Опатија во дабовата шума

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Опатија во дабовата шума“
германски: „Abtei im Eichwald“
Творец Каспар Давид Фридрих
Година 1809–10
Вид Масло на платно
Димензии 110 см × 171 см
Место Стара национална галерија, Берлин

Опатија во дабовата шума (герм. Abtei im Eichwald) е слика од германскиот уметник Каспар Давид Фридрих. Насликана е во периодот помеѓу 1809 и 1810 г. во Дрезден, и за прв пат изложена заедно со сликата „Калуѓер крај морето“ во Берлинската академија во 1810. По барање на Фридрих сликата била закачена под „Калуѓер крај морето“.[1]

По изложбата обете слики ги купил прускиот крал Фридрих Вилхелм III за неговата збирка.[2] Денес сликите висат една до друга во Старата национална галерија во Берлин.

Мотив[уреди]

На сликата е прикажана поворка од калуѓери упатени кон портата на разурнатата готска црква, носејќи ковчег. Патот го осветлуваат само со две свеќи. На преден план од снегот зјае новоископан гроб, и крај него одвај забележливо се наѕираат крстови. Оваа долна третина од сликата е мрачна—само највисокиот дел од рушевините и врвовите на голите дабови се осветлени од зајдисонцето. На небото се јавува и месечината.

Белешки[уреди]

  1. Held: Romantik , 2003. 81
  2. Wolf, 31

Наводи[уреди]

  • Boime, Albert (1993). „Art in an age of Bonapartism, 1800-1815“. Chicago: University of Chicago Press. ISBN 0226063364. 
  • Friedrich, Caspar David: Die Briefe (2005, ed. and comm. by Herrmann Zschoche). Hamburg: ConferencePoint Verlag. ISBN 3-936406-12-X.
  • Börsch-Supan, Helmut & Jähnig, Karl Wilhelm, 1973: Caspar David Friedrich. Gemälde, Druckgraphik und bildmäßige Zeichnungen. Munich: Prestel Verlag. ISBN 3-7913-0053-9
  • Held, Heinz-Georg Held, 2003: Romantik. Cologne: Dumont. ISBN 3832176012
  • Schulze Altcappenberg, H. Th., 2006: An der Wiege der Romantik, Caspar David Friedrichs Jahreszeiten von 1803. Staatliche Museen zu Berlin. ISBN 3-88609-561-4
  • Wolf, Norbert, 2003: Friedrich. Cologne: Taschen. ISBN 3-8228-1958-1