Гаетано Доницети

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гаетано Доницети

Доменико Гаетано Мариа Доницети (29 ноември 17978 април 1848) е италијански оперски композитор од Бергамо, Ломбардија. Негово најпознато дело е операта „Lucia di Lammermoor“ (1835). Заедно со Винченцо Белини и Џоакино Росини, бил водечки оперски композитор во Италија.

Животот на Доменико Гаетано Мариа Доницети[уреди]

Доницети бил роден во 1797 година во Бергамовиот Борго Канале, последен од трите сина, кварт лоциран надвор од градот. Неговата фамилија била многу сиромашна и без музичка традиција, неговиот татко бил одржувач на градската заложувалница. И покрај тоа, Доницети добивал одредена музичка образование од Џовани Симоне Мауер, свештеник во Бергамовата главна црква, кој бил и композитор на успешни опери.

Доницети не бил посебно успешен како хорски пеач, но во 1806 година тој бил еден од првите запишани со целосна стипендија во училиштето Лециони Каритатеволи чии што основач бил Симоне Мауер, во Бергамо. Тој добивал исцрпни, детални вежби во областа и изучувањето на фугата и контрапунктот, од тука почнал да ја гради својата оперска кариера. После неколку мали, споредни композиции под менторство на Паоло Занца, Доницети ја напишал неговата четврта опера, Zoraida di Granata. Оваа негова опера го импресионирала Доменико Барбаиа, познат и значаен театарски директор, кој му понудил договор на Доницети да компонира во Неапол. Компонирајќи во Рим Милан и Неапол, Доницети успеал да достигне одреден успех (неговите 31 опереа напишани во период од 12 години биле со вообичаен успех, но оперските критичари често не биле импересионирани ), но не бил меѓународно познат се до 1830 година кога неговата опера Anna Bolena ја имала својата премиера во Милан. Тој скоро моментално станал познат низ цела Европа. L’elisir d’amore, комедија изведена во 1832 година, која се смета за ремек дело во комичната опера, како и неговата Don Pasquale, компонирана во 1843 година. Кратко после операта L’elisir d’amore, Доницети ја компонирал Lucia di Lammermoor, опера базирана на Sir Walter Scott роман the Bride of Lammermoor. Таа станала негова најпозната опера, и една од високите точки во bel canto (убаво пеење) традицијата.

После успехот на Lucrezia Borgia опера изведена 1833 година, опера со која ја зацврстил неговата репутација, Доницети следејќи ги стапките на Росини и Белини посетувајќи го Парис, но неговата опера Marino Falerio страдала од споредувања со Белоновата опера I puritani, и тој се вратив во Неапол да продолжи со работа на веќе споменатото погоре ремек дело, Lucia di Lammermoor. Како што растела Доницетиевата слава, така се зголемувале и неговите ангажмани, па со оглед на тоа бил унапреден да пишува и твори и во Италија и во Франција. Во 1838 година, тој се преселил во Парис, таму ја напишал операта La fille du regiment, која исто така доживеала голем успех.

Gaetano Donizetti.

Доницети и неговата сопруга, Вирџинија Васели, имале три деца од кои за жал ниту едно не преживеало. Подоцна починала и неговата сопруга од колера. Во 1843 година, доноцети почнал да покажува симптми на сифилис, денес попознато како биполарно пореметување. После неговото сместување во соодветна институција каде сто се испитувала неговата болест, во 1845 година бил испратен на лекување во Парис. Таму имал посети од многу негови пријатели меѓу кои и Џузепе Верди, но Доницети повторно вратен во неговиот роден град, Бергамо каде што и починал во 1848 година, после неколку години поминати во лудило. По неговата смрт Доницети бил погребан во гробиштата Valtesse но при крајот на 19-тиот век неговото тело било перенесено во Бергамовата Базилика (Basilica of Santa Maria Maggiore), блиску до гробот на неговиот учител Симоне Мауер. Доницети бил најмногу познат по неговата оперска работа, компонирањето на опери, но тој пишувал музика и во други форми, вклучувајќи и црковна музика, исто така и оркестрална музика. Тој е помалиот брат на Џузепе Доницети, кој во 1828 година станал главен инструктор на Отоманската музика (Imperial Ottoman Music), на дворот на султанот Махмуд || (1808-1839).

