Рихард Вагнер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Вагнер со сопругата Козима

Рихард Вагнер (герм. Richard Wagner, 22 мај 181313 февруари 1883) — прочуен германски музичар од времето на романтизмот и иноватор во хармонијата, создавјќи сопствени верзии на Gesamtkuntswerk, драмски композиции во кои сите уметности биле споени во едно. Како човек тој бил подготвен да го жртвува своето семејство и пријателите за каузата на својата музика. Неговиот антисемитизам го привлекол вниманието кон идеите за неговата работа како музичар. Во своите творби ги обработувал германските митолошки ликови, а внесувал и многу патриотски чувства. Во подоцнежниот период од кариерата, Вагнер ја уживал поддршката од кралот Лудвиг II од Баварија и бил во можност да создаде свој театар и фестивал во баварскиот град Бајројт. Тој ја развил употребата на „лајтмотив” (главен мотив) како основа на музичката творба. Неговиот прелудиум за трагичната љубов на Тристан и Изолда на светот му донел еден нов вид на хармонија.

Опери и музички драми[уреди]

Вагнер, кој работел како диригент го доживеал првиот успех во 1842 г., во Дрезден со операта „Риенци“, базирана на новелата од Едвард Булвер-Литон. Една година подоцна, во 1843 г., со „Летечкиот Холанѓанец“, напишана според легенда запишана од Хајне за Холанѓанецот-дух кој пловел преку морињата, сѐ додека не ја нашол вистинската љубов. „Танхаузер“, во кој се зборува за средновековниот трубадур Танхаузер, била изведена во Дрезден во 1845 г. Вагнеровата вмешаност во револуцијата од 1848 г. и бегството од Дрезден го довеле до следното драмско дело, „Лоенгрин“, во Вајмар. Четирите опери од тетралогијата „Прстенот на Нибелунзите“ - „Рајнско злато“, „Валкири“, „Самракот на боговите“ и „Зигфрид“ се ремек-дела на драмското и музичкото достигнување на Рихард Вагнер. Други негови драмски дела се „Тристан и Изолда“, „Нирнбершките мајстори-пејачи“, и последното дело, „Парсифал“.

Оркестарска музика[уреди]

Најпознатите Вагнeрови оркестарски композиции се „Жртвуваната идила”, напишана за неговата втора жена, и „Козима”, за нелигитимната ќерка на Лист и поранешна жена на Рихард Вагнер.

Поврзано[уреди]