Жозеф Бедје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Жозеф Бедје
Joseph Bédier
Joseph Bedier.jpg
портрет на Бедје
Роден(а) Шарл Марија Жозеф Бедје
28 јануари, 1864 год.
Париз, Франција
Починал(а) 29 август, 1938 год. (91)
Ле Гранд Сер, Франција
Занимање Писател
Период 1890–1930
Значајни дела Тристан и Изолда (1900)
Песни за Крстоносните војни (1909)
Песна за Роланд (1921)

Жозеф Бедје (фран: Joseph Bédier) бил француски писател, просветител и историчар на средновековна Франција.

Биографија[уреди]

Бедје бил роден во Париз, како син на бретонскиот правник Адолф Бедје. Детството го минал во Реинион, а подоцна станал професор по средновековна француска литература на универзитетот од Фрибур, Швајцарија (1889-1891) и на францускиот колеџ од Париз (1893).

Поле на неговиот научен интерес биле народните песни и приказни, кои ги обработил во две книги. Освен нив, Бедје се интересирал и за старите француски легенди како оние за Тристан и Изолда и Песните за Роланд. Бил член на француската академија од 1920 год. се до неговата смрт.

Неговиот роман Тристан и Изолда е превед на многу странски јазици и е задолжителна лектира во повеќето европски земји. Освен со писателска дејност, тој се занимавал и со научна, бидејќи во соработка со Пол Хазард ја издале двотомната Историја на француската литература, која се смета за еден од најзначајните научни трудови на модерната филологија посветен на повеќевековното и обемно француско литературно творештво. Во 1929 год. е избран за почесен член на Американската Академија на науките и уметностите.[1]

Бедје починал во Ле Гранд Сер, 1936 год.

Воени дневници[уреди]

Бедје ги користел мемоарите на германските војници од Првата светска војна (Kriegstagebücher), како извор за неговите статии поврзани со германските злосторства врз белгиските цивили и француските војници. Дел од дневниците кои ги поседувал биле белешки на војниците од нивниот приватен живот, додека поголемиот број биле записи со воени страгегии, наредби и планови за текот на воените дејствија. Од сите нив, Бедје успеал да ги извлече најинтригантните податоци за сексуалните и садистички насилства извршени од германските трупи, претставени во 36 четива.[2]

Библиографија[уреди]

  • Распоредот на сенката (1890)
  • Приказната за Ришо (1891)
  • Студии за популарната литература и книжевната историја на средниот век (1893)
  • За Никола Музе, франко-галскиот поет и писател (1893)
  • Тристан и Изолда (1900)
  • Роман за Тристан и Томас (1902-1905)
  • Критички студии (1903)
  • Две поеми за лудиот Тристан (1907)
  • Епски легенди, истражување за настанувањето на народните песни (1908-1913)
  • Песни за Крстоносните војни (1909)
  • Песни за Колин Музе (1912)
  • Сведоштва за германските злосторства (1915)
  • Како Германија се обидува да ги оправда своите злосторства? (1915)
  • Жозеф Бедје и Пол Хазард: Историја на француската литература (1923/24)
  • Францускиот напор (1919)
  • Песна за Роланд (со поговор) (1920)
  • Песна за Роланд (по Оксфордовиот манускрипт) (1922)
  • Коментар за Песната за Роланд (1927)

Наводи[уреди]

  1. „Книга на членови, 1780-2010: Поглавје Б“. Американска Академија на науките и уметностите. http://www.amacad.org/publications/BookofMembers/ChapterB.pdf. конс. 29 мај, 2011. 
  2. Џон Хорн и Алан Крамер. Германските „жалби“ и Франко-германските преписки, 1914: Увид врз мемоарите на германските војници. Чикаго: Универзитетот од Чикаго; Чикаго Прес, 1994.

Надворешни врски[уреди]

Поврзано[уреди]