 24 години, и сѐ уште го немал завршено својот докторат, ниту пак добил наставен сертификат. И покрај фактот, дека понудата дошла во време кога тој размислувал да се откаже од филологија на наука, сепак понудата ја прифатил [3]. Пред да се пресели во Базел, Ниче се откажал од своето пруско државјанство, и остатокот од неговиот живот го поминал без официјално државјанство [4]. Сепак, Ниче служел во Пруската армија за време на Француско-пруската војна од 1870-1871 како санитер. Во тоа време доживеа многу трауматски стресови од битките кои се воделе, дополнително се разболел од дифтерија и дизентерија. Валтер Кауфман шпекулира дека Ниче можеби имал и сифилис, а некои биографи шпекулираат дека сифилисот го предизвикува неговата евентуално лудило, иако има несогласувања по ова прашање. По враќањето во Базел во 1870 година, Ниче е сведок на основањето на Германската империја и ерата на Ото фон Бизмарк, меѓутоа како аутсајдер и со одреден степен на скептицизам во однос на Бизмарковата искреност. На Универзитетот, Ниче се обраќа пред колегите и студентите, а неговиот вовед бил Хомер и класична филологија. Ниче, исто така, се сретнува и со Франц Овербехт, професор по теологија, кој станува негов пријател до крајот на живототво. Меѓу другото Ниче се запознава и со неговиот колега историчар Јакоб Буркхарт, чии предавања Ниче често ги посетувал, и тие ќе имаат силно влијание врз Ниче во текот на овој период. Ниче во тоа време ја посетува и куќата на Вагнер во кантонот Луцерн, по што тие двајца го зацврстуваат своето пријателство. Во 1870 година, Ниче својот ракопис Создавањето на трагичната идеја го дава како подарок на жената на Вагнер. Во 1872 година Ниче ја објавува својата прва книга Раѓањето на трагедијата. Меѓутоа, неговите колеги од областа на класичната филологија изразиле негативна критика врз ова дело и Ниче се нашол изолиран од страна на филолошката заедница и неуспешно се обидувал да ја добие ниваната наклонетост. Помеѓу 1873 и 1876 година, Ниче објавува четири долги есеи: Давид Штраус: Исповедник и писател, за употреба и злоупотреба на Историја за животот, Шопенхауер како просветител и Рихард Вагнер во Бајројт (Овие четири есеја подоцна се појавуваат под насловот Ненавремени медитации). Есеите се состоеле од критика на културата, развој на германската култура долж линии предложени од Шопенхауер и Вагнер. Подоцна Ниче се одалечува од Вагнер поради различните мненија околу германската култура и објавува дело кое критички настроено кон песимистичката фолозофија на Вагнер и Шопенхауер. Во 1879 година доаѓа до влошување Ничевото здравје и тој бил принуден да поднесе оставка неговата позиција во Базел.

Душевните тегоби и смртта (1889-1900)[уреди]

На 3 јануари 1889 година, Ниче доживеал ментален колапс. Двајца полицајци му пришле, откако тој предизвикал нарушување на јавниот ред на улиците во Торино. Што всушност се случило останува непознато [5]. Во следните неколку дена, Ниче им праќа кратки ракописи (познати како Wahnbriefe (Писма на лудилото), до голем број на пријтели [6]. Ниче потоа се нашол во психијатриска клиника, во Базел. Отогаш Ниче покажува сериозни психички нарушувањасе. Во 1890 година Ниче се нашол во домот на својата мајка во Нинберг, и во овој период пријателите на Ниче размислувале што да прават со неговите необјавени дела. Во јануари 1889 година решиле да се продолжи со издавањето делото Самрак на идолите, а одлучиле да се повлечат од објавувањето на делата Антихрист и Ecce Homo, сметајќи дека имаат радикална содржина и би можеле да предизивикаат напади од старана на јавноста. Во 1893 година од Парагвај се враќа Елизабета, сестрата на Ниче, и таа започнуваа да ги проучуваа делата на Ниче, и ја презема контролата за нивното објавување. Од 1897 година Ниче живее во Вајмар, каде што Елизабета се грижи за него [7]. Во 1898 и 1899 година Ниче претрпува најмалку два мозочни удари кои предизвикале делумна парализа. Во август 1900 година Ниче имал уште еден мозочен удар и умрел околу пладне на 25 август [8]. Елизабета го погребала покрај нивниот татко.

