Сиромаштија
Сиромаштијата е недостиг на неопходни производи како храна, облека, живеалиште и здрава вода за пиење, што резултира со низок животен стандард. Сиромаштијата подразбира како состојба кога основните потреби се поголеми од можностите за нивно задоволување.
Можат да се разликуваат три типа на сиромаштија: апсолутна, релативна и субјективна. Апсолутна сиромаштија претставува неможност да се задоволат основните егзистенцијални потреби. Релативна сиромаштија е недостаток од ресурси кои ги оневозможуваат поединците и домаќинствата да практикуваат определен режим на исхрана, да учествуваат во определени општествени активности и да живеат во животни услови коишто се вообичаени за општествата на кои им припаѓаат. Субјективната сиромаштија ги одразува индивидуалните перцепции на луѓето за нивните заработувачки.
Сиромаштијата е една важна димензија на социјалната исклученост. Сиромашните луѓе често се исклучени и маргинализирани во економските, социјалните и културните активности.
Сиромаштијата во Република Македонија [уреди]
Според податоците на Државниот завод за статистика,[1] стапките на сиромаштија во Република Македонија во периодот 1994-1996 година, мерено според критериумот 60% од медијалните еквивалентни трошоци, се:
| Година | Стапка на сиромаштија (%) |
|---|---|
| 1994 | 9,0 |
| 1995 | 16,2 |
| 1996 | 18,3 |
Според податоците на Државниот завод за статистика,[2][3] стапките на сиромаштија во Република Македонија во периодот 1997-2011 година, мерено според критериумот 70% од медијалните еквивалентни трошоци, се:
| Година | Стапка на сиромаштија (%) | Индексот на длабочина на сиромаштијата |
|---|---|---|
| 1997 | 19,0 | 4,6 |
| 1998 | 20,7 | 5,1 |
| 1999 | 21,0 | 5,7 |
| 2000 | 22,3 | 6,0 |
| 2001 | 22,7 | 5,4 |
| 2002 | 30,2 | 9,3 |
| 2003 | 30,2 | 9,4 |
| 2004 | 29,6 | 9,4 |
| 2005 | 30,0 | 9,7 |
| 2006 | 29,8 | 9,9 |
| 2007 | 29,4 | 9,7 |
| 2008 | 28,7 | 9,2 |
| 2009 | 31,1 | 10,1 |
| 2010 | 30,9 | 10,9 |
| 2011 | 30,4 | 9,3 |
Според Милениумските развојни цели, сиромаштијата во Македонија треба да биде намалена на 9,5% до 2015 година. Оваа висина е квантифицирана со преполовување на официјалната стапка на сиромаштија измерена во 1997 година од 19%.[4]
Наводи [уреди]
- ↑ Blagica Novkovska (2002) "Measurement of the welfare in transition countries: Conditions and perspectives in the Republic of Macedonia", p. 3.
- ↑ Државен завод за статистика „Сиромаштија во Република Македонија“ (2007-2011)
- ↑ „Извештај на Република Македонија за напредокот во остварувањето на милениумските развојни цели“, 2009, 18-20 стр.
- ↑ „Извештај на Република Македонија за напредокот во остварувањето на милениумските развојни цели“, 2009, 18 стр.
Надворешни врски [уреди]
- Јорде Јакимовски (ур.) „Тенденциите на сиромаштијата и можностите за нејзино намалување“, Скопје, 2001.
- Иван Петрушевски „Што преземаат граѓанските организации за намалувањето на сиромаштијата“
- Филип Андревски „Може ли да се намали сиромаштијата?“
| Оваа статија од областа на економијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |