Перси Биш Шели

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Перси Биш Шели
Portrait of Percy Bysshe Shelley by Curran, 1819.jpg
Перси Биш Шели
Занимање Поет, драматург, есеист, романсиер
Правец Романтизам

Потпис

Перси Биш Шели (англиски: Percy Bysshe Shelley; 4 август 1792 - 8 јули 1822) — еден од главните англиски романтичарски поети и нашироко сметан за еден од најфините лирски поети кои твореле на англиски јазик. Перси Шели е познат по соработката со Џон Китс и Џорџ Гордон Бајрон, како и по бракот со неговата втора жена романсиерката Мери Шели.

Тој е можеби најпознат по антологиските дела како Озимандија, Ода за западниот ветер, За чучулигата и Маска на анархијата. Како и да е, неговите главни дела биле долги визионерски поеми, вклучувајќи ги Аластор, Адонис, Ослободениот Прометеј и недовршената Триумф на животот. Неконвенционалниот живот на Шели и некомпромитирачкиот идеализам, комбинирани со неговиот силен скептичен глас, го направиле позната и многу почесна фигура во неговиот сопствен живот. Тој станал идол на следните две или три генерации на поети (вклучувајќи ги и главните викторијански поети Роберт Браунинг, Алфред Тенисон, Данте Габриел Росети, Алгернон Чарлс Свинбурн, Вилијам Батлер Јејтс и Субрамања Бхарати).

Перси Шели е син на Тимоти Шели, подоцна втор барон на Замокот Горинг, и неговата сопруга Елизабет Пилфолд. Тој израснува во Сасекс и го добива првобитното образование дома. Во 1802 г., Шели се запишува во училиштето во Брентфорд, а во 1804 г. во колеџот Итон. Во 1810 г. Шели се запишува на Оксфордскиот универзитет.

Список на поважни дела[уреди]

Живот[уреди]

Образование[уреди]

Како син на Сер Тимоти Шели (член на Парламентот) и неговата жена (земјопоседничка од Сасекс), Шели бил роден во Филд Плејс, во близината на Хоршам, Англија. Тој бил најстарото од седум деца; имал 5 сестри и еден брат. Го примил своето примарно образование дома, под туторството на Пречесниот Еван Едвардс од Варнхам. Неговиот братучед и животен пријател Томас Медвин, кој живеел во негова близина го споменува неговото рано дество во „Животот на Перси Бис Шели“. Toa било среќно и исполнето детство, поминато највеќе низ селски активности како лов и риболов.

Во 1802., тој се запишал на Сајон Хаус Академијата во Брентфорд. Во 1804., Шели се запишал на Колеџот Етон, каде што поминал мошне слабо, пред се заради постојаното задевање од страна на неговите соученици наречени „Шели-мамки“. Опколен, на младиот Шели често му биле одземани книгите од неговите раце како и неговата облека која била тегната и раскинувана сè додека тој не извикал со својот висок, „разбиен сопрано“ глас.

На 10 април 1810 г., тој се прфрлил на универзитетскиот колеџ, Оксфорд. Според легендата, Шели присуствувал на само една лекција додека бил на Оксфорд, но често читал и по шеснаесет часови дневно. Неговата прва публикација била Готската новела, Застрози (1810), во која тој го изразил својот естетски поглед кон светот, преку негативецот Застрози. Во истата година, Шели, заедно со неговата сестра Елизабет, го објавиле Оригинална Поезија од Виктор и Сезари. Додека бил на Оксфорд, тој покренал колекција на стихови (можеби навидум хумористични но доста субверзивни), наречени Постхумни Фрагменти од Маргерет Николсон, со Томас Џеферсон Хог.

Во 1811 г., Шели ја објавил својата втора Гостска новела Св. Ирвин; или, Розенкројцеските и памфлет наречен Неопходноста од Атеизмот. Ова го привлекло вниманието на универзитетската администрација и тој бил повикан да се појави пред своите колеги од Колеџот, вклучително и деканот, Џорџ Роули. Неговото одбивање да се одкаже од авторството на пафлетот резултирало со негово истерување од Оксфорд на 25 мај 1811 г., заедно со Хог. Пронаоѓањето во средината на 2006. на Шелиевиот долго-загубен "Поетички Есеј за Постечката Состојба на Работите" (долга, анти-монархистичка и анти-воена поема објавена во 1811 г. во Лондон од страна на Крозби и Компанијата, како "Џентлмен од Универзитетот од Оксфорд"), дава нова димензија на неговото истерување, зацрствувајќи ги политичките мотивации на Хог ("работа на партијата"). На Шели му било понудено да се врати одкако неговиот татко интервенирај, под услов тој да се откаже од своите гледишта. Неговото одбивање да се покори, довело до разидување со неговиот татко.

Втор брак[уреди]

Одкога Шелиеви се вратиле во Англија, Фани Имлеи, полусестрата на Мери и полусестрата на Клер, патувала од куќата на Гудвин во Лондон за да се убие во Велс во почетокот на октомври. До декември 1816 г., закрвената Шелиева жена Хериет се удавила во Серпентин во Хајд Парк, Лондон. На 30 декември 1816 г., неколку недели по наоѓањето на телото на Хериет, Шели и Мери Гудвин се венчале. Бракот бил наменет, во дел да го осигура старателството на Шели врз неговите деца со Хериет, но тој план пропаднал: судот им доделил старателство врз децата на згрижувачки родители поради фактот што Шели бил атеист.

Шелиеви се сместиле во селото Марлоу, Бакингемшаер, место каде што живеел пријателот на Перси, Томас Лав Пикок. Шели учествувал во литературниот круг околу Леи Хант, и за време на овој период тој се сретнал со Џон Китс. Шелиевата голема продукција од тоа време била Лан и Ситна: или, Револуцијата од Златниот Град - долга, наративна поема во која тој ја напаѓа религијата и во која се претставени пар на инцесни љубовници. Истата била брзо повлечена после само неколку издадени копии. Подоцна била преуредена и реиздадена како Револтот на Ислам во 1818 г. Шели напишал две револуционерни политички трактати под двојната литература, наречени „Скитникот од Марлов“.

Италија[уреди]

Во почетокот на 1818 г., Шелиеви и Клер заминале од Англија со цел да ја однесат Клерината ќерка, Алегра, кај нејзиниот татко Бајрон, кој се населил во Венеција. Контактот со постариот и попризнаениот поет, го окуражило Шели да се наврати на пишувањето. Во подоцнежниот период од истата година, тој го напишал Џулијан и Мадало, лесно маскирано прераскажување на неговите поморски патувања и конверзации со Бајрон во Венеција, завршувајќи со посета на лудница. Оваа поема го забележува појавувањето на "урбаниот стил" на Шели. Тој тогаш ја отпочнал драмата со долги строфи Одврзаниот Прометеј - повторно пишување на загубената престава на античкиот поет Аескилус, која прикажува планини што говорат и кисел дух кој го соборува Јупитер. Две трагедии настапуваат во 1818 и 1819 г., кога неговиот син Вил убира од треска во Рим, а неговата млада ќерка Клара Еверина умира за време на уште една куќна преселба. На 27 декември 1818 г. се раѓа ќерката Елена Аделајд Шели во Неапол, Италија и е регистрирана таму како ќерка на Шели и жена со име Марина Падурин. Сепак, идентитетот на мајката е неречена мистерија. Некои научници шпекулираат дека нејзината вистинска мајка всушност била Клер Клермонт или Елизе Фоги, негователка која работела за Шелиевата фамилија. Други научници предлагаат дека таа била сираче посвоено од страна на Шели, со надеж да се оттргне вниманието на Мери од смртта на Вилијам и Клара. Шели ја споменувал Елена во неговите писма како неговата "Наполитанска штитеничка." Сепак, Елена била оставена кај згрижувачки родители неколку дена по нејзиното раѓање, а фамилијата Шели се преселиле во друг италијански град, оставајќи ја. Елена починала 17 месеци подоцна, на 10 јуни 1820 г.

Шелиеви се селеле низ неколку Италијански градови низ овој период; во подоцнежната 1818 г. тие живееле во пансион во Виа Валфонд. Овде примиле две посетители: госпоѓицата Софија Сејси и нејзината мошне постара сопатничка, госпоѓицата Корбет Пери Џонс (опишана од Мери како "игнорантната мала Велшанка"). Во нејзината младост, Софија претстојувала кај своите тетин и тетка. Парот се преселил во истиот пансион и останал два месеци. За време на овој период Мери се породила со уште еден син; Софија е кредитирана за нејзиното посочување, детето да биде крстено по градот во кој се родило, па така синот постанал Перси Флоренс Шели, подоцна познат како Сер Перси. Шели исто така ја напишал својата "Ода кон Софија Стејси" во тој период. Шели го завршил Одврзаниот Прометеј во Рим, и ја поминал средината од 1819 г, пишувајќи ја трагедијата Сенси во Ливорно. Во таа година, предизвикано заедно со други причини од Масакрот кај Петерлу, тој ги напишал своите најдбро познати политички поеми: Маската на Анархијата и Мажите од Англија. Овие биле можеби неговите најдобро запаметени дела за време на 19-тиот век. Околу овој период, тој го напишал и есејот Филозовскиот поглед на Реформи, кој преставувал најдетално изложување на неговите политички гледишта во тоа време.

Во 1820 г., по веста за болеста на Џон Китс од некој негов пријател, Шели му напишал писмо канејќи го да му се придружи во неговиот дом во Пиза. Китс одговорил со надеж дека ќе се видат, но наместо тоа, биле направени подготовки за негово патување до Рим заедно со артистот Џозеф Северн. Инспириран од смртта на Китс, Шели во 1821 г. ја напишал елегијата Адонајас. Во 1821 г. Шели го сретнал Едвард Елеркер Вилијамс, Британски поморски офицер и неговата жена Џејн. Шели развил мошне силна симпатија кон Џејн и и посветил неколку поеми. Наклонетоста на Шели кон Џејн била чисто платонска, речиси еднаква на посветување. Во поемите кои тој ги посветил на Џејн, како Со Гитара, до Џејн и Еден Збор е пречесто осквернавен, тој ја возвишува до позиција вредна за обожување.

Во 1822 г., Шели организирал за Леи Хант, Британскиот поет и уредник кој бил еден од неговите најголеми поддржувачи во Англија, да дојдат во Италија со неговата фамилија. Тој планирал за тројцата – за себеси, Бајрон и Хант – да создава журнал, кој ке се нарекува Либерал. Со Хант како уредник, нивните контраверзни пишувања би биле разгледувани а журналот би служел како контра удар на конзервативните истовременици како Блеквуд Магазин и Квартерли Ривју. Синот на Леи Хант, уредникот Тортон Леи Хант, кога подоцна бил запрашан кого повеке преферира – Шели или Бајрон како човек, тој одговорил: “Во една прилика требаше да однесам или земам од Бајрон некаква копија документи кои мојот татко, јас и Шели ги бевме средиле заеднички. Го најдов седнат во салонот, нагостувајќи се на кутија смокви. Тој ме запраша дали би сакал смокви. Сега, Лено разликата се состои во тоа што Шели ке ми ја предадеше кутијата и ќе ми дозволеше самиот да се послужам.“

Смрт[уреди]

На 8 јули 1822 г., еден месец пред неговиот триесети роденден, Шели се удавил во изненадна бура додека пловел назад од Ливорно кон Лерици во неговиот "шунер" (тип на брод), Дон Жуан. Шели тврдел дека се сретнал со својот двојник што било предвесник за неговата смрт. Тој се враќал по завршувањето на Либерал со скоро пристигнатиот Леи Хант. Името Дон Жуан, комплимент до Бајрон, било одбрано од Едвард Џон Трилавни, член на кругот кој го сочинувале Шели Бајрон и Писан. Сепак, според сведочењето на Мери Шели, Шели го преименувал во "Ариел." Ова го нервирало Бајрон, што резултирало со пребојување на зборовите во "Дон Жуан" на главното едро. Ова ги навредило Шелиеви, кои мислеле дека бродот бил направен да изгледа како транспортер на јаглен. Пловилото (отворен брод), бил направен специјално во Џенова за Шели. Не се преврте, туку потона; Мери Шели изјавила во нејзината "Белешка за Поемите од 1822 г." (1839) дека дизајниот имал дефект и дека бродот не бил за пловидба. Бродот сепак бил пловен, но потонувањето настанало поради бурата и слабото познавање на морнарството на тројцата луѓе на бродот.

Имало и такви кои верувале дека неговата смрт не била несреќа. Некои рекле дека Шели бил депресивен во тие денови и дека сакал да умре; други велеле дека не знаел да управува со бродот; трети верувале дека пирати го помешале бродот на Шели со тој на Бајрон па затоа го нападнале, а останатите имале дури и неколку фантазиски приказни. Постои поголема маса на докази, иако повеќето се расфрлани и контрадикторни, дека Шели бил убиен заради политички причини. Претходно, кај неговиот имот во Тан-ир-алит во Велс, тој бил изненаден и наводно нападнат од човек за кој се претпоставува дека бил таен агент. Во деновите пред да умре, Шели бил речиси застрелан во две одделни прилики. Британски конзул го бранел напаѓачот во првиот од двата инцидента, сочувајќи го од сите правни последици.

Други двајца Англичани било со Шели на бродот. Еден бил пензиониран Поморски офицер, Едвард Елеркер Вилијалс; другиот бил момче што се грижело за бродот со име Чарлз Вивиен. Бордот бил најден десет милји (16 километри) од брегот, и се вели дека од едната страна бродот бил удрен од многу поголемо пловило. Сепак, сплавот за спасување бил сѐ уште закачен и неискористен. Телата биле пронајдени целосно облечени, вклучително и чизмите.

Во неговата "Сеќавањата за последните денови на Шели и Бајрон", Трелани забележал дека кошулата на телото на Вилијам "била делумно навлечена преку неговата глава, што сугерира дека човекот сакал да ја соблече од себе [...] и [му фалела] една чизма, што индицира дека се обидувал да се собуе." Трелани исто така пренесува наводна исповест од смртна постела на италијански риболовец кој тврдел дека се судрил со Шелиевиот брод со намера да го ограби, план потпомогнат од брзото тонење на бродот. Телото на Шели исполовило на брегот и подоцна, со строки карантински прописи, било кремирано на плажата близу Виареџио. Денот после пристигнувањето на веста за неговата смрт во Англија, весникот Kурир задоволно напишал: "Шели, писателот на атеистичка поезија, бил удавен, сега тој знае дали има Господ или не." Полулегната статуа од телото на Шели, насликувајќи го него исфрлен на брегот, а создадена од склупторот Едвард Онслоу Форд по нарачка на Шелиевата снаа, Лејди Џејн Шели, е во центарот на Шели Меморијал на Универзитетот Колеџ, Оксфорд. Слика од 1889 г. од Лоис Едуард Фурниер, Погребот на Шели (исто така позната како Кремирањето на Шели), содржи неточности. Во пред-Викторијанските времиња било Англиски обичај жените да не присуствуваат на погреби од здраствени причини. Мери Шели не присуствувала но била претставена во сликата, клечејќи на страната од неговата лева рака. Леи Хант останал во преносната кола за време на церемонијата, но сепак бил насликан. Исто така, Трелани, според неговото кажување по пронаоѓањето на Шелиевото тело, пишува дека "лицето и рацете, како и делови од телото кои не биле заштитени од облеката, биле без месо,' и до моментот кога тимот го вратил телото до плажата за кремирање, истото било уште повеќе распаднато. Во неговиот графички опис за кремирањето, тој пишува дека Бајрон неможел да се соочи со сцената, и се повлекол на плажата.

Шелиевото срце било земено од страна на Едвар Трелани од погребната клада; Мери Шели го сочувала се докрајот на нејзиниот живот, и било подоцна погребано со телото на Сер Перси Флоренс Шели, нивниот син. Шелиевата пепел била сместена во Протенстанските Гробишта во Рим, под античка пирамида во градските ѕидини. Неговиот гроб е означен со латински израз, Кор Коридум ("Срце на Срцата"), и, во врска со неговата смрт на море, неколку реда од Шекспировиот Темпест. "Ништо од него нема да сака да избледе / Но ќе страда од промена на море." Местото на гробот е второ во гробиштата. Неколку недели одкога Шели бил погребан, Трелани дошол во Рим, не му се допаднала позицијата на неговиот пријател со останатите гробови, па откупил нешто што му изгледало како подобро место близу стар ѕид. Пепелта била собрана и преместена до нивната сегашна локација. Трелани го откупил и околното земјшиште, па шеесет години подоцна неговите останки биле сместени таму. Шели бил со време признаен на Поетс Корнер во Вестминистер Аби, заедно со неговите стари пријатели, Лорд Бајрон и Џон Китс.