Филозофијата на Ниче[уреди]

Филозофијата на Ниче и понатаму остануваа контроверзна, а постои и големо несогласување околу неговите дел, и нивното толкување и значење. Дел од тешкотии во толкувањето на Ниче произлегуват од неговиот уникатно провокативен филозофски стил на пишување. Ниче е критички настроен кон христијанството, според некој толкувачи, воопшто кон религијата. Стилот на Ниче е во спротивност со традиционалните вредности во филозофскиот пишување, и тие го отуѓуваат од интелектуалниот академизам, како во неговото време така и денес. Во својата филозофија Ниче ги поврзал волунтаризмот и дарвинизмот, од друга страна неговото учење е нихилизам, релативизам и аристократски индивидуализам. Ничевата филозофија е несистематска и афорична, а во себе содржи и противречности. Но треба да се истакне дека неговите дела се блескаво напишани со дух и поезија, и длабока филозофија.

Културата во криза[уреди]

Ниче истакнува дека модерната европска култура е во криза. Таа криза може да се согледа во судирот кој егзистира меѓу реалните животни потреби и преставата за самата состојба. Таа криза означува недостаток на единство помеѓу животот и културата. Ако нема единство тогаш вредностите немаат никаква смисла и стануваат бесмислени за конкретниот живот. Таа состојба во самата култура и општество значат нихилизам (лат. nihil - ништо). Затоа Ниче истакнува дека модерната европска култура е нухилистичка, бидејќи вредностите се во спротивност со реалниот живот. Според Ниче причините за нихилизмот во европската култура лежат во дискрипцијата меѓу преставата што за себе си ја има европската култура и вистинските животни потреби. Европската култура за себеси има престава дека е метафизичка и христијанска, а како последици се појавуваат науката и политиката, првата со рационалното објаснување на светото, а втората со преставата за еднаквост. Спојот на метафизичкиот и христијанскиот дух довел до престава дека сите луѓе се едакви, и вера за постење на вистински вредности иако тие се надвор од конкретниот живот. Ниче истакнува дека философијата допринела да дојде до подвојување на два света: натсетилниот кои се смета за вистински и појавниот, односно конкретниот живот кои се определува како привиден. Оваа состоја настанала со Сократ кога дошло до раздвојување на единството меѓу дионизискиот принцип (опијанетост , занес, возвишеност, оргијастичност) и аполонскиот принцип (хармонија, пропорција, ред), со Сократ започнува да преовладува аполонскиот принцип, а тој уште повеќе се засилил со Платон и Христијанството. Ниче истакнува дека:

Вистинската философија е онаа од предсократовиот период[9]


кога постоело едеинство помеѓу животот и културата. Одруга страна пак, Ниче истакнува дека модерната европска куклтура допринела за одвојување на реалните животни потреби од инстиктите, а тоа значи дека дошло до:

Пресвртување на вистинските вредности[9]


a тоа допринело да дојде до парадокси:

Историјата на борбата на моралот против инстиктите на животот е најголем неморал којшто светот некогаш го запознал[9]


и овој пресврт ја преставува декаденцијата на европската култура и е причина за нејзината криза, кога конкретниот живот се смета за привид, а метафизичкото објаснување за животот за вистинска реалност.

Превреднување на сите вредности[уреди]

Нихилизмот на Ниче се состои во барањето за превреднување на сите вредности, односно отфрлање на сите постојни вредности за да се создадат услови за воспоставување на единство помеѓу животот и културата, а тоа значи создавање на нов свет, во кој ќе дојде до постојните сваќања. Тоа е можно само ако се разурнат сите досегашни вредности, кои пред се се отелотворени во поимот Бог. Затоа Ниче говори за смрта на Бог и ќе каже:

Бог е мртов![10]


а тоа значи дека Бог треба да стане мртов за модерната европска култура, зошто сите христијански вредности се бесмислени бидејќи се во спротивност со реалниот, конкретен живот [11]. Бог е мртов затоа што вредностите што тој ги олицетворува не се реалност во живеењето, и Ниче открива нешто спротивно од таквите вредности и истакнува:

Каде што сум забележал дека нешто живее, наедно сум откривал и волја за моќ - дури и во волјата на слугата сум откривал волја за господар[10]


Затоа треба да се инсистира на волјата за моќ (Wille zur macht). Ниче истакнува дека таа е вистината и вистинската реалност. Волјата за живот е самиот живот, кој се докажува со постојаниот стремеж да се потврдува. Целата на животот е да се одржува и се што го одржува е вредност, а се што не го одржува не е вредност. Животот како волја за моќ е постојано себепотврдување на животот. Животот нема никаква друга цел надвор од себе, како што и светот нема никаква цел надвор од себе што треба да ја достигне. Суштината на волјата за моќ е нејзиното непрестајно потврдување, а тоа значи:

Вечно враќање на истото[10]


и на тој начин се возбновува волјата за моќ, а тоа возбновување се случува во разни форми кои се најсоодветни за потврдување на нејзината суштина. Ниче истакнува дека таква е уметноста, уметноста е вистинската задача на животот. Волјата за моќ се е слободна игра на вечното враќање, небаре ја игра уметнички геније.

