Каспар Давид Фридрих

Од Википедија — слободната енциклопедија
Каспар Давид Фридрих
Потрет на Фридрих од Герхард фон Кигелген околу 1810
НационалностГерманец
ОбразованиеКопенхаген, Дрезден
Познат(а) посликарство, цртање, графика
Значајни делаОпатија во дабовата шума
Бродолом на надежта
Варовните карпи на Риген
Талкач над морето од магла
ПравецРомантизам

Каспар Давид Фридрих (германски: Caspar David Friedrich; 5 септември 17747 мај 1840) — германски романтистички пределен сликар од XIX век, вообичаено сметан за најважен германски уметник во неговата генерација.[1] Тој е најпознат по неговиот период на алегориски предели, кои вообичаено вклучувале замислени ликови прикажани во однос на ноќно небо, утринска магла, суво дрво или готски руини. Неговиот првичен интерес како уметник бил набљудување на природа и поголемиот дел од неговите дела била симболични и антикласични и пренесувале субјективен и емоционален одговор на природниот свет. Сликите на Фридрих вообичаено прикажуваат човечко присуство во намалена перспектива помеѓу отворени предели, намалувајќи ги фигурите до таа мера, според историчарот на уметноста Кристофер Џон Мареј, да го наведе „долгиот поглед на гледачот кон нивната метафизичка димензија“.[2]

Фридрих е роден во Грајфсвалд, тогашна Шведска Померанија, на Балтичкото Море, каде ги започнал неговите студии по уметност. Студирал во Копенхаген до 1798, пред да се пресели во Дрезден. Делувал во период кога низ цела Европа, растечкото незадоволство од материјалистичкото општество раѓало ново почитување на духовноста. Оваа промена на идеалите била често изразена преку преоценување на природниот свет, од уметници како Фридрих, Вилијам Тарнер (1775–1851) и Џон Констабл (1776–1837) обидувајќи се да ја насликаат природата како „прекрасна творба, прикажана во однос на вештината на човечката цивилизација“.[3]

Работата на Фридрих му донела слава во раниот период од неговата кариера и современиците како францускиот вајар Давид д’Анже (1788–1856) говореле за него како човек што ја открил „трагедијата на пределот“.[4] Сепак, неговата работа повеќе не била ценета во текот на подоцнежните години и умрел во тешки услови и со зборовите на историчарот на уметноста Филип Милер, „половина луд“.[5] Како Германија се движела кон модернизмот кон крајот на XIX век, нова желба на смисла ги карактеризирала неговите дела и замислените слики на Фридрих можеле да се видат како производи на изминатите години. Почетокот на XX век донел повторен интерес и почит на неговата работа, започнувајќи во 1906 со изложба на триесет и две од неговите слики и скулптури во Берлин. До 1920-тите, неговите слики биле откриени од експресионистите, а во 1930-тите и раните 1940-тите надреалистите и егзистенцијалистите често влечеле идеи од неговите дела. Подемот на нацизмот на почетокот од 1930-тите повторно ја оживеал популарноста на Фридрих, но овој пат следен со остар пад за неговите слики, бидејќи тие биле поврзувани со нацистичкото движење, често погрешно прикажувајќи ги како националистички.[6] Сè до крајот на 1970-тите Фридрих не го повратил својот углед како икона на германското романтистичко движење и сликар од меѓународна важност.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Vaughan 1980, стр. 65
  2. Murray 2004, стр. 338
  3. Vaughan 2004, стр. 7
  4. Во текот на посетата на Дрезден во 1834; цитиран во Vaughan 2004, стр. 295
  5. Miller, Philip B. (Spring 1974), „Anxiety and Abstraction: Kleist and Brentano on Caspar David Friedrich“, Art Journal, 33 (3): 205–210, doi:10.2307/775783, JSTOR 775783
  6. Forster-Hahn, Françoise (March 1976), „Recent Scholarship on Caspar David Friedrich“, The Art Bulletin, 58 (1): 113–116, doi:10.2307/3049469, JSTOR 3049469