Семејна историја[уреди]

Потекло[уреди]

Шели е седумнаесеттата генерација на потомци на Ричард Фитзалан, 10-тиот Арл од Арундел, преку неговиот син Џон Фитзалан, маршал на Англија (1379). Џон бил оженет со баронесата Елеонор Малтраверс. Ги наследил нивниот најстар син Џон Фитазлан, барон Арундел (1365-1391). Тој пак бил оженет со Елизабет Деспенсер. Елизабет била правнука на Хјуџ помладиот Деспенсер од неговиот втор син Едвар Деспенсер од Бакленд. Нејзини родители биле Сер Едвар Деспенсер 1-виот и Елизабет Бургхерш. Најстариот син на Елизабет од баронет Малтраверс бил Џон Фитзалан 13-тиот Арл од Арундел. Нивното трето дете бил Сер Томас Фитзалан од Бичвуд. Неговата ќерка Еленор Фитзлан била омажена за Сер Томас Браун од замокот Бичвуд. Тие имаче 4 сина и една черка, Катерина Браун која во 1471 се омажила за Хември Саквил од Бакхурст.

Нивниот најстар син Ричард Саквил од Бакхарст во 1492 се омажил за Изабел Дигс. Нивниот најстар син Сер Џон Саквиле бил оженет со Маргарет Болејн. Маргарет му била сестра на на Томас Болејн. Неговиот помлад брат Ричард Саквил имал помалку истакнат брак кој сепак резултирал со раѓањето на Елизабет Саквил. Оваа елизабет подозна се омажила за Хенри Шели. Хенри станува татко на Хенри Шели помладиот. Овој помлад Хенри Шели имал најмалку 3 сина. Најмладиот, Ричард Шели, подоцна се оженил со Џоан Фуст, ќерка на Џон Фуст од Ичинфилд. Нивниот внук Џон Шели бил оженет за Хелен Бише. Нивниот син Тимоти Шели од местото Фен, роден отприлика во 1700 година, се оженил со вдовицата Џоана Плум од Њујорк Сити. Тимоти и Џоана се прадедото и прабабата на Перси Шели.

Семејство[уреди]

Неговиот татко бил син и наследник на Сер Биш Шели, 1 Барон на дворецот Геринг (21 јуни 1731 – 6 јануари 1815) од страна на неговата жена Мери Кетрин Мичел (п. 7 ноември 1760). Неговата мајка била ќерка на Чарлс Пилфолд од Ефингам. Преку неговата баба од таткова страна Перси бил правнук на почесниот Теобалд Мичел од Хоршам. Тој бил најстар од шесте деца. Негови помлади браќа и сестри биле:

- Џон Шели of Авингтон Хаус (15 март 1806 – 11 ноември 1866; венчан на 24 март 1827 г. Елизабет Боуен (п. 28 ноември 1889) - Мери Шели (не треба да се меша со неговата сопруга) - Елизабет Шели (1831) - Елин Шели (10 мај 1885) - Маргарет Шели (9 јули 1887).

Вујкото на Шели, брат на неговата мајка Елизабет Пилфолд, беше капетан Џон Пилфолд, познат поморски командант кој беше под адмиралот Нелсон во текот на битката кај Трафалгар.

Потомци[уреди]

Три деца преживеал Шели: Ianthe и Чарлс неговите син и ќерка од Хариет, и Перси Фиренца неговиот син од Мари. Чарлс, кој страдаше од туберкулоза почина во 1826 г. го погодил удар на гром за време на невреме со дожд. Перси Фиренца, кој на крајот ја наследил титулата на барон во 1844 г., почина без деца. Поради тоа единствените директни потомци на поетот се децата на Ianthe. Ланти Елајза Шели се омажи во 1837 г. со Едвард Џефрис Есдаиле од Кохтелстоун Менор. Бракот резултираше со раѓање на два сина и една ќерка. Ланти почина во 1876 г.

Синот на Шели Перси Шели Фиренца и неговата сопруга Џејн ја посвоиле внуката на Џејн, Беси Фиренца Гибсон. Беси се омажила со Леополд Џејмс Јорк Лоуренце Скарлет, па така Скарлетс (подоцна Скарлет/Абингерс после нивниот син, Шели Леополд Лауренце Скарлет, успева својот втор братучед да биде петтиот Барон Абингер во 1903) станаа наследници на Шели. Неколку членови на семејството Скарлет се родени во крајбрежниот дом на Перси Фиренца “Боском Манор” во Бурнемут. Пописот од 1891 г. покажува дека дамата Шели живее во Боском Манор со неколку правнуци.

Идеализам[уреди]

Неконвенционалниот живот на Шели и безкомромисниот идеализам, комбиниран со неговиот силен неодобрувачки глас, го направи авторитетна и многу деградирана фигура за време на неговиот живот и потоа. Тој стана идол на следните две, три па дури и четири генерации на поети, вклучително и важните викторијански и прерареафаелитни поети Роберт Браунинг, Алфред Лорд Тенисон, Данте Габриел Росети, Алгернон Чарлс Свинберн, како и Бајрон, Хенри Дејвид Торо, Вилијам Батлер Јетс и Една Сент Винсент Милеј, и поети на други јазици како на пример Јан Каспрович, Јинанабананда Дас и Субраманија Брати.

Ненасилство[уреди]

Граѓанската непослушност на Хенри Дејвид Торо и пасивниот отпор на Мохандас Карамчанд Ганди беа инспирирани и под влијание на ненасилството на Шели во знак на протест и политичка акција. Познато е дека Ганди често пати ја цитираше Маската на анархијата на Шели која е наречена “можеби првата модерна изјава на ненаситниот отпор."

Вегетаријанство[уреди]

Шели напишал неколку есеи на темата, од кои најистакнати се Оправдување на природната диета и За диетата со зеленчук. Шели, од срце посветен на живите суштества напишал: „Ако употребата на животинска храна, како последица е како последица, револуционерна за мирот на човековото општество, тогаш колку неодбранлива е неправдата и ѕверството кое се извршува врз овие мизерни жртви. Тие се носат во овој свет од човечки фактор за да би се тетеравеле низ една кратка и мизерена егзистенција од ропство и болести, за нивните тела да се осакатени, нивните социјални чуства повредени. Би било подобро ако едно свесно суштество не би требало да постои, отколку да би постоело само за да издржува невидена мизерија“. „Никогаш повеќе нека крвта птичја или од некоја ѕверка / ја загадува човековата гозба со нејзиниот отровен тек, / До чистите неба кои испаруваат со обвинувања“ и „Само со омекнувањето на одвратното мртво месо со кулинарска подготовка со што се прави подносително за јадење, и дека глетката од неговите крвави сокови и сирови хорор не побудува нетолерирачка омраза и гнасење.“ Шели бил силен поборник за социјална правда за пониските класи. Тој бил сведок на многу малтретирања што се случувале во припитомувањето и колењето на животни, а и самиот тој станал борец за правата на сите живи суштества што тој ги видел како се третираат неправедно.

Со децении по неговата смрт Шели главно бил ценет од страна на водечките викторијански поети, терпе-Рафелитис, социјалистичките и работничките движења. Една причина за ова била екстремната непријатност со политичкиот радикализам на Шели што довела до тоа популарниот антагонист да ја ограничи репутацијата на Шели на релативно незначителни парчиња во магазини како што се 'Озимандис' или 'Лајнс ту ан индиан Ер'.

Тој бил ценет од страна на Махатма Ганди, Алфред Нобел, Ц.С. Луис, Карл Маркс, Хенри Стивен Сол, Џорџ Бернард Шо, Бертранд Расел, Исидора Данкан, Јиду Кришнамурти (Шели е свето како што е Библијата), Уптон Синклер и Вилијам Батлер Јејтс. Рафаел Вон Вилијамс, Сергеј Рахманинов, Роџер Куилтер, Џон Вандерслик и Самоил Барбер компонираа музика базирана на неговите поеми. Критичарите како што е Метју Арнолд настојуваат да го пишуваат наследството на Шели да го направат да изгледа како автор на текст и дилетант кој немал сериозна интелектуална позиција и чии поеми повеќе не биле од вредност во студијата. Метју Арнолд славно го опиша Шели како убав но неспособен ангел. Оваа позиција не се сложува со пресудата на претходната генерација кои го знаеле Шели како скептик и радикал.