Се се урива и се повторно се создава... вечно се гради иста куќа на битието... Се се разделува и се повторно се состанува... вечно си верен на себеси и кругот на битието.[10]


Барање на натчовекот[уреди]

Волјата за моќ е пројава на исклучителните луѓе, а таквите луѓе имаат животна енергија, духована сила да твораат и да создаваат. Наспроти нив се луѓето со слаба волја за моќ, кои проповедаат морал на еднаквост, демократија и социјализам. Меѓудругото Ниче истакнува дека за иднината треба да се одржуваат само луѓе кои се способни да се соочат си иднината, кои ќе ги отфрлаат сите вредности и ќе си поставаат правила што мнозинството ќе ги следи, а со тоа се појавува идејата за натчовекот (Übermensch). За Ниче натчовек е слободна личност кој себеси се потврдува преку борбата, тој е воин и гениј, смел и храбар, творец и возвишен, создава и урива, не подлегнува на никакви правила, освен на тие што сам си ги поставил. Од аспект на денешниот постојан морал натчовекот прави зло, но тој ги отфрла наметнатите вредност, тоа е аморализмот на Ниче [12]. Натчовекот на Ниче е од онаа страна на доброто и злото во вообичаената смисла на зборот. Ниче истакнува:

Јас ќе се борам да му се вратат на човекот како негова сопственост и негова творба сета убавина и возвишеност што сме ја позајмиле од реалниот и од замислениот свет[9]


Творештвото на Ниче[уреди]

Во творештвото на Ниче се разликуваат три периоди. Во првиот период тој бил под влијание на Шопенхауер и ја истражувал Антиката и бил посветен на уметността. Во вториот период се занимавал со науката и со сознанието на вистината. Во третиот период Ниче е насочен антихристијански, тоа е периодот на Заратрустра, и кога се навраќа кон големите извори на светската мисла. Ниче е критичар на модерната западноевропска цивилизација, на малограѓанството, на догматизмот и робувањето кон авторитетите. Се залагал за слободата на личноста и е противник на интелектуализмот и апстакционизмот. Негови позначајни дела се:

Влијанието на Ниче[уреди]

Ниче извршил силно влијание врз културата на XX век, а посебно врз антропологијата, егзистенцијализмот, психоанализата, теоријата на уметноста. Кога Ниче умрел (1900), со тоа завршила симболично една, а започнала друга епоха.

Белешки[уреди]

  • а  Буквалната транскрипција на името од германски на македонски гласи „Фридрих Вилхелм Ницше“, но во македонскиот јазик е одомаќена употребата на „Фридрих Вилхелм Ниче“.

Извори[уреди]

  1. Schaberg, William, The Nietzsche Canon, University of Chicago Press, 1996, p. 32
  2. A letter containing Nietzsche's description of the first meeting with Wagner
  3. Kaufmann, p. 25.
  4. Hecker, Hellmuth: "Nietzsches Staatsangehörigkeit als Rechtsfrage", Neue Juristische Wochenschrift, Jg. 40, 1987, nr. 23, p. 1388-1391; and His, Eduard: "Friedrich Nietzsches Heimatlosigkeit", Basler Zeitschrift für Geschichte und Altertumskunde, vol. 40, 1941, p. 159-186. Note that some authors (among them Deussen and Montinari) mistakenly claim that Nietzsche became a Swiss citizen.
  5. Kaufmann, p. 67
  6. Zweig, Stefan (1939) Master Builders [trilogy], The Struggle with the Daimon, Viking Press, p. 524.
  7. Rudolf Steiner: Friedrich Nietzsche, ein Kämpfer gegen seine Zeit. Weimar 1895
  8. Concurring reports in Elisabeth Förster-Nietzsche's biography (1904) and a letter by Mathilde Schenk-Nietzsche to Meta von Salis, 30 август, 1900, quoted in Janz (1981) p. 221. Cf. Volz (1990), p. 251.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 Ecce Homo
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 Thus Spoke Zarathustra
  11. Morgan, George Allen (1941). What Nietzsche Means. Cambridge, Mass.: Harvard University Press. pp. 36.
  12. Nietzsche, Friedrich Wilhelm. The Antichrist. Grand Rapids: Kessinger, 2004: 4, 8, 18, 29, 37, 40, 51, 57, 59. Print.
  13. http://nietzsche.holtof.com/Nietzsche_various/the_greek_state.htm

Надворешни врски[уреди]