Франц Шуберт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Франц Шуберт

Франц Петар Шуберт (31 јануари 179719 ноември 1828) е австриски композитор, кој е сметан како последниот мајстор од Виенската класична школа и е еден од најраните поборници на музичкиот романтизам.

И покрај тоа што умрел на возраст од 31 година, има напишано околу шест стотини романтични песни (композиции), како и многу симфонии, сонати, квартети, неколку опери и многу други дела. Со природен талент за мелодии и лирика, Шуберт се вбројува во најнадарените композитори на 19-иот век.

Јавното признание за неговите дел, за време на неговиот живот било ограничено, сепак за време на неговата рана смрт повеќе од 100 негови композиции биле испринтани. Шуберт никогаш не бил во можност да обезбеди соодветно постојано вработување и за време на поголемиот дел од животот бил издржуван од пријателите и вработуван од страна на својот татко. љетииииииим

Франц Шуберт е единствениот голем претставник на Австрија поточно Виенски романтичар во првата половина на XIX век. Се родил 1797г. во виенското предградие Лихте како син на директор на основно училиште. Својот муз. талент го покажува рано кога почнува да учи пијано, виолина и пеење. Во 1808 год. по успешно положениот испит пред А. Салиери, Шуберт влегува во дворскиот детски хор т.е школа каде учениците освен музичка добивале и општо образование. Во таа школа постоел и детски оркестар кој настапувал секоја вечерво кој Ш.. Настапувал како виолинист темелно запознавајќи многу дела од класичната музичка литература. Тука се раѓа она восхитување пред делото на Бетовен, восхит и почитување кои Ш. Ќе ги задржи до крајот на животот. Во 1812 г. тој учи композиција со Салиери, иако најголем дел од своето композ. знаење го стекнува како самоук со истрајно и темелно проучување на дела од муз. минато. По мутирањето на гласот го напушти детскиот хор, а тие години доаѓа до судир со татко му и Шуберт почнува да живее самостојно. Живеејќи од тогаш еден живот полн со неизвесност Шуберт наоѓал утеха во работата и во несебичноста на неколку добри пријатели кои материјално го потпомагале сфајќајќи го неговиот талент. Скоро целиот живот го поминува во Виена, во напорна работа, но и во средби со верниот круг на пријатели во кој Ш. играл централна улога т.н Шубертијади. Подолго време измачуван од кревкото здравје, Шуберт умира во Виена во станот на својот брат 1828г. токму тогаш кога имал намера уште еднаш да го проучи контрапунктот со Симон Зехтер-аналитичар. Композиторот врз чии дела издавачите стекнале богатство не оставил ништо зад себе освен облеката и купишта испишана хартија и партитури.

Неговиот опус припаѓа на скоро сите муз. подрачја. Оставил симфонии, увертири, камерни творби, дела за пијано, опери и др. Меѓутоа една творба е симбол на неговото творештво, тоа е соло песната т.е песна за вокал и пијано која Ш. ја издигнал до врвот без без директни претходници единствено со силата на своите чувства. Квантитативно тој е најголемиот автор на соло песната оставајќи 600 од тој вид. Во квалитативна смисла на зборот неговите соло песни се појавуваат на највисок врв на оваа творба, но е исто толку големи во инстр. музика.

Шуберт напишал 9 симфонии, и во првите 6 се присутни траги од влијанијата на хајдн, Моцарт и Бетовен. Меѓу нив се истакнува IV т.н “трагична” во ц-мол, V во Б-дур која е одраз на ведрата страна на Ш. карактер и на љубовта кон животот и природата. Меѓутоа неговото најзначајно симфониско дело е VIII т.н „недовршена“ во ха-мол. Се нарекува недовршена бидејќи има сано 2-става, а од 3-тиот се нашле само неколку такта. Музикологот Гроуд ова дело го нарекува “Прва вистинска роман. Симфонија во која на генијален начин се изживуваат муз.инвенција, мелодичниот колорит и богатството на хармонијата. Значајна е и 9-тата во Ц-дур исполнета со ведрина и оптимизам иако потекнува од најтешкиот период од неговиот живот. Во камерната муз. Ш.остава 15 гуд. Квартети, во кои се истакнува оној во д-мол “Смртта на девојката “ според истоимената соло песна што ја компоира неколку год. порано. Од останататите дела се истакнуваат во А-дур за виолина, виола, чело и пијано т.н квинтет “Пастрмка” по соло песната како и два клавирски трија Б и Ф-дур. Врвот на делата за пијано се наоѓа во минијатурите означени како “Импромти”и “Музички моменти” и могубројни танци.

Овие дела влијаат врз низа композитори од следните генерации, но и од ген. На авторот како Фредерик Шопен, Феликс Менделсон, Роберт Шуман, а подицна и Едвард Григ.

Значајни се и сонатите за пијано што се напишани под влијание на Бетовен. Ш. остава 20 опери од која најуспешна е –Розамунда-, а во вокалниот род неговите најзначајнициклуси на соло песни се Убавата воденичарка, Зимско патување и Лебедова песна во кои се собрани најуспешните дела од овој вид.Од солопесните кои се поединечни најуспешни се “Гречен со вретеното”, Самовилскиот крал” и “Аве Марија”. Сите овие подрачја на композ. делување Ш. ги збогатува со нови изразени сретства отварајќи нови патишта и останувајќ близок кон народната уметност во чии творби го наоѓал изворот на својот свеж и оригинален музички говор.