Сето ова беше сосема спротивно од мислењето за Шели кое го имаше претходната генерација,дека тој е скептик и коренит. Многу од делата на Шели останале необјавени и малку познати и по неговата смрт, како делови од “Филозофско гледање на преуредувањето” кое постоело само во ракопис до 1920тите. Истото придонело до викторијанската идеја дека тој е ситен лиричар. Со појавувањето на формалните студии по литература во раниот дваесетти век и повторното бавно откривање и повторната проценка на неговото дело од страна на стручњнаци како К.Н.Камерон, Доналд Х.Реиман и Харолд Блум, модерната идеја на Шели не била многу поразлична.

Пол Фут, во неговото дело „Црвениот Шели“, ги има документирано главните дела на Шели, особено „Кралицата Маб“, кое има одиграно голема улога во Британскиот радикализам. Иако делата на Шели биле забранети за отмените викторијански домови, неговите политички дела биле плагирани од луѓе како Ричард Карлил кој бил често затворан поради издавање противдржавни и богохулечки материјали, а овие евтини плагијати стигнале до стотици активисти и работници низ 19от век.

Во други земји, како Индија, делата на Шели и оригиналите и преводите имале големо влијание врз поети како Рабиндранат Тагор и Јибанананда Дас. Плагијат на “Ослободениот Прометеј”со дата во 1835 г. Се вели дека влегол во обичаите во Бомбај. Комедијата на ситуација на Темската телевизија од Шели во 1970-тите и 1980-тите привлече внимание кон поетот. Во 2005 година University of Delaware Press објави продолжена биографија од два дела од Џејмс Биери. Во 2008 година Џонс Хопкинс Јуниврсити Прес го објави едниот дел од Беиревата биографија од 856 страни, Перси Шели: “Биографија’.

Повторното наоѓање на Шелиевиот одамна заборавен “Политички есеј за постоечката состојба на нештата” во средината на 2006 година, поминало без понатамошно објавување и не било ниту објавено на интернет или каде било. Денес ( Ноември 2009 ) не се знае точно каде е. Анализа на песната, направена од единствената личност што се знае дека го има разгледано цело дело, се појави во литературниот додаток од Тајмс Х.Р. Воудхаузен, “Одличната лакрдија на Шели”, 12 јули 2006 г.

Во 2007, Џон Лауритсен ја објави својата книга “Човекот кој ја напиша Фракенштајн” во која зборува за придонесувањата на Шели за романот и дека тие се многу поопширни од претходните претпоставки. Познато е и не дискутабилно дека Шели го напишал предговорот, иако без бенефиции, и дека тој придонел барем 4000 зборови за романот. Лауритсен барал да ја покаже улогата на Шели и неговиот придонес во пишувањето на романот.

Наследство[уреди]

Во белетристиката[уреди]

Новелата на Џулиан Ратбоун од 2002 година - Многу Англиски Агент, во која се работи за владин шпион од 19-от век со име Чарлс Бојлан, содржи долга секција за Шелиевото време во Италија во кое Бојлан го саботирал Шелиевиот брод под наредба на Британската влада и со тоа предизвикувајќи ја неговата смрт. Ратбоун сепак изјавил дека тој е писател а не историчар и дека неговата работа е пред сè белетристика. Шели исто така се појавува во The stress of her regard новела од Тим Пауерс во 1989-та која предлага тајна историја која ги поврзува англиските романтичари си митологијата на вампирите и ламија.

Тој исто така се појавува во новелата на Џуд Морган Страстт од 2005, заедно со Бајрон, Китс, Колдриџ, Леи Хант, и богатство од други Англиски Романтичарски фигури, макар што фокусот на писателот е на животот на жените позади познатите поети: Лејди Керолин Лемб, Агустина Леи, Мери Шели и Фани Брауни. Мери и Перси Шели се појавуваат во новелата на Вероника Бенет од 2006-та година, Ангел-Чудовиште. Оваа книга е белетризирана верзија на прељубата на Мери и Перси и серија на депресивни настани. Шели се појавува во Франкенштајн Анбаунд на Брајан Алдис. Романса за патување низ времето со Мери Шели. Беше снимен и филм базиран на книгата режиран од Роџер Корманант во кој играат Џон Хрт и Бриџит Фонда во 1990-та. Шели се појавува во алтернативната историска новела Диференс Енџин од Вилијам Гибсон и Брус Стерлинг. Само како референца во поминување на друг лик во приказната на новелата тој не се удавува во Италија туку живее и станува жесток критичар ( а можеби и саботер ) на Лорд Бајроновата про-индустриска радикална “партија“ - влада, за што е уапсен, прогласен за луд и сместен во лудница.

