Тристан и Изолда

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Тристан и Изолда е роман од францускиот писател Жозеф Бедје, напишан според истоимената средновековна легенда инспирирана од келтската митологија.

Содржина[уреди]

Во романот Тристан и Изолда се зборува за љубовта помеѓу двајцата љубовници кои се сакаат се до смртта. Негова мајка е Бланшифер сестрата на кралот Марк.

Романот започнува со настан кој го опишува раѓањето на Тристан. Риволан стапува во војна со Морган во која војна и загинува, а детето што Бланшифлер го носела се раѓа. Таа детето ќе го нарече Тристан затоа што е роден во тага, а потоа и таа умира.

Рохалд Верниот го зел Тристан и го одгледал. По неколку години Тристан станал најдобриот борец, но тој бил грабнат од трговци кои го одвеле кај кралот Марк. Меѓутоа тој се зближил со кралот и станале најдобри пријатели.

Кај кралот Марк пристигнам Морхолит од Ирска и барал да му се плати данок. Тој барал некој со кој ќе може да се бори.

Тогаш како негов противник се јавил Тристан бидејќи другите немале храброст. Тристан победил во овој меч но бил ранет со отровен меч. Знаел дека нема уште многу време па бил ставен во чун без едра и пуштен во морето.

Со чунот стигнал до Ирска каде го нашла и излекувала Изолда(внуката на Морхолит).Тристан излекуван сфатил дека може да биде откриено кој е и избегал! Откако се вратил кај кралот Марк, по извесно време почнал да ја бара Изолда Русокоса,златокосата убавица и да ја земе за да му биде жена на кралот. За да можат да ја земат за жена требало прво да се победи некој змеј.Тристан,добро вооружен успеал да го победи змејот,му го отсекол јазикот но повреден паднал покрај езерото.

Еден од двојраните кој сакал да се ожени со Изолда го нашол мртвиот змеј и го однел кај кралот правејќи го победник.

Но изолда и нејзината помошнична не му верувале на двојранинот па на местото каде што живеел змејот го нашле Тристан и излекувале. Меѓутоа Изолда го видела мечот од Тристан кој бил скршен и го споредила со делот кој бил забоден во главата на нејзиниот вујко и така сфатила дека Тристан е неговиот убиец и сакала да го убие.

Но тој успеал да ја убеди да не го убива туку да дозволи да излезе на двобој со Агвинегеран(двојраникот кој се претставил како убиец на змејот). Тристан и Изолда прават голема грешка кога ќе се напијат ненамерно од љубовна напивка и тука започнува нивната невозможна љубов. Иако Изолда се омажила со кралот Марк никогаш не престанала да се гледа со Тристан.Тие станале љубовници!

Кога кралот го дознал тоа бидејќи го издале некој подмолници го протерал Тристан од кралството. Меѓутоа Марк помислил дека можеби згрешил па го вратил назад. Се станува јасно кога кралот ќе ги фати на дело.Тогаш дури и ќе сака да ги убие. Тристан и Изолда со божја помош се спасиле и живееле заедно во тешки услови на планината. Иако нивната љубов била силна почнале да чувствуваат грижа на совест и Изолда се вратила кај Марк, а Тристан заминал по море.

Тие повторно се гледале тајно иако Тристан веќе имал и друга жена Изолда Белорака.

Тристан бил ранет со смртен меч и негова последна желба била да ја види Изолда.Братот на жена му ветил дека ќе ја донесе.Ако успее во таа мисија ќе крени бели едра на бродот ако не црни.

Целиот овој разговор го слушнала жена му и сакала да се одмазди. Корневал успее да ја донесе Изолда Русокоса,но жена му го излажала дека платното е црно па тој од тага починал.

Кога Изолда го видела мртов го прегрнала и таа умрела со својот сакан. Кралот Марк кога дознал за нивната смрт ги закопал во најувабите ковчези. Околу гробот на Тристан никнала капина и се спуштила на гробот на Изолда.Таа била сечена но преку ноќ повторно растела.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]