Критички осврт[уреди]


Доницетиевиот музички стил се стремел кон обогатување на традицијата на убаво пеење (bel canto tradition) која Винченцо Белини и Гиоачино Росини ги направи популарни. Овие тројца композитори се општо прифатени како први, основачи на bel canto компонирањето, во почетокот на 19-тиот век. За време не неговиот живот, а исто така и значаен период после неговата смрт, Доницетиевата работа, неговите опери имале значајно место и популарност, но со почетокот на 20-тиот век тие биле речиси целосно засенети од големите ремек дела на Вагнер, Пучини и Верди, можеби благодарение на техничките баранња на bel canto пеењето. Но како и дае, од 1950 година расте интересот за bel canto репертоар, што води кон зголемување на прикажувањата на Доницетиевите опери, некои од нив, како што се: Lucia di Lammermoor, La fille du regiment, Don Pasquale, L’elisir d’amore имале повеќе или помалку константно место во стандардниот репертоар.

Творештво[уреди]


Доменико Гаетано Мариа Доницети, има компонирано околу 75 опери, 16 симфонии, 19 квартети, 193 песни, 45 дуети, 3 ораториуми, 28 кантати, инструментални концерти, сонати, и други дела.

4.1 Опери[уреди]

Во продолжение, ќе наброиме некои од неговите опери, датум на компонирање, датум и локација на изведување односно датум и локација на премиерите, во некои сличаеви и дадена и годината на нејзино целосно завршување.


4.2 Хорски композиции[уреди]

  • Ave Maria
  • Grande Offertorio
  • Il sospiro
  • Messa da Requiem
  • Messa di Gloria e Credo
  • Miserere (Psalm 50)


4.3 Оркестарски композиции[уреди]

  • Allegro for Strings in C major
  • L'ajo nell'imbarazzo: Sinfonia
  • Larghetto, tema e variazioni in E flat major
  • Roberto Devereux: Sinfonia
  • Sinfonia Concertante in D major (1818)
  • Sinfonia for Winds in G minor (1817)
  • Sinfonia in A major
  • Sinfonia in C major
  • Sinfonia in D major
  • Sinfonia in D minor
  • Ugo, conte di Parigi: Sinfonia

4.4 Композиции за пијано[уреди]

  • Adagio and Allegro for Piano in G major
  • Allegro for Piano in C major
  • Allegro for Piano in F minor
  • Fugue for Piano in G minor
  • Grand Waltz for Piano in A major
  • Larghetto for Piano in A minor "Una furtiva lagrima"
  • Larghetto for Piano in C major
  • Pastorale for Piano in E major
  • Presto for Piano in F minor
  • Sinfonia for Piano in A major
  • Sinfonia for Piano no 1 in C major
  • Sinfonia for Piano no 1 in D major
  • Sinfonia for Piano no 2 in C major
  • Sinfonia for Piano no 2 in D major
  • Sonata for Piano in C major
  • Sonata for Piano in F major
  • Sonata for Piano in G major
  • Variations for Piano in E major
  • Variations for Piano in G major
  • Waltz for Piano in A major
  • Waltz for Piano in C major
  • Waltz for Piano in C major "The Invitation"

4.5 Концерти[уреди]

  • Concertino for Clarinet in B flat major
  • Concertino for English Horn in G major (1816)
  • Concertino in C minor for flute and chamber orchestra (1819)
  • Concertino for Flute and Orchestra in C major
  • Concertino for Flute and Orchestra in D major
  • Concertino for Oboe in F major
  • Concertino for Violin and Cello in D minor
  • Concerto for 2 Clarinets "Maria Padilla"
  • Concerto for Violin and Cello in D minor