Шели е портретиран во другарство со офицерот на коњицата со име Метју Хрви додека другиот е во Рим со неговата сестра обидувајќи се да ја преболи смртта на својата жена, Во четвртата новела на Алан Малинсон од канонот Херви, Повик за војна (2002). Пријателство помеѓу Шели (социјално повлечен, атеист, одпадник на моралот ) и Херви ( шема на законска подреденост и длабока религиозност) изгледаат како неможна комбинација. Но секој гледа во другиот добар човек, и на крај нивната спогодба иако често неискажана на патот и вистината за човечката состојба ја цементира врската помеѓу нив. Настаните од односот помежу Шели и Бајрон во куќата на езерото Женева во 1816 г. беа белетризирани на филм три пати. Тој игра мали улоги во: Готик, британска продукција од 1986-та режирана од Кен Расел а во која играат Габриел Брн, Џулијан Сенс и Наташа Ричардсон; Борејќи се со ветрот ( Ремандо Ал Виенто ) шпанса продукција од 1988 во која играат Лизи Меклнерни како Мери Шели и Хју Гранд како Лорд Бајрон. И двата филма се бават со креирањето на Франкенштајн од страна на Мери Шели додека карактерот на Перси е сведен на минимум во двата филма.

Шели е главниот карактер во филмот насловен прогонувачко лето, направен во 1988-ма во кој играат Лаура Дем и Ерик Столтс. Претставата на Хаувард Брентон Крвава Поезија, прв пат изведена на Хајмаркет театарот во Лејчестер во 1984, се бави со комплексните врски и ривалства помеѓу Шели, Мери Шели, Клер Клармонт и Бајрон. Кримирањето на Шели кај Вијареџио и вадењето на неговото срце од страна на Трилани се опишани во претставата на Тенеси Вилијамс, Камино Риал од страна на измислен Лорд Бајрон. Перси, Мери и нејзината сестра Клер се дел од главните карактери во новелата Вампирот: Скирената историја за Лорд Бајрон (1995). Приказната го има за центар Лорд Бајрон, поет и пријател на Перси Шели. Нивната средба и растот на нивното пријателство се опишани заедно со хипотетичка сметка за времето кога го поминувале четвротицата во Швајцарија. Холанд изнесува измислени заклучоци за мистериите околу Шелиевата смрт.

Смртта на Шели и неговите тврдења дека се сретнал со неговиот двојник служеле како инспирација за расказот од 1978 година наречена „Брод од хартија“ , напишана од Танитли. Шели е исто така главниот карактер во философската поема на бугарскиот поет Пенчо Славејкв, Срце од срцата. Шелиевата Неврзаниот Прометеј е цитирана од страна на капетан Жан Лук Пикарт во Стар Трек: следната генерација во епизодата „Кожа на злото“. „Голем поет еднаш рече, сите духови се заробени кој им служат на некоја зла цел“ Шели се појавува како себеси во новелата на Питер Акројд Бележникот на Виктор Франкенштајн. Во ова Мери Шелиовиот Виктор Франкенштајн е портретиран како еден од Шелиовите блиски пријатели за време на неговата младост и бракот со Хериет, во забавна замислена врска со гласините за неговиот двојник.

Шели е исто основниот модел за Мармион Херберт, еден од двајцата машки протагонисти во новелата Венеција (1837) на Бенџамин Дисраели; другиот протагонист Лорд Кадурцис е основан на Лорд Бајрон. Шелиевата поема „ Индиската серенада“ е рециклирана во избраните во новела на П.Ц. Каст Куќа на ноќта. Во новелата од 1995-та година, на Чарлс Меккари, „Срцето на Шели“ , Шели е инспирација за тајно општество кое оперира во највисоките нивоа на владата и е одговорно за крадење на претседателските избори. Членовите на општеството се поеистоветуваат себеси со прашањето и одговорт: што украл Трелани од посмртната клада кај Виареџио? - Шелиевото срце.

Во Антологијата на Ривер Спун на Едгар Ли Мастерс, Шели се споменува во поемата Перси Биш Шели во чест на говорникот и дека неговата пепел „биде расфрлена близу пирамидата на Кајус Кестус – некаде близу Рим“.

Наводи[уреди